Не ми се допаѓа кога жена со жена се се поддржуваат кога се караат ваква си таква си. Кога ќе видам некоја несмасна да се замие со вода и сапун од 6 денари. И ред друго.
За физички изглед не коментирам, жената секогаш треба да е средена.. но, мразам кога жената се понаша како машко, кога се џапа, кога се таа знае, нема женски став. Треба да се знае дека си дама и точка, мое мислење
За карактерни особини не би коментирала, ама за физички изглед кај мене може се да помине освен неистурпирани и несредени стапала го имам приметено кај многу жени, а на сандали дотерани. Ми се повраќа, толку ми е гадно да го гледам, дури и кај мажи ми смета. Плус кога ќе видам некој со непеглани алишта. No, nooo..
Не знам како да објаснам, имам еден пример у соседството тука и ми се гади кога ќе ги видам тие покрети, викање ко на пазар, не знам како точно да го доловам тоа однесување
Не можам да поднесам нехигиена кај жена. Дотерана, кармин ставила, се намирисала, наочари, шешир, алки, ланчиња...последен пат се избањала минатиот месец и се тоа помешано со парфемот. Заби жолти, црвен кармин, а од здивот во кома можеш да паднеш. Косата мрсна...маслодајна репка. Петите испукани, во пукнатините црно и се насобрало, лакот на ноктите или е пола изваден или го нема ама битно сандалите отворени од сите страни. Маичка на прерамки, прерамките од прслукот потемнети, неперени. Али....самодоверба на НИВО! Надворешен изглед не коментирам, секој носи што и колку има, ама гледај тоа да е чисто, испрано. Истуширај се, исчешлај се, испеглај се...ништо друго не ти треба.
Физички не би коментирала, сепак не можам а да не забележам дека овие филерите на уста ми се премногу грди. Досега кај една или две имам забележано да изгледа поубаво со филери отколку без и да се направени естетски а не колку да ги има. Исто и за надградба на трепки, ретко на која и стои убаво. Повеќе забелешки имам за однесувањето. Мене многу ми е долно кога ќе видам жени, штом виде маж очите и светнуваат, без разлика дали е мажена или сингл. Па уште истата ако почне да кажува невкусни вицови или секс случки , или да си го раскажува сексуалниот живот во присуство на мажи е тоа ме вади од памет, одма напуштам просторија. Па оние познати финти дека грб ја боли и треба масажа, па посебно ако има шеф од спротивниот пол, на секоја ситница му се јавува бррррр... сега ми се ежи косата! Ко што пишала некоја погоре, емотивни лигли- тоа е правилен израз за жени што мислат дека се центар на свет ама не знаат како да го докажат тоа. Е тоа ич не ми се допаѓа! За облека не ми се допаѓаат споеви од спортско и елегантно, како тренерки со златно ланче, шминка и вештачки трепки и нокти. Погрдо амин !
Премногу шминка. Сакам негувани жени, но со умерена шминка и едноставен и елегантен стил. Нападно однесување, претерана дрскост, арогантност. Тоа општо не ми се допаѓа ни кај мажи ни кај жени.
Физички изглед не би да коментирам за никој пред друг, може во себе ќе се запрашам зошто така ама ќе си молчам пред друг, не знам кој во каква ситуација е па не би да навлегувам. Она што ми смета е злобата, или оговарање, нема некој што не оговара ама ете јас освен со другарка ми најдобрата, мајка ми и маж ми никогаш рандом луѓе не одговарам. Имав една колешка на работа од неа нозе ми се враќаа кога одев на работа. Не знам ама јас ги приметувам злобните и лицемерни луге, ми се лоши од нив. На работа постојано ги врегаше другите, и во фаца им кажуваше што така си се облекол, или кога на едно дете, за мене е дете на некои 20 год му рече не збори бе така не ми пелтечи а момчето од срам уште повеќе пелтечеше дека во канцеларија бевме само девојки абе ми идеше да се закопам јас во моментот кога ја слушнав што му збори. Ми стана едно лошо, грозно на душата, си мислам зарем навистина има толку нечувствителни??
Ме нервира кога женското нема манири. Што мислам тука? Кога претерано пцуе, не знае да се однесува во јавност, не се облекува складно на телото и на околината каде е Лигавење исто така Уффф Иритира кога возрасна жена се лигави и употребува baby talk само за да добие внимание Фалбаџики исто. Се во граници на нормала. Одамна на работа имав колешка на која ако и ја пофалиш блузата од чиста култура, одма се избацува со тоа колку чини, од каде и е и слично Па едно фала на таков коментар е сосем доволно
Кога имаат предрасуди кон тебе а не те познаваат, дволичност....а за физички изглед секој си е убав на некој свој начин.
Ако нема понашање како човек ако ги потценува сите и ако е лигава и да е шмизла некоја. Ке ме натера да ја искубам
Физички? Стварно ми е гадно кога жена не обрнува внимание на својата орална хигиена. Купува ајфон 12ка, а кариесот и искршените заби немо посматраат. Несредени нокти у смисла еден подолг, друг пократок, па црно внатре.. не знам, не е за пари колку шо е внимание, нега и време за сам себе. Лошо исцртани веѓи ми се исто непријатни за гледање, увек се фаќам у ситуација као не знам да изреагирам на таков призор. За другово, мамини (или татини) лигли ми се први на список. Коа бев помала се тепав со категоријава, сеа едноставно игнорирам. Али уше ме нервираат.
Премногу вештачки, со филтри, цртани веѓи, вештачки трепки. Кои многу се лигаават, мамини, татини типки кои мислат дека светот околу нив се врти. Лицемерни, од корист. Без почит, однос и карактер. Оговарачи.