Тоа е намерен thread derail за да го избришат она што не му/и се допаѓа. Не може да се соочи со туѓо мислење, различно од своето, сака да го исправи светот и да го исчисти од нечистотија. Наместо одговор на таквите, едната опција е игнорирај, другата е пријави off-topic, ама проблемот е што тоа придонесува до сувопарни теми и е крајно досадно. Од време на време добро е да има добар ремет со колатерална штета во радиус од неколку десетици километри. Ентропија.
Пред да се регистрирам читав правила, никаде не пишува дека е ИСКЛУЧИВО за жени, плус голем дел од модераторите ви се мажи, сестро златна
Па не знам мене некако целава страна ми е розева, женска, а и самото име кажува доволно.. Мислам премногу е јасно, ама кој како се осеќа..
реков ништо ама сеа ми текна уствари шо ми е одбивно.. Ко некоја на пример(квази френдица) симптизира некој а тој некој мене ме симпатизира.Па френдицата преку ноќ ќе се накурчи и се праи дека веќе не се познаваме Е такво ку*чење ме нервира.
Ако се праи дека не те познава е топ, јас имав таква што почна све против мене да праи, да ми вади муабети, да се дружи со луѓе што јас не сум се сакала, кога ќе се сретневме во кафич/диско знаеше и да пројде да ме бутне итн..
Е да може и тоа да е, од типот она има јас немам епа ај ќе и ги ,,земам” Ама мене тоа повеќе ми е за предтинејџерска возраст ,,шема”. Ние во основно така правевме, драми, кланови, карања мене веќе тоа ми е изживеано нека праи кој што сака.
Офф топик, Темата миже да биде или да направиме друга тема: мажи, што не ви се допаѓа кај жените? И би била како огледалце огледалце што треба да правам да сум совршена
Знаете што не ми се допаѓа? Што имаме изградено општество што од нас бара да се споредуваме меѓу себе, да се натпреваруваме и да си љубомориме. Ова е толку распространето во сите сфери од животот, земете пример од поп културата. Зошто постои тим Ники и тим Карди, а нема тим Дрејк и тим Ламар. Постојано се форсира некој натпревар, да излеземе подобри, попаметни, поубави од the girl next door. Ете тоа не ми се допаѓа кај други жени, што сметаат постојано треба да се натпреваруваат. Не ми се допаѓа што се испишале 10 страници за работи што не ни се допаѓаат кај други жени, а не ни постои тема за работи кои ни се допаѓаат една кај друга. Треба да се стави крај на ова. #supportyoursisters
@Lella - Секоја жена/девојка константно се бори за одобрение, како тоа да е најрелевантното нешто во нивниот живот и главниот извор на нивната среќа (што абсолутно не е точно). Така, тие се мотивирани да го добијат истото тоа одобрение по секоја цена, дури и по цената на меѓусебна борба. Егото на едно женско е постојано гладно и е во потрага по храна, но што се случува кога настапува "канибализмот" и (сопствената и туѓата) женска самопочит станува главното јадење? Не ми се допаѓа како општеството им го испрал мозокот на повеќето жени да веруваат во токсичното правило: Успех = Убавина - Како успехот да не се важи дека е успех без убавина. Но девојките/жените не застануваат само кај убавината, туку почнуваат да мразат некого поради интелигенцијата, финансиска состојба, гардероба, карактер... Повеќето припаднички на женскиот пол се чувствуваат загрозено од некоја која е поубава, послаба и генерално подобра од нив. Ова можеби звучи доста плитко и нарцисоидно, но станува збор за сурова реалност во денешното општество. Оние кои се прекриени со несигурност и ниска самодоверба очајно се обидуваат тоа да го скријат преку потајно мразење на некоја девојка, или директно и отворено е сурова кон неа, или се обидува да манифестира положба каде таа е над неа. Се верува дека општеството е она кое ги држи луѓето заедно, но од друга страна создава такви стандарди, норми и верувања кои едноставно ги разделуваат луѓето меѓу себе. А треба да си навистина патетичен и очаен да го практикуваш во реалниот живот - како слепец да не можеш да ја видиш различноста околу себе,а уште поважно да ги прифатиш сопствените недостатоци. Тажната вистина во сето ова е што ова не е ни наследно, ниту пак има цврсти и докажани докази за биолошка основа (настрана од тврдењата на Ломброзо за Дарвиновиот поглед кон женските односи). Целосната вина паѓа на општеството кое воопшто дозволило таков феномен да постои, тоа е тој абсурден феномен кој ја тера секоја девојка/жена за некоја друга во себе да помисли:
Не ми се допаѓа кога се прават дека имаат преголема самодовербам, а омаловажуваат други жени. Ако си самоуверена и сигурна во себе, треба да ги охрабруваш и поддржуваш другите, па и ако се подобри од тебе да ги пофалиш,а не да им го одземеш успехот затоа што си "подобра". Не сакам кога жена е вештачка, напумпана и фејк. Ама тоа е физичка преференца, а не влијае врз тоа што мислам за личноста. Не сакам кога немаат гордост и се газат редовно за маж, пријател/ка или родител. Ама тоа им штети ним, мое е да да дадам совет ако се работи за моја блиска другарка, сестра, мајка..
Оние што се облекуваат за да бидат секси и скокотливо облечени , а изгледаат како да завршиле со ноќната смена во стриптиз бар . Под секси убаво ми е прибрано деколте , пристојна должина , но истакнати облини на пример . Никако не ми е секси г'з на мегдан , гради на послужавник .
Не ми се допаѓа кога ќе видам жена со многу ботокс на усните, силикони на градите, трајни тетоважи и јапонски веѓи невкусно изработени (делува страшно).
Девојки со искривени кичми за да го покажат задникот и девојки кои мислат дека одат заводливо, а уствари одат ко да скршиле колк.
Многу го сакам женскиот род, ама и многу ми се згадува од него. Не сум тип на човек што го суди блудничкиот, распуштениот живот, тоа на некој начин е и професија за некој, ама како лајфстајл не поштуем, никако. Жени што се убацуваат на други мажи и жени што со сила се трудат да покажат нешто, а притоа не се свесни дека ако некој е згоден, може да биде и целиот замотан во облека.