Ич не сакам кога зборувам на телефон со пријателки/роднини и плус си зборуваат со децата/сопругот, им викаат, им објаснуваат а ми викаат те слушам те слушам и пак. Едноставно кажувам извини, спуштам или почекај. Многу луѓе ја имаат таа навика..
Не ми се допаѓаат провокативни слики по социјалните мрежи и глумење елита. Не ми се допаѓаат сезнајковци и лица на кои секој втор збор им е “ЈАС”
Па еве, за почеток, на форумов вежбај да не сфаќаш лично кој што пишал кај што не си цитирана за да не осетиш потреба да цитираш, меѓу другото ќе овозможиш поголема слобода на говор.
Јас сакав да пишам дека не сакам стереотипични жени (имам навика да кажам како кокошки во кокошарник), ама ова поубаво го доловува таквиот карактер. Како вечно во ПМС да се.
Збор стереотипични не постои. СтереоТИПНИ. И зошто мене ме цитираш, не ти поставив прашање. А ОК, ќе си играш дека ме познаваш и дека нешто си ми спуштила и божем тоа треба да допре до мене, типично стереотипично и форумски.
Жени кои што се филмат, као демек знаеш ли ти која сум јас, - а уствари тоа го прават оти грејните се жедни за внимание и љубов.. Исто и фалбаџиките..
Не се навредив јас, уживај. Двосмислена ти беше репликата. Како да разберам што точно подразбираш под зборот кој инаку не постои? Е овде си претерала.
Не постои такво нешто како стереотипни жени. Постои штетен стереотип за женственоста (она со хистеријата, дерењето и слични плиткости) надвор од реалноста и диктиран од патријархално општество, поради кој во минати времиња реални проблеми на жените биле игнорирани и тие биле втурнувани во ментални нарушувања. Жално е што длабоко токсични и бескрајно арогантни "nOt liKe oThEr giRlS" женски личности кои и себеси се мразат после 12, на женски форум во 21ви век го оддржуваат во живот овој стереотип.
Голотија на несоодветни места. Значи длабоко деколте или мини сукња. Несредена коса, а најмногу мразам излупен лак на нокти.
Жени кои сакаат да посочуваат и најмали ситници кои им пречат кај други жени, да ги стават на тапет во друштво и после да се убијат од оговарање. Не дека никогаш не сум го направила ова...ама општо е одвратна појава.
Жени кои не се почитуваат самите себе (доволно), непромислени, емоционални лигли, clingy лепичи што не знаат да се откачат, разгалени, ограничени и без некое поголемо искуство, желни некој постојано да им биде чирлидер, лабилни, неодговорни,безпринципиозни, неамбициозни вејки на ветрот. Во глобала. Истото се однесува за сите личности околу мене, без разлика на полот.
Дечки, не се збори за особини. Мене како pet peeves ми се: Несредени нокти, сандалка на чорапи, прецррување на уста со моловче и локни како сарми нечешлани.