Оговарање, лицемерие и жена облечена во тренерки а не оди во теретана на вежбање општо мразам луѓе облечени во тренерки а одат на кафе или шетање....
Мразам кога се омаловажуваат себеси и другите жени.Кога мислат дека другите жени се ѓаволи и дека сигурно ќе им го расипат бракот.
Ygritte, Мразиш луѓе облечени во тренерки а не одат во теретана? Ние имаме сериозен проблем како народ. Искрено, ќе ти речам само, олади малку. Ова ти е тотално навредливо, да не речам една од попримитивните работи што треба да ги надминеме е потребата да зборуваме за нечиј изглед кога за тоа нема потреба. Не збориме за дрес код, одам на деловен состанок кај што знам што е дрес код таму, сите ќе се во деловно издание, или кога не треба да бидеме разголени како за на плажа кога одиме на родителска средба за децата у школо. Збориме за тренерки за шетање, дај остајте ги луѓето да си живеат слободно, зарем малку проблеми имаме во животот, немој да измислувате проблеми кај што ги нема, и да правите нешта кои ги прават луѓето да се осеќаат лошо за себе онаму кај што нема потреба.
И јас истото сакав да го кажам.Па како да одиме до продавница облечени ако не во тренерки? Па и најголемите светски ѕвезди одат на шопинг или на кафе во тренерки,што јас да облечам фармерки,корсет и штикли по сред бел ден? Бог да чува.
@Mantub & @MamacitaBuena извинете, ете лошо сум се изразила, не мразам, туку едноставно не ми се допаѓаат тренерки како дел од гардеробата.... Жена во тренерки ми изгледа многу не средено, како да се изразам, како нашла така се облекла, иако можеби се квалитетни и скапи....
Mrazam koga nekoja devojka se istegla ubavo znaete zalepena so daska a od nadvor mislite kozata kje i ispuka Ma daj be covece ako si debel ili imas masni naslagi ne znaci aj kje kje go sokriam salceto da ne mi se gleda taka sum po seksi ne treba da se sramis od svoeto telo bidekje ti odlucuvas kakvo kje ti bide I edno shto navistina me nervira e te kanat na kafe posle slusas za sebe Ovaa me pokani na kafe ka se doterala mislis na Red Carpet kje da ode i ozboruvanje i ozboruvanje
Прости и не културни малограѓанки кои не знаат да склопат 1 проста реченица за да се издразат,а притоа уста не можат да затворат од оговарање и плукање по други жени како алапачи. Лоша основна хигиена на забите ,ноктите косата итн. Кога жвакат мастика со устата отворена до плафон. Кога ќе ги видам на кафе среде бел ден на +40 степени облечени со фустаните и штиклите од матура или полуматура , ужас. Љубоморни,завидливи и злобни жени за нив сите жени што заминале надвор од државата или во Македонија а не се келнерки и шанкерки(без навреда само пример давам,го почитувам секој човек и секаква работа),успеале само затоа што спиеле со некој таму,неможат да се помират со фактот дека има образовани и способни жени на кои ни на малото прсте неможат да му се фатат. Жени кои што немаат никакви манири,зборуваат гласно,немаат никаква основна култура или почит спрема другите луѓе.
Сите жени се убави на свој начин. (ова ми го има кажано баба ми, и во право е) Единствено, безобразноста, непочитувањето, не заинтересираноста за сопствениот живот а мешање во туѓ, не одрживање основна лична хигиена, оговарање на други жени само затоа што се подобри во нешто, да не знаат културно да се изразат ме вадат од такт искрено.
ti si devojka koja znae sho saka vo zivotot mimi Navistina mi se dopagja tvojot nacin na izras kako mislite da si mi gi citala
прост вокабулар, просто однесување, заостанати сфаќања и немање култура и манири. ова ме нервира најмногу и кај жени и кај мажи. Физички може да не ми се допаѓаат некои работи кај други жени, ама таквите мислења не сакам да споделувам. Зошто за тоа како физички изгледаме, не е секогаш во наша моќ, а однесувањето е, секој бира како се однесува.
Па добро, нормално дека нема во дискотека да излезам со тренерки. Збориме за обична прошетка, пазарење, одење во природа или ете кај некој дома што си близок дека е во ред да облечеш тренерки.
Тоа што се прават врвни(да не речам очајни) домаќинки,и коментари од типот јас многу чистам што дури немам време за ништо друго.
Несредени жени. Инаку ете ќе земам пример од моја познајничка. Жената е во Италија веќе едно 12 -13 години, имаат добра работа со маж и и добри плати, ама женава никогаш не е средена, ниту со гардероба, ниту со косата не знам. Секогаш и е мрсна, секогаш несредени веѓи а лицето нечисто и мириса на пот. Да речеш дека нема пари, не е тоа, можеби немање желба за дотерување, нејзиното дете од 8 години исто така, секогаш извалкано од чоколадо или сладолед, а таа не се труди да го исчисти.
Жени што немаат општи познавања за некоја тема.Пример ќе се отвори некоја тема што не е озборување и тие те гледаат ко од Марс да си паднат.Исто така ме нервираат и жени што осудуваат нечиј изглед или однесување без да го познаваат.Жени што немаат свое мислење...Конзервативни жени...
Не реков дека мора да биде дотерана, нашминкана со фризура, туку само дека ми остава впечаток како несредена кога ќе видам облечена во тренерки.... Ете и мм си купи скапи квалитетни тренерки, сепак не ми го смени мислењето.... секој има свое мислење и гледање на нештата од свој агол
Па нема да ограничам на пол, ќе кажам што ми смета помеѓу луѓето општо... недостиг на толеранција. Спонтаност, со чест на исклучоци на кои не им е битно дали ќе изгледаат интелигентно или кул, туку се баш природни...искрени, зборуваат од срцето. Ми недостига и тоа што се нема почит во обид на разговор со друго лице, и така дискусијата води во друг погрешен правец, наместо да се разбере што зборува другиот, поентата е да се врати...многу е ретко во денешно време да најдеш инспирација за тоа каков човек би сакал да бидеш... за среќа познавам неколку. Ова што го кажав може да важи за сите релации. Но се надевам на подобро...