Многу фини жени чекорат по оваа земја, да се изненади човек. Настрана тоа што никогаш не сте оговарале нечиј физички изглед, туку никогаш не сте помислиле дека одредена жена изгледа непривлечно, небитно по кој основ? Некад се мишките, некад петагата, а некад и килажата е причина за гадење. Дека сме сите совршени - не сме, барем ја не сум. И океј е да признаете дека луѓето, барем нивниот физички изглед не секогаш е привлечен за око. Никој нема да ве осуди ако имате негативно мислење за нечиј изглед. Можеби е површно ама не иде постојано да збориме за свемирот.
Јас би ја преформулирала темата, зошто "грдо" звучи многу грдо На темата: лично не би можела да генерализирам затоа што сметам дека ако кај една жена деколтето изгледа неубаво, кај друга е супер. Или ненаправени нокти, мене лично ми се допаѓаат нелакирани и кратки ама има направени кои кај некои жени ми изгледаат супер. Исклучок од генерализацијата ми е карактерот. Претерано лицемерие (дека сите сме во одредена мера), глумење лудило и нападни жени ми се но го. Пример од форумов: на тема швалер она коментира немала време и не знае што е тоа а цел град ја дозна кога маж и ја фати на дело, не дека претходно пола град не знаеше...
Како сакате наречете, но за мене таква жена ќе биде именувана ко курва. Има толку многу парчиња за комбинирање и складно да изгледа со длабоко деколте , ама не, курвата сака да носи проѕирно и тесно, мислиш се спрема за "настап" во некоја јавна куќа. Ете пример Каролинче наша изгледа прикладно со длабокото деколте, баш со стил, ми се допаѓа
Напишав подолг текст и дојдов до еден дел. Почнав со ,,ништо не ми пречи'', но продолжувајќи да пишувам, најдов нешто што не ми се допаѓа. А мислам и на повеќето од вас, читајќи во други теми. Не ми се допаѓа кога некоја жена се унаказила себе со пластични операции, се надувала повеќе од што треба и веќе не изгледа ни природно ни убаво. Ете тоа. Само тоа. Друго сѐ е природно и нормално. Не сакам во луѓе околу мене да зјапам и да им барам маани. Дури и да е ептен приметливо, не е моја работа да мислам за тоа и да ставам епитети на луѓето околу мене, во случајов дека се неуредни и слично. Некои луѓе имаат здравствени проблеми, хормонски пореметувања, што знам јас што, не е убаво да се коментираат, не знаеме нас што ќе не снајде, животот е круг. Полошо е ако некој одвнатре не е како што треба. А ги има многу такви. Тие би требало да се загрижат за себе, а не оние што им останал мирис од ручекот на облеката, излупен лак на ноктите или им пораснале малку влакненца кои патем и треба малку да пораснат за да можат да се отстранат. А што се однесува до нечиј стил на облекување, секој си има свој вкус. И така.
Абе ајде, едно понижување. Кога прочитав изгризани и нелакирани нокти, јас како делкач на нокти така троа болничка си подлегнав, еве чекам инфузија. Во комбинација со ЛејдиГага чевлине Мамли што ги постирал. Смрт. Инаку, ок е нешто да не ви се допаѓа. Стварно, луѓе сме. Само ова 'грдо' во насловот боде очи. Може да биде 'што не ви се допаѓа кај други жени' или 'што ви пречи/ ве нервира'. Другото ок си е, малку мрчаторски, ама ок.
Вака Жени кој лично ги познавам Изгледаат скоцкано и на работа и по надвор а дома им е хаос,посебно купатилата. Жени кој се почисти и од нивните бебиња,на кој не им го измиле лицето после оброк или после менување на пелена. Жени со наддадени нокти. Жени кој во 60 години од животот се натегнати во фармерки. Жени екстремно дебели а носат тесни здолништа и блузи. Жени кои летно време во сандали или на плажа не ги лакираат ноктите на нозете. Жени кои место дневна користат ноќна шминка. Жени со јаки парфеми да паднеш во несвест. Жени кои во својот вокабулар користат безобразни зборови. Жени на кои им виснале ц****те и салото а облекле секси бикини.
Оние кои се површни, кои оговараат, кои се дволични, кои немаат разбирање и емпатија, кои се полни со предрасуди и осуди...
Пред се има жени кои изгледаат средено физички но, штом отворат уста им се гледа културата. Мразам жени што немаат култура, речник на една дама, мразам оговарање.. Мразам жени кои се прават дека тие се најдобри мајки, жени, домаќинки.. ( исфрустрирани) Од друга страна има жени кои се стварно културни но немаат стил за облека. За нив не можам да кажам дека ги хејтам. Некои немаат средства за убава гардероба,маникир, педикир, фризура. Но морам да кажам дека сепак за пристоен изглед секој има 10мин да се среди. А да ... морам да напоменам мразам жени што носат fake облека.. LoL па подобро ќе купам некоја си обична маичка од Zara, Bershka али fake Gucci, Polo, Valentino не носам.. Смешно е! ( притоа на insta тагнуваат дека е original) Се повеќе сретнуваме kardashians Style жени, каде заминаа дамите? Зар ноктите на вештерка, коса купена од на пазар до задник, шминка за на вежбање е IN!??? - НЕ! Евтина слика даваш само за себе, иако никој не ти има кажано во лице. За сега толку ми текнува
Во принцип индивидуални особини на изглед не пратам. Ми пречи непочитување дрес код, дали кај машки или кај женски. Тоа ми е трн во око и единствено нешто за кое можам да му замерам некому физички. Сакам и манири, пристојно однесување и култура, каде и да е. Ми пречат жени што реагираат негативно на женски личности што дојат во јавност. Ми сметаат жени што оправдуваат силување, семејно насилство, што нарекуваат други жени курви. Тоа е од прилика тоа. Порано ужасно ме нервираше кога некоја жена ќе се понашаше како стандард спонзоруша па одма откачуваше некој и надекафе раскажуваше ако ја однел во поевтин ресторан или не ја частел вечера на првиот состанок. Сега не ми пречи. За секое лонче - капаче. Таман, се куртулиле одбиените од крвопии.
Па така стои во воведот на темата. За она што го гледаме. Мада и јас мислам поважно е за внатрешноста да се каже.
Ако стои. Мене лично, ич не ми прави разлика како е некоја облечена, како и дали е нашминкана, како и дали е лакирана .. итн..
Фавориту, ој ти паметно створење, кој каков сака нека биди, каков сака стил нека носи, ама покажување цицки во јавност НЕ.
Herrera , јас имам големи гради, а тесен струк. Колку и да кријам, се забележува. Не ги пикам никому во очи, ама не планирам да ги маскирам. Не се осеќам кирвесто ради тоа
@Dentina , јас коментирам за оние кои намерно ги прчат, не знам кој им е филмот да се проѕираат. Не би требала ти да се пронаоѓаш во мојот коментар штом ти не ги пикаш на никому во очи . Зборувам за такви женишта кои не можеш да ги одминиш без да ги забележиш од што премногу ги откриле. Ако не па ајде сите да шетаме низ јавност со голи цицки , нема ништо срамно де да се вратиме во времето на Адам и Ева ако воопшто постоеле тие ликови
Нека ги прчат де.. Зошто ти пречи тоа? Јас не носам длабоки деколтеа.. ама не ми смета другите да се облечат така, ако така сакаат.
Јас вака би рекла од моја гледна точка, кој што сака и како сака нека гледа да работите но лично мене многу ми се допаѓа кога гледам жени скоцкани, односно негувани жени. Не ти треба многу за да изгледаш како дама, а со тоа се чуствуваш пред се ти самиот среден и негуван лично за себе и своја психа.. една панталона или фармерка, едно кушулче или најубично памучно блузе со некое сако на пример е полн погодок за убава и негувана жена што зрачи однадвор .. е такви жени многу сакам да гледам .. Не го спорам фактот за внатрешноста на душата на еден човек тоа е неминовно и пред се човечки да бидеш човек на светот, сепак претпочитам средени жени , кои ете одвоиле 5 минути да средар коса на пример колку толку, да стават едно ѓерданче, на облечат убави чевли и ете на пример со една обична памучна блуза и фаремерка си океј. Пред се зборувам за себе си и својата психа внатре во душата.
Нека си носат длабоки деколтеа, јас не зборам за тоа. Зборам кога се видно забележани како што напоменав порано, доколку носат проѕирни мајчки, тесни корсети , ми пречи премногу, па возрасни жени се, не се тинејџерки па да ловат погледи.