Уф, среќа на форумот се жени кои имаат иста должина на нокти, со секогаш исфарбана коса, меди педи секогаш скоцкано. Алал ви вера. Не ми се допаѓа кај човек, независно маж или жена кога не е избањат, друго ми е небитно. Дали е испеглан или не, дали врвовите и се исфарбани или не итн не ми е воопшто важно.
Кога оговараат други жени на кои им љубоморат. Кога не се openminded. Кога уште сметаат дека жената треба да се потчинува пред маж, дечко, татко..
Жени кои мислат дека светот околу нив се врти, личните проблеми преку нет ги решаваат.... Се они знаат, се нешто они се обесправени, ко на некој да му е гајле дека оваа рекла нешо за неа или за некоја друга итн итн.
наивноста и кога сакаш очи да им отвориш крива си пак ,и кога за едно машко душа даваат и тоа им е се во животот
Дволичност!!! Ауу, не можам да ги поднесам. И мразам што со некои сум опкружена секојдневно, и нема како да не бидам.. и за да не се карам секој ден, морам да глумам лудило и да се преправам дека ме сфаќам какви се. И тоа и мене дволична ме прави автоматски..
Па тоа и пали кај машкиот пол и не знае да направи switch кога треба.Можеби па им успева кај некои зашто познати сме жените и не бие глас кај мажите дека си правиме лице па некои и веруваат дека е стварно срцка иако те гледа прв пат.
Такви што го пикаат носот кајшто не им е местото т.е во туѓи животи. Безгрешни - они знаат се како треба и до сега немаат никаква грешка направено. Озборувачки. Оние што те изгледуваат од глава до пети.
Не ми се допаѓаат жени ,што на интернет мислат дека само фејсзбук постои ,а до вчера не знаеја цимет што е