Е арно де..нека отвори и уста само за зборење нека ја користи не за друго Треба некоја добро да се расприкаже за да знаете дека е алапача
мене ме нервираат гласни и нападни девојки што сакаат да се во центар пажња. ме нервираат жени кои одат по улица и пушат цигари. испотени жени.што многу мирисаат. и што не мијат шминка навечер и следниот ден се шетаат размачкани ко кловн. ама најмногу од се мразам некултурни створови што не кажуваат добар ден кога влагаат негде или фала кога ке ги услужиш со информација или услуга. ако немаш основни манири, те множам со нула.
Па види пример, имав прилика да седам маса до маса со жена која беше стварно скоцкана ама кога отвори уста, целото дотерување пропадна во вода.Целиот муабет и беше каде била која ташна колку и коштала, значи јас сакала-неќела морав да ја слушам бидејќи очигледно мислеше дека збори на разглас..Тоа на пример за мене е проста жена.Не дека и љубоморам, нејзини пари нека праи што сака ама никој не е дужен да и ги слуша фалбаџиските муабети.Си водеше монолог сама со себе, другава не дојде до збор. Затоа реков кога ЌЕ ОТВОРАТ уста.Вака по изглед некогаш можам да препознаам некогаш не. Не знам јас до сега кога сум познала некоја таква, цело време така гледаат да наслушнат, уста не затвараат. Не ми го цитираше овој дел
прочитав неколку поста и се огорчив !!! Ако секој си го глеа својот живот нема ништо да му е грдо кај никој. патем.. Јас знам да сум скоцкана а да ми мирисат рацете на лук. ручек имам правено. лукот не ветрее одма. А ете сум излегла по работа нешто. На некој може му е грдо а за мене тоа значи дома нема никој да е гладен. И така.
Искрено само насловот го прочитав и дадов мислење, не ме интересира што ви е грдо кај други жени. ПС Има тема неуредни девојки, оти претежно зборувате за хигиена и неуредност
Колку сака грдо да звучам бидејќи се пронајдов во коментарот погоре, пак ќе повторам, претерано многу ми смета кога во јавност видам жена што си ги истакнала цицките, па макар да не можи да диши во нешто тесно, битно цицките напрчени што е можно повеќе.
Нема врска темата на неуредни девојки со тоа што не е убаво за око, за гледање кај некои женски.... Бидејќи не те интересира темата, незнам зошто ја читаш
Не ми е убаво да гледам пополни/подебели девојки и жени истегани ко им се познава салото ептен. Па не знам како може тоа да им е убаво и привлечно. Облечи се во склад со телото. Не му одговараат на секој залепени маички, фустани.... Или било во мода гол стомак , а таа стомакот што да ти кажам наакан со масни наслаги....Најди си нешто што ќе ти ги прикрие маните, а не уште толку да ти ги истакне. Ако веќе не знаат која облека им прилега на телото нека прашаат. Или на крај краева нека ослабнат па нека се облекуваат така. Иначе друго ништо не ми смета.
Вие никогаш не сте оговарале друга жена, безгрешни? Рили??? ЉубоФ значи на форумов, само љубоФ. На човек не се смее за нешто што му е од Бога дадено, а кога некој со изглед или однесување сам се изглупира, некој и да искоментира, не е толку трагично како што вие сте го направиле! Не би рекла за некоја жена курва, не би ја осудила ако абортирала, ако се развела...ама ако си ставила орелски нокти на раце во сите бои и милион циркони...нема да настане потоп на свет ако некоја дала коментар дека не и се допаѓа.
Имам една другарка, многу искрена, која фино лепо ме опомена дека не сум веќе за носење хеланки оти ми се познавал целулитот...ми рече или да престанам со носење додека не се средам или да одберам материјал подебел од кој нема да се познава неубавиот изглед... Така да , секоја критика овде кажана може да биде навистина позитивна..јас ја прифатив позитивно и сакам секогаш пријателките да ми кажуваат у фаца дали нешто не е во ред или се е добро...
Хеланки ли носиш? Божееее, на тие години, може да замислам како ти стојат Хеланка е за стегнат газ а ретко која баба има таков Он топик -Баби со хеланки
Јас сликовито да се изразам бидејќи не ме сфаќаат кога пишувам. На вакви жени мислев Облечи уште потесна блуска у јавност ако може и попроѕирна
Добро ма, ете нема да носам повеќе Грдо е многу кога ќе видиш штикла без флекници...па како оди, лупа ли лупа........саде клинци кова
Ние порано, како помлади, мислевме дека штикла не е штикла ако не се слуша тропање во радиус од километар. Подоцна кога сфативме дека тоа е знак оти олупани штиклите ни се, срам почна да не фаќа.