Жени што се однесуваат како мажи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 26 мај 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Господ ја створил жена, а таа се прави машко. Уште како мала беше машкуданка, има повеќе машки другари отколку женски, редовно игра фудбал.Оди како машко, крева тегови за да има мускули(и ги има бааги), кој ќе ја изнервира пцуе, им се фали на сите со ќотек, спремна е и да се тепа со машко :D Очајна е да биде војник, од оние платениците, и цел живот со изреката „ Јас сум требало машко да бидам“. Познавам таква личност, другарка ми е, и ја сакам како сестра. Сепак не можам да ја сватам и неа, и тие како неа, зошто кога се родила како жена, се однесува како машко :^) И некако целото нејзино однесување делува како неприродно, впрочем и не е зошто не му доликува на едно девојче да се однесува како машко. Што мислите за таквите девојки?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Искрено не ми сметаат, ниту би ми пречело да се дружам со нив. Едноставно тие така сакаат и така се чувствуваат „како во своја кожа". Јас таква не сум, но тоа не ме прави мене нормална, а нив ненормални. По секако денес ништо не е нормално. Има и мажи што се однесуваат како жени... и пријатели ми се. Само глупаво е тоа што многу од луѓето (кои во суштина ама ич немаат појма) имаат глупави предрасуди за таквите кои се однесуваат како да се од спротивниот пол.
     
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Сум сретнала многу такви случаи .. Не ми биле блиски другарки но ете .. Дури едната ( од извори е ова, незнам дали е точно ) имаше одено со женско, толку се вовела во улогата на машко, одела подгрбавено да не и се видат ци*ките, не се соблекувала на базен , уште што знам што... Не, не ми смета тоа, нели секој во денешницава си има свое право на избор , како ќе го живее својот живот ;) И, како што кажа Хипица ,има и машки што се однесуваат како женски, дури тие можат да бидат подобри другарки од овие другиве, нормални женски :lol:
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Јас имам баш таква колешка на факс како што ја опиша Unfaithful :) Тренира карате и сите покрети и се како на машко, кратка коса има и цело време се облекува спортски, набилдана е.. Мене не ми смета, си се дружам јас со неа и супер е девојчето ама некој што не ја познава кога ќе ја виде нешто чудно ќе си помисли |( Сега не знам дали има дечко ама порано знам имаше и многу ми беа чудни кога ќе ги видам заедно оти она повеќе личеше на машко отколку тој :$
     
  5. Irena93

    Irena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Поправете ме ако грешам ама мислам дека тоа има и врска со хормоните барем мене така ми имаат кажано. Јас до негде 15 години се понашав буквално ко машко. Моите дури и се загрижија па поразговараа со стручно лице во што е проблемот и таа им рекла стрпете се да и "проработат" женските хормони и се ќе биде во ред. Реално така и беше во рок од една недела се сменив за 180 станав женско :P и знам на сите им беше чудно :D :D :D . Ама ете сеа барем ништоне ми фали и јас ко 90% од женските обожавам да се дотерувам, шминкам.... се најнормално :) Једино барем останав горда што никогаш не сум имала ништо со женско а не сум ни помислила. Така да за оние што се цел живот такви неам ништо против ама за они што биле нормални па станале такви тоа више.... :^)
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Сега може малку ќе забегам , но навистина има жени кои покрај тоа што се однесуваат како мажи и изгледаат како нив.Пред некое време кај мене наработа ми беше кажано дека треба да се сретнам со соработник кој не го познавав и е жена .Откако беше договорена средба за да се согледа што се нуди другата страна ја чекав жената, и на мое изненадување видов дека ќе преговарам со маж.Откако влезе разговорот одеше нормално во врска со работата и не ни приметив дека тој е таа. Кратка коса,одело машна, актовка која цврсто ја држеше со своите навидум машки раце. Градбата ,движењето ,гласот и целата своја фигура ми делуваше така маженствено и јако.За крај откако се поздравивме ми се обрати со зборовите дека и е многу мило што како две жени сме се разбрале совршено .
    Откако замина една од вработените ми вели кој беше фраерот, а јас се зафркавам и велам сакаш да ти го местам нели добро изгледа ...И откако и кажав дека е жена не ми веруваше и мислеше дека се зафркавам со неа .Нејзиниот изглед не ја издаде нејзината женственост во тој миг.
    Навистина изгледаше како маж
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    479
    Некогаш помислувам колку би било добро да си маж. Се би било многу полесно. Нема средување цели два саати после бањање, лакирање, шминкање, фенирање, пеглање и сите тие работи. Нема менструални болки ( :rock: ) и други тешкотии кои се составен дел од животот на жената. Но сепак, да си жена е нешто кое носи и позитивни и убави работи.

    Познавам повеќе девојки кои се однесуваат како мажи, така се облекуваат, не водат грижа за изгледот ниту пак за женственоста. Некои воопшто не ни излгедаат како девојки, човек да не ги знае нема да може да ги препознае. Не ми пречат, само се прашувам зошто не ги извечат убавите работи од тоа да си жена и не уживаат во нив. Па има и обратни случаеви, кога мажот се чувствува како жена - пример Фифи :lol: Лично (ја)го познавам и ви гарантирам дека не го прави тоа за да постигне популарност или нешто слично, туку (таа) тој навистина така се чувствува и уште многу одамна си има некои женски манири.

    Поенатата ми е, некои луѓе иако физички изгледаат како жени (или мажи), длабоко во себе се чувствуваат како да се нешто друго. И тука настанува судир меѓу физичкиот изглед и внатрешноста како и желбата за тоа што сакаат да бидат. Има многу луѓе кои досега го промениле полот, некои од збеснатост, но некои затоа што едноставно така се чувствуваат. Така што немам ништо против нив - тоа си е нивна желба и право :)
     
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.871
    ориданари грл мислам кажа исто што и јас мислам,колку е полесно да си маж :D :D имам две такви другарки кои никогаш не се интересираа како изгледаат,само фудбал ги интересираше и бла бла глупави работи,некогаш размислував како може да не ги интересираа женски работи :lol: ама многу добри другарки се,дури и во последно време почнаа да се дотеруваат повеке и се чудев,бев пријатно изненадена.не ми сметаат такви машки-женски :D :D ама многу ми се чудни :lol:
     
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.644
    jas mislam deka toa prozileguva kako rezultat na nemanje dovolno samodoverba t.e. nabieni kompleksi deka ne se dovolno ubavi da bidat zensko ili sl...bidejki 70% od takvite osobi koga ke dojdat do moznost da se sredat koga ke se pocustvuvaat posakuvani ili ubavi i slicni nekoi raboti,se vrakat vo normala kako sto kaza i irena93...a kaj ostanatite kako na pr sto e fifi jas barem mislam deka e problemot do hormonite bidejki samite maniri koi gi imaat govorot glasot i dr (a ne samo interesite kako na pr za fubal na nekoi devojki ili za sminka na nekoi maski) ne naveduvaat deka se zensko ili masko...
    sepak mene licno voopsto ne mi smeta takvoto odnesuvanje , nitu bilo kakvo drugo odnesuvanje se dodeka se korektni kod mene ... :) nemam nekoj predrasudi
     
  10. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    Многу е несекојдневно кога гледаме девојче кое многу ни наликува на машко но сепак мислам дека тоа е право на избор. Ако некоја ја прави среќна и се чувствува убаво со тоа машко однесување зошто да се менува само поради тоа што на околината и изгледа како чудак. Лично мене никогаш не ме привлекувале оние женски работи како шминкање по неколку часа, шетање по бутици со часови пред да се купи нешто и сл. Фудбал и сите останати спортови сум ги следела откако знам за себе... Мислам дека иако на прв поглед изгледам како секое обично девојче на моја возраст и на изглед не сум ништо поразлична во карактерот сум како машко... :?:
     
  11. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Темава е супер. Браво за Unfaithful18. Е сега, има такви. Во основно учеаа со мене две близначки кои потполно во се се разликуваа. Едната беше најнормало девојче, додека сестра и беше "машкуданката" во класот. Се дружеше само со машки, едно време излегуваше само со нив, