Маж може да ме изиритира повеќе со изгледот од жена. Жените ги посматрам кско инспирација, а мажите како спротивниот пол, не дека сите ги загледувам, туку полесно ме депримираат со лош изглед. Патики или чевли на босо, кошула која едвај го држи мевот, флеки, арома на цигари, неуредни раце, нечисти заби и ланци, ланци и прстени по раце, ма има сто работи што ми ги прават одбивни. Насмевки обожавам да гледам, и кај мажи и кај жени.
Абе убава е згодна. Искрено секој си има свое гледиште ко е убавина у прашање. Мене на пример ич не ми се свиѓа толкави гради. Сеа ко ја видов сликата одма ми светна што друго ми е грдо ко стават силикони у газ, цицки, уста и мислат дека ако имат поголеми многу убаво изгледат. Епа ич не ми се свиѓа тоа, мислам и оваа на сликата дека на жената не и се складни градите со остатокот од телото преголеми и се. Значи конструкцијаа на тело е битна. Не ми е јасно како некои ситни слабички ко ќе стават силикони што се преголеми и си се бендисуваат. Е ич не изгледаат убаво - гледано од моја перспектива. Или преголеми усни.... од цело лице само уста гледаш
Грдо ми е кога читам вакви глупости женина жени што викаат наместо да се подржуваат а глумат феминизам.
Што е тоа што треба да подржиме?? Баш напротив, треба на некој очи да му отвориш за да на некој друг не му се затвораат кога ја гледа!
Дали некоја е курва дали е смрдлива, глупаво облечена тоа е нејзино право не е за потсмев. Јас никаде не сум прочитала мажи , какви мажи ви сметаат.
Аман од политичка коректност..не се потсмевам, не мразам, не ме нервира, грдо ми е, напорно повеќе. Физички и ментално.
Зар и ваква тема постои? па секој е различна индивидуа.и темата нема ништо поучно. Сите коментари ви ги исчитав и многу осудувате. Не сте размислиле дека некоја е со несредени нокти можеби затоа што дома непосредно пред излегување чистела,рибала или работела во бавча. Некоја има несредена коса затоа што милион обврски средила дома,и излегла да купи нешто па баш и не помислила на косата. И ред други примери,не ги гледам луѓето на ваков начин. Има и средени и несредени но секој си е сам за себе. Многу е лесно да седеме да коментираме кои се "грди" работи кај една жена а ни малку незнаеме што и се случувало во животот. Секогаш треба прво од себе да почнеме па потоа да се "коментираат" други. Многу невкусно звучи оговарањето. п.с.секогаш имам нокти средени и секаде ги носам.се трудам се да ми е средено дома и на работа и според вас тоа е "грдо". Ма дајте ве молам.темата слободно може да оди во канта
Можеби нема ништо поучно(иако на форумов јас не видов некоја поучна тема)но затоа може да делува ефикасно, како лек за самокритика,да обрнеме малку внимание на себе..нема изговор зошто сме со мрсна коса или со не средени нокти или прстите ни зјаат надвор од сандалите... Извини душо, ако во оваа теме не најде ништо поучно, остани си во темата =-+-%()=40 над или под
куп жени у пмс а љубоморни кучки едни не ми смета ништо . баш ме брига која како се носи,какви нокти има,дал е оговарачка и со колку спиела. Сите рековте озборување ви смета а сите озборувате на велико-реално и сите сте озборувани такоџе
^ке си останам во темата +/-.доколку тебе те релаксира оговарање-мене не. Долно е,ниско е и подло. Баш тоа ми смета кај жените и "грдо" ми е-ваквото оговарање. Изгледа многу искомплексирано. На форумов доаѓам НЕ за вакви работи да читам
Значи глеј на форумов има и ,, поглупи” теми од оваа.А ние женски ко женски ќе најдеме во секоја могуча тема влакно и причина да се спукаме. Друго не е за дали е корисна или не читај го уводот малце.Темава е за разговор и релаксација не за навреди или за препукувања.Под несредена коса ЈАС лично кажав што мислам.Не зборам за МРСНА која бидејќи и јас имам мрсна коса која ја миам на 2 дена.Разграничувајте ги работите малку, и да почнав првин од себе.Сум се погледнала во огледало знам физички каква сум, знам и карактерно каква сум.Ако не ти се сфиѓа темава заобиџи ја.А во ЕДНА тема ако најдеш нешто корисно продужи да ја читаш.Освен карања, надмудрувања и офф не знам на што друго ќе наидеш. Поздравче П.С на женски форум си нема да се праиме светињи со крстот на чело.Женско ко женско ќе потрачари ќе се потскара ќе даде совет ќе размени мислење.Не знам што очекуваш овде да видиш?Љубов, слога истомисленички?Тогаш ќе беше монотоно и досадно. П.П.С кој рече дека средени нокти и среден дом ни е грдо?Не мешај баби и жаби.Ти го гледаш мислењето но не го читаш очигледно, ако ме сфаќаш...
Јас не реков никаде дека оговарање ми смета. Во јавни мак фаци често читам за разбибрига. Турски серии не гледам, жолт печат не читам, ова ми е од ретките гревови. Кој не трачал никад, тој има право да мрчи
Не е критика,значи јас да поминам по улица и да мислам дека некој вака размислува за женскиот род. Вие изгледа со феминка 22 сте идеални па седнавте да дадете "добронамерна" критика за другите.ок.ќе ја наполниме темата со офф топици и на крај ќе ја заклучат.и да,на форумот има и те како позитивни и убави работи да се научат а не ова.
Знам ,знам.... Пошто нокти спомна. Нокти ми се траума. Ја замислувам како ме коли со нив или распорува нешто. Или тесто меси. Или бебешко газе брише. И ми доаѓа тивок очај. а не дека моите нокти се секогаш совршени.
А се прашуваш дали некој воопшто го интересира таа критика без разлика колку ти мислиш дека е добронамерна! ? замисли таа личност колку е посреќна што не приметува такво нешто за разлика од ти што приметуваш. хмм..