- Кога ќе им кажеш дека е долг патот или ќе бидеме цело време на нозе да не облака штикли ама ќе ти рече не ок е јас ќе издржам , ама нема да издржи и после 2 саата ќе почне нервози, напнување, пекмезење, карање што ќе ја уништи вечерата/денот на едно или повеќе лица. Да не спомнувам што ќе се прави како демек све е у реду , ама не...не е реду. - Кога ќе се нашалиш на нејзина сметка или ќе ја пецнеш и после цела вечер пробува да ти врати некако, и ај барем да ти врати со иста мера или да е смешно и дрско, ама не , ај што не е смешно него и глупо е и ти се чуствуваш глупо и така.. - Кога нема почит спрема самата себе и се глупира, понижува и слично само за да привлече нечие внимание или пак задоволи некои мислења. Тука би додал и немање почит спрема родители , роднини, друштво или партнерот. - Кога ќе погреши во некоја расправија или ќе зезне работа и нема да признае дека е грешка него упорно со глава во ѕид ќе мава ама нема да признае , или на форумов ќе цитира и враќа додека све не отиде у долината на бановите. - Јадење бурек за други луѓе , раскажување цела сексуална историја на другарките пред тебе и твоите другари само за да се најде у муабет и да биде интересна или што и да е целта на тој муабет. За физичкиот изглед не коментирам од неколку причини , прво на ниеден маж не му е гајле дали има долги нокти , какви штикли носи , дали е мрсна косата , оти му е гајле за такви ситници а и физичкиот изглед секогаш може да се поправи и да среди или сеедно. Па и она грдо било да ги истакне цицките на најако , ги прчеле ги покажувалее... ти се молам... мислам ... се разбираме зашто на мажите не им е грдо ова така? Добро еве ако не се разбираме ќе го прикажам со слика односно гиф па кој разбра, разбра. Spoiler
Кај други жени не ми се допаѓа следново : - тоа што секогаш се со средени нокти - тоа што секогаш се со убава фризура ,никогаш не и се случило да се појават надвор со измрсена коса - тоа што секогаш се скоцкани од глава до пета и никогаш не утнале во изборот на облеката согласно приликата - тоа што секогаш се издепилирани -тоа што на маса во ресторан секогаш седат како прави дами,не може да ги видиш пиво од шише да се напијат - тоа што никогаш не им се случило да излезат со подизгужвана облека или со дупче на кошулата - тоа што не прднуваат пред партнерот Е сето ова многу ми смета . Доброто е што не познавам ни една ваква жена ,па немора да се нервирам секоја ноќ пред заспивање .
Во принцип ми сметаат жени кои обожаваат да се центар на внимание, па како тие се најдобри во се, најубави, најталентирани, нај нај нај дрн дрн.. Ете не знам, фалбаџики не можам да сварам. Исто така и жени кои во друштво за да бидат центар пажња оговараат блиски, или уште полошо, ги омаловажуваат во нивно присуство. Да се разбериме, и јас оговарам, и сите ние тука сме оговарале, ама треба да се да се прави со усул и граници. Мразам кога се пре-вулгарно облечени, со цицки и задник на изволте. Исто така мразам кога се облечени невкусно за нивната градба/килажа па гледаш извира сало од сите страни. Бљак. Не сум и јас манекенка али си се облекувам во склад со фигурата, не се пикам во претесни парчиња кои ќе изгледаат како да ќе ми пукнат во секој момент. Моментот со подникнат корен, мрсна коса, лоша шминка или нокти, гужвани и валкани алишта, не ми пречи толку. Тоа кажува за нивната (не)грижа кон самите себе, али нема што тоа мене да ми пречи. Доколку тие си се допаѓаат таа и не им смета, тогаш океј е и за мене.
Трај си да ги оставиме оние што покажуваат цицки во јавност слободно да го прослават денешниот празник и сосе нивните цицки нека се појават такви и во црква. Не бе, не ни пречи на никој тоа , чекај да замижам ако помине некоја таква Битно не им е срам да покажуваат цицки во јавност, а срам им е да се појават со швалерите јавно, им пречело педери, лезбејки кога ги гледаат низ улиците. Осеќам премногу напнувам на темата, ајде сама ќе се тргнам
Во работна околина мразам жени кои не се професионални, а упорно сакаат да се докажат како такви Жени кои ќе изгазат се пред себе само за они да дојдат до она што го сакаат Не сакам површни жени И во глобала тоа.
