Зборев општо, далеку од тоа дека се замарам дали некој ќе се пронајде во мојот пост а и далеку од тоа дека пишував конкретно за една личност, многу се . Темата е таква каква што е, дадов само мое мислење. Смеам, нели?
Сите овде мразиме жени што оговараат, а први оговарачки сме сите до една. Ама секако, наместо да си се погледниме во огледало, подобро е да плукаме по другите сокривајќи се себеси. Да заокружам, не постои жена ( човек ) што не оговара(ла). Предлагам да не се пишува тоа со оговарањето како главна маана, бидејќи самите со свои камења си се удираме.
Сите озборуваме, сите го прават тоа , но некои едноставно немаат исаф, не може кај секој еден да се најде маана, овој дебел,овој слаб, овој со мрсна коса, овој со коса ко метла, овој со клемпави уши,оној со криви прсти,овој со демоде чевли,оној со демоде чанта.... Едноставно проблемот е до тој што трачари,или се комплекси во прашање или ниска самодоверба или едноставно таков човек си е, алапача!
Значи сите сте алапачи, добро е си признавте. Во врска со темата Македонски јавни фаци не е тоа оговарање бидејќи не читаат и така му доаѓа како критичари на македонски јавни фаци. Така го сфаќам бидејќи и јас критикувам многу често. Но оговарање од типот на форумов која што како имала, заработувала, по лп и слични такви муабети од зад грб и по лп може да му се закачи епитетот алапача. Дефинитивно ги има во огроомен број а истите тие коментираат дека никогаш не оговарале, омаловажувале, исмевале итн. А само жена оговара со такви табиети, маж не сум чула.
Не збореше општо, конкретно беше зошто даде специфично конкретен податок. Но добро, нафта ќе пиеме. Смееш, ко што сите останати смеат, така? Или ти смееш, они не зошто по твој критериум се некакви?
Тоа зошто ти така мислиш. Еве јас на пример не сум се пронашла во ниту еден пост на форумов, е до толку не се замарам. По твој критериум не смее секој да пише тоа што мисли, ти ме цитираш и не престануваш.
Точно почнувам од себе секогаш да сум средена и убаво да се однесувам кон секого да немам гадно однесување и навики. Темава не е за препукување.
Нешто што највеќе мразам се кукавици и глумење жртви цел живот без да мрднат со прст за било што. Жени што цело време се потчинети на партнерот и го слушаат, без негова дозвола не можат да мрднат. Жени што главен муабет им е облека, шминки, деца, манџи и бившиот и ништо подалеку од тоа. Жени што се прават дека не можат да сменат сијалицаи такви некои ствари што се "сметаат за машки" Што забиваат нож во грб и крадат на пример дечковци на другарки, дно дна. Од физички карактеристики нема нешто особено што ми засметало, какви сме си такви сме.
А,како малку за промена,позитивна пред се,да отвориме тема "Што ви се допаѓа кај другите жени или жените околу вас?" Барем сите ќе имаме ќар некој и ќе научиме нешто ново,а не вака да го трупаме форумов со уште повеќе негативизам. Некој спомна универузмот демек да не го мешаме,сигурни сте дека не треба? Редно е да се едуцираме малку и за тоа. Еве ви една книга што е интересна во врска со среќата и богатството. http://www.antropozofija.org/articles/pg/books/Sandra Anne Taylor - kvantni uspjeh.pdf Да делиме позитивни искуства. Поздрав женски. Јас забегав малку офф топипк,но идејата ми беше да не се препуцаваме помеѓу себе. Бидете среќни какви и да сте. Дебели,слаби,со несредени нокти, со стари патики.
Темава малку стана каша-попара, и еве сега не знам дали под „грдо“ се мисли на физички изглед или на однесување, ама ете, да не останам и јас покуса Не ми е цел на анонимен форум да се правам безгрешна светица, но навистина не ме интересира кој како изгледа. Имам пишано и во друга тема, растејќи слушав алтернативна музика и се облекував во тој стил. Верувајте, се имам изнаслушано најразлични коментари за тоа како изгледам- од добронамерни совети дека сум симпатична девојка па штета била што сум се затварала цела во црна облека, до бурек јадење дека сум сатанистка и одам ноќе по гробишта Па така, уште од основно станав опасен дебелокожец што се однесува за муабети за надворешен изглед и следствено, до денес се водам по паролата „I don`t give a damn“ (или по нашки- „к*р ме боли“). Сум имала коса долга до половина, сум имала коса шишана на кец; имало периоди кога сум се шминкала ептен нападно, имало периоди кога ни маскара не сум ставала; имало години кога освен црна, друга боја сум немала во шкаф... Муабетот ми е, јас сум океј со тоа како изгледам и реално, само тоа е важно. Не живеам за другите, живеам за себе. Истото се однесува и за сите останатите- штом тие си се допаѓаат како изгледаат, која сум јас да коментирам што е убаво, а што „грдо“. Нормално, не сите модни комбинации се успешни, ниту пак сите кармини исто им стојат на сите. Немаат ни сите ист осет за комбинирање на бои. И тоа е во ред. Тоа што не е во ред е жена ентузиастички да наоѓа маани во изгледот на другите жени.
Сите нешто мрзат! Кој фактор сум јас да оценувам нешто кај некого да мрзам или не ?! Нит сакам да оценувам нит да ме оценуваат. Секој има право да си се облече како сака да се среди или не среди и тоа никого не треба да засега.
Буквално ништо не ме нервира додека не ми пројаде гомна за нешто. Не знам како можете да живеете со такви ситници што ве нервираат. Шетај се сестро небричена смрдлива со не пет, десет кила шминка ако ти е така убаво ама не се ’рчкај.
Машко сум, прочитав 10 мислења на темава и сфатив дека сексизмот у државава не е само од мажи туку е и интернализиран, од самите жени меѓу себе. Простатилук
Мене најгрди ми се нападните девојки/жени што секогаш се најгласни, распуштени, на Х години прават проблеми, се тепаат.. А познавам многу такви во Скопјево.. Грди ми се кога ќе претераат со зголемувањето на усните, како патки .. Со исчупани надградби на коси, со лошо истетовирани веѓи.. Што глумат дека се нешто, како српскиве старлети на пример, а не можат ни тоа да бидат зошто србинкиве барем праат пари, а нашиве чекаат некој тип во диско да им плати пијачка. Исто така грди ми се оние што се прават "невини" .. Познавам една што е мажена, а се утепа од е*ење на страна, а пред маж и да ја видите каква е мирна, душичка...
Кога маж ке отвори страна мажи што не ви се свига кај мажите и да пишуваат бидејки не ги почитуваат девојките, бидејки ги изневеруваат, бидејки и глумат душички а на страна се пукаат јас ке се обесам на првата бандера.