Незнам дали има ваква трач тема, тема за опуштање, но и да се загледаме малку себеси, можно е да се пронајдеме со некои грди работи Значи, прашањето е -Што ви е грдо да гледате кај други жени Мене многу ми е ружно кога ќе видам женско стопало облечено во сандала а малото прсте и шета надвор само. Ме нервира пет кила бљутав парфем кога ке се истушираат со него Ме нервира женска која е скоцкана, убаво облечена а смрди на лук Ајде да читнам што ви е на вас грдо кај другите жени
Заборавив да ги споменам оние женски кои имаат мишелинка тело а се опнале на платформи и едвај одат, со искривени колена..па нека стават балетанки, патики јбг...
Надградени нокти по 1цм до 2. Не дека се надградени туку доведува до неспособни прсти. Тоа ми е грдо. Ја слушам репликата: Ама се навикнуваш you know. Ма дај не ме јеби. R(EU)N
Негативност, омаловажување и осуди за физички изглед и од разни други малограѓански причини, кон... трети (I guess) жени. Тоа ми е најгрдо кај други жени. ФМП.
Жени што очајно се обидуваат да им се упикаат на некои мажи Грдо е кога ке видиш спортско облечена жена а ставила фасада на лице и три тона шминка.
Гледање на друг, наместо самиот себе да се погледне. Трачарење, примитивизам и разни осуди по основ физички изглед... Јбг најчесто несигурните во себе го прават тоа.
Ете на оваа тема ќе ги кажуваме сите грди работи што не ни се допаѓаат кај други, па ќе се пронајдеме нели и ние меѓи нив...Ти да не се пронајде негде??
Вака: *не бричени/депилирани со мов на себе *скоцкани ама кога ќе отворат уста или им смрди на лук и кромид или се од прости попрости *жени/девојки кои се пукаат над 10цм ТЕНКА штикла а не знаат да одат на нејзе WHY? *за нокти не коментирам бидејќи или имам типсови или ми се изгрицкани *жени кои не знаат да го носат тоа што го имаат, пример се спортско на нив и елегантна ташна или накит *жени кои не користат пудра туку ЦЕМЕНТ брате да не мрдне *жени кои ја прецртуваат устата ама тоа далува многу лошо и забележително *тешки алапачи кои знаат сè за сите а за нивниот живот не се замараат *жени со несредена искубана коса изгорена, подникнат корен.Расцветани врвови ко палми *фалбаџики *жени со примитивни размислувања и предрасуди *улизувачи/пикачи *дволични и цинични *жени кои глумат жртвени јагниња само бидејќи се жени *жени кои мислат дека се најпаметни и НЕ СМЕЕШ да им кажеш дека не се во право *а да и жени со заби тараби (насмевката секогаш ми е битна кај сите возрасти и секој пол) сега за сега волкуима и уште ама ме мрзи да пишувам
1. Несредени нокти (немора секогаш да се со гел, само нека бидат уредно потсечени или средени ако веќе се става гел, или лакот да не е пола излупен) 2. Нецелосна депилација - грда слика како пешачки премин де има де нема, исто ми е грдо и кога девојка е недепилирана на раце 3. Мрсна коса - ок секогаш не може да се фенираме и правиме фризурче ама може да се избањаме 4. Непеглана облека - цц возрасна девојка да излезе среде бел ден згужвана 5. Употреба на пцовки и аргантно докажување дека таа е над другите - не не ми делува за кул да пцуе на секој втор збор а обид за омаловажување на друг секогаш е знак за сопствено незадоволство. Кога ова некоја ќе го направи делува грдо без разлика на физичкиот изглед. 6. И секако погрешен избор на облека - не за цена или марка или место на купување туку едно да се облечете секси провакативно а друго да делувате евтино. Мислам дека темава не е да се навредуваме туку да си дадеме забелешки на што да внимаваме.
Искрена сум, не дека јас сум совршена и без маани ама си кажав какви ми сметаат.Не сакам никого да навредам. Голем дел ќе се пронајдат во предпоследната *
Преку се можам да прогледам низ прсти, нека си ги на карактер немам намера да ги менувам, НО има една работа што страшно ми смета. Кога ќе видам жена облечена во проѕирна мајца или тесен корсет нешто со што гледа повеќе да си ги истакне цицките, епа брате не можам а да не и дадам епитет курва. Она може да е образована, да има докторат, но премногу ми сметаат такви со напрчени цицки нанадвор , или им се познаваат пупките, не знам што сакаат да покажат пред народот, им се сака секс ли ? Курвишта едни
Многу грдо делува кога ќе видиш женска која облекла сукња допичњак, па ја тегне цело време надоле..демек да се покрие...
А да мрзам и растурикуќи. Не ги мрзам таква да видам ќе ја истресам со се гаќи.Овие ми први на црна листа.Другото пак колку толку ќе премижам.
Како може да забележите дека ова е грдо без жената да отвори уста хмм Т.е како знаете дека некоја е проста или алапача од изгледот?