Се согласувам, голи цици у јавност е демоде малку. Скриеното е поинтересно. И не е сето у шминкерај. Познавам девојче коешто од сабајле работи како машко, но попладне кога излегува во град, фујјјј, абе Дама у прав смисол на збор. Другите ретко ја приметуваат оти се палат на тигрести хеланки, испеглана коса и малку маскара, ама уста да не отворат. Фала многу чао
Во изгледот на другите жени ама баш ништо не ми смета. Камо среќа сите кога ќе се погледнеме во огледало да видиме убавина од таа страна, а не да се гледаме себе како грда, дебела, криви очи, голем нос, широки пори, мали/големи цицки, мал/голем газ... Не ми се сите убави или облечени по мој вкус, тоа е нормално. Ама - ама! Погрдо нешто од омаловажување некого поради физичка особина, облека, нокти... итн. НЕМА. Полоша особина од оговарање - нема. И не мислам на темава, туку кога ќе ми се квакнат колешки пример и коментираат некоја трета. Тоа само ужасни луѓе го прават. Ти докторице дека со ноктишЧана? Сакаш да ги оболеш пациентите? Се зезам секако
Ми пречи недоволно средени жени. Мислам кај со таа шминка а несредени веѓи, црвен кармин и опцртани усни до нос, косата мрсна, зејтин да потече ама битно се пицнала во деколте а тоа што и корне здивот не е тема на муабет. Не сакам да судам за туѓ изглед ама просто се ежам кога ќе видам таква и неубаво изгледа. Имав таква пријателка која секогаш доаѓаше на училиште со мрсна коса и корнеше на пот и здивот и мирисаше, не дека немаше пари но ја мрзеше да се среди, е тоа ми пречи, мрзата. Друго што ми пречи е непрофесионалноста и односот на жените кон некои клиенти на работа или во јавност лигавење и потсмевање, употреба на навредливи зборови кон новата девојка на бившиот или пак тоа што е комплетна мрза, спие до 3 попладне, ја мрзи да си направи ручече па ја чека мајка си од работа да и стави јадење на маса.
Ноктиња имам до јагодиците и еве сега ги мерам дури 3 мм ми се долги. Секогаш средени и не планирам никогаш тоа да го сменам.плус и ме знаат како докторката со секогаш средените нокти.секако циркони не носам, само некаква боичка.
Од каде да почнам и да завршам а да не ме фати викенд? И пак знам дека нешто ќе испуштам па затоа ич не почнувам.
Не ми се допаѓа кога се расправате по темите , потрудете се да попуштете малку , замислете само доколку некој од соседите србин / бугарин би налетал на форумот и си чита од страна , лоша слика оставаме.
Гласни жени. Оговарачки и подјебавачки. Жени фокусирани премногу на изгледот. Такви што се нешто не можат и не им се угаѓа. Лигавења. Слаби жени. Жени што глумат бед ес, а се... Жени што постојано се во некакви љубовни проблеми. Препровокативно те вулгарни жени. Вештачки жени.
Професионално нашминкани за во теретана Фризура носена неколку дена(бањајте се секој ден жени) Надоградба на коса каде твојата е коса е една боја надоградбата скроз друга Свилени трепки ама од онир има има па нема,стани падни трепки Заспивање со шминка/Не измивање на шминка од свадби и такви поводи Прееедолги нокти (од 3 па натаму) Испукани пети(на секој може да му се случи ама константно да е вака е гадно) Во принцип се што припаѓа во една тема НЕхигиена не ми е убаво Физичкиот дел е завршен.Овој другиов душевен има многу да се набројува.Љубомора,плачење за внимание,себичност,неморал и така натаму ))
Кај една жена, не ми се допаѓа, а не ретко ми паѓа во очи, лице - збрчкано, пропаднато, предвреме остарено, очи - натажени, бессјајни, веѓи собрани врз кои паѓа предвремено побелена, проретчена коса, раце испукани,уморни, преработени, на кои се бројат жилите набрекнати, нозе натежнати чии испукани капилари бројат колкав товар низ животниот пат една жена износала, не ми се допаѓаат износани, ветви алишта, излитена чанта, износани чевли, демоде капут - само да се дотерани и сити децата..
Што премногу оговараат. Што главна тема на муабет им е облеката и ништо друго. Љубоморни и завидни. Што се преценуваат. Што зборуваат се лошо за своите партнери, а пак се со нив. Што секогаш се намуртени. Што секогаш се средени, а дома им е тотален хаос. Што секогаш зборуваат за пари или преку призма на парите.
Ете јас секој ден не мијам коса, добро е и другарките мои што не мијат секој ден коса, којзнае колку ќе ме мразеа инаку.
Што прават лице..по одвратно створејне од такво не постои..ти пишува по лп мила цуци муци а уствари те мрази оти си била слабa или дебела..ваквите ги прајкам на пасејне трева . ете само тоа не ми се допаѓа
А колку ќе беше убаво темава да се викаше „Што ви се доаѓа кај други жени“ па да можевме да се мотивираме, поддржуваме и кажуваме како треба наместо да се караме и вреѓаме ама тоа не би било интересно. Не ми се допаѓа кога една жена наместо да работи на себе и да гледа да биде подобра, таа пробува да оцрни друга жена со цел да се чувствува дека не е најлоша.