А луѓето велат дека треба да си лечам јас мои комплекси.или дека си ја имам мувата на главата,или да ме научиш како да цитирам некого-зошто нели јас незнам @Feminka22
Значи на вас грдо ви е уствари кога една жена не изгледа како Барби кукла. Ако мислите дека никогаш во животот не сте биле несредени, тогаш... good for you.
Па види првин тоа не е навреда ама ете ти си ја сфатила ко таква НЕ ЗНАМ * што да ти кажам ама ајде извини човек сум. Другото нема благе везе со навреда и за тоа не добиваш извини. Бај д веј пишав дека и јас имам патено од комплекси мислам дека ти е јасно дека не сум перфектна.
Значи според некои коментари во темава слободно може да заклучиме дека на некои жени грдо им е кај другите жени што се воопшто жени. Гледаш женско суштество и некако грдо ти е на душата брат, сфаќаш? Километарски листи се пишувале небаре перфектната Ева од рајот пишува.
Грди ми се тирани од луѓе, во кои нажалост спаѓаат многу жени кои сум ги сретнала во животот. Од професорки до кланови, но и поединци, чиешто однесување се граничи со психопатија. Си наоѓаат по некое жртвиче за малтретирање, ако им се спротивстави или им побегне, си имаат пикирано резерва и веднаш одат на следното. Наместо да те инспирираат, знаат само да ти го скршат духот. Тоа е грдо кај жени, а не излупен лак и подраснати влакна.
Од како го исфрли ѓубрето од својата душа на темава, си отиде и со мирна душа легна да спие....Ајде добра ти ноќ.
Си читам и си се смеам. Жени - за се нешто ќе се фатат, само муабет(расправија) да се има. Жени. Абе признајте си сите си загледуваме на нешто. И на некои од вас ви смета ние тука шо си коментираме, и нас ни смета нешто друго. Епа тука негде сме сите де. Жени
Имајќи во предвид дека секогаш од спротивниот пол сум добивала повеќе комплименти кога помалку време сум поминувала пред огледало, ќе речам дека веројатно не е најважен физичкиот изглед. Фала Богу што има луѓе кои со едно погледнување во очи и од една насмевка знаат да ти прочитаат каква душа имаш
Грди ми се тетоважите кај повеќето жени. И некои кинески букви кои наводно само таа знае што значат. Мислиш некој пенис го боли што значи нејзината тетоважа.
Ако некоја не ви се свиѓа или не го достасува вашето ниво и не ги исполнува вашите критериуми игнорирајте а не да осудувате секој има мани како од женскиот род да се очекува да бидат роб на совршенството и мало влакненце ако не е искубано на веѓа илјада маабети ајде бре исклучите тие турски серии и гледајте нешто поучно што ке ве тера да размислувате длабоко не овие плитки маабети.
Така е. Мене затоа не ми сметат обични работи кај нас жените. Немаме сите време секогаш да изгледаме перфектно и ич не ми е гајле ако ме искоментират. Ама знам да искоментирам и јас некогаш за нешто. Зависи од расположението
Добро бе вие жени шовинисти се сакате себеси? Имате амбиции? или едниствено во животот ве научиле да се оговарате трачарате едни на други жени и мажите тоа да го согледуваат и да ве сметаат за потсмев. Малку во оваа тема прочитав што добро размислуваата секоја чест за тие @lovestoneddd
Грдо ми е коа некоја ќе ме копира мене и грдо ми е која ќе видам жена "запустена" и нема никаква грижа и хигиена за себеси и нејзиниот изглед.
Темава е уствари- Немала, баба работа( попаметна)... Никој не ви чини, само сте вие, сами , цвеќиња за мирисање.
Оној момент кога на женски форум има тема за понижување жени. Ниско. Едит: До сите жени што скролаат низ темава и се чувствуваат подолу: Во ред е да ви биде мрсна косата на крајот на денот. Во ред е да пиете од шише иако не е "женствено". Во ред е да излезете со длабоко деколте или тесна маица или широка. Во ред е да бидете гласни и тивки и смешни и озбилни. Во ред е да имате влакна или нецелосна депилација. Во ред е да не ги исполнувате стандардите испишани во оваа тема.
Мене ми е подеднакво „грдичко“ плукање по својот род, како и одбрана на својот род по секоја цена, иако сме свесни дека често сме нелогични и нормално, сите имаме фалинки. Сите имаме грди особини и сме грди некому на изглед, макар биле и Анџелина или Ирина Шеик калибар. И јас поседувам куп особини што кај други не ми се допаѓаат. Животе, свадбо без пирошка. Али настрана дипломатија, сум рекла и ќе речам - болеро (па уште сатенско), на жена, у 2018та... Сатенско. Болеро.