Спомнав и што ми се допаѓа..да не биде само мрчам. Насмеани луге, информирани, флексибилни. Кежуал и секси истовремено. Убави жени кои се свесни за изгледот но не манипулираат со него. Убави нозе. Слаткици со детето во нив лајв енд кикинг. Облини. Свеж изглед. Убав парфем. Стил имање. Великодушност. Смисла за хумор. И ласт бат нот лист, несташност.
Знам, веќе ги кажав во претходна порака , нема могу работи што ми се грди кај жени. На прсти се бројат.Повеќе кај мажи
Добро тоа што мене не ми се допаѓа на некој му се допаѓа,тука нема потреба за дискусија различни навики вкусови и тако даље
Значи темата не треба да постои. Врти врти пак на исто дојдовме. Вкусови се различни и не е убаво да се коментира за "грдостите" вака
Па девојко принцезо ако ти пречат игнорирај ги и не се замарај и не лечи комплекси така ке станеш подобар човек верувај.
Не можеш да ги игнорираш лесно посебно ако мораш да бидеш во контакт со такви секој ден. Не сум совршена, си имам свои маани фала богу
Јас се пронајдов во мрсна коса и изгужвана облека. Во моментот ми текнува само на жена што пуши цигара и оди. Не знам зошто ми е толку одбивно. Или ич нека не пуши или нека седне нека испуши па нека продолжи ама верувам најчесто се брзаат некаде па затоа така. Не сум пушач и не сум компетентна да коментирам можеби ама тоа е на број еден место што ми смета кај женско.
Имам една комшика 17год е девојчето. Голема е не е мала Ама нон стоп грицка нокти. Сто пати и имам кажано да се одвикне од тоа бидејќи не е ич убаво. И никако да се одвикне , а мене страшно ме нервира ко ќе ја видам да грицка нокти.
Тоа што некој има критериуми што му се допаѓа а што не,не се комплекси.Доколку се пронаоѓате тоа е ваш проблем.Опуштете се малце жени
Жени што мразат други жени и жени што се обидуваат да ги нахранат своите комплекси преку омаловажување на други жени. Жени што не можат да се задоволни и исполнети сами со себе па константно бараат машко присуство и внимание.
Искомплексирани жени кои своите фрустрации ги лечат врз другите. Истот така ме нервираат жени кои немаат почит кон себе и се продаваат и нудат за пари, парче накит, облека. Дозволуваат да бидат купени. На кое ниво треба да ти биде самопочитта и мислењето за себе за да бидеш понижена на ваков начин...
Жени кои кажуваат дека не сакаат оговарачки, а самите не престануваат да оговараат (ги има и на форумов такви, посебно во Македонски јавни фаци се утепаа од оговарање тие што баш не ги сакаат оговарачките) која иронија. Жени кои постојано набљудуваат други жени и бараат маани и недостатоци за физички изглед (имала мрсна коса, грицкала нокти, премногу се шминкала итн) Темава сама по себе е оговарачка и премногу комплекси се лечат.
Друго е да оговараш јавна фаца,оти под дифолт тие се под будно око на јавноста, а друго е да зјапаш ко улав во секоја рандом или блиска особа и да анализираш што те нервира кај неа....
Не е друго,и едните и другите се луѓе.Не може во едно друштво да си еден карактер во друго друштво да си друг.Тоа е дволичност.Заборавив да напоменам и јас најмногу не ми се свиѓаат феминкиве во темата за јавни фаци кои "се знаат" кои тврдат дека е така и дури се препукуваат.
Тоа што многу возат како ненормални,при тоа со мобилен или кармин во рака.Плус,некои и сум видела како употребуваат мобилен додека возат пребрзо со дете во автомобилот...... Тоа што ги боли кога некој ги навредува,а и тие самите упатуваат навреди кон други.
Грицкањето нокти е навика и тешко се одвикнува човек. Од искуство почнав како мала до 23 години грицкав,ништо не ми помагаше. Се додека случајно чекајќи бус видов една девојка со убави долги бели нокти и си ја запомнив таа слика, после си купив едно лакче против грицкање и ги пуштив моите и почнав да ги правам,вкупно 6 години ги правам со паузи и не ми биле рацете во уста. Зборот ми е дека сега јас не сакам да гледам машки и женски со изгризани нокти што значи дека ако некој самиот сака силно нешто ќе се потруди да го искорени тој проблем. Се пронајдов инаку џабе и зборуваш.
Да ти поолеснам. Да се пронајдам? Лила не ми е другарка, ако ти бодеа очите оговарачки. Оговарачка е ова пример, овакви работи спаѓаат под оговарачки, гледаш дека мисли на некого, се пронаоѓаш и пронаоѓаш и други, ама те прави будала. Не ти кажува, ама те ребра, те ребра као демек ти збори за некој друг, а мисли на тебе или те збори со друг и не ти кажува што мисли за тебе дури и да и пречи. Е тоа е оговарачка. Зборот кој го бараше е - трачарки. Трачарки трачарат да пројде време, трачарат за нив небитни луѓе, јавни фаци и слично. Е тоа е разликата. Уште полошо е да зборуваш за некого и при тоа да не му го кажеш тоа директно, а можеш. Да, и понатака не сакам оговарачки. Едно е да се заебаваш за некого кој и онака сам е експониран на тапет зошто е јавна фаца, а друго е ти да експонираш и да потенцираш некого, а да не му се обратиш ако веќе имаш мислење кое сакаш да биде чуено. Мислам у реду е, подјебавање ребра да заболат. Пример, нема да ти се обратам никогаш на некоја тема со цел да се пронајдеш, да се нахранам ау леле што и реков, па и да те правам будала. А ако ти пречи, не ја прати темата, едноставно одследи ја, блокирај кој ти пречи и слично, твоја слобода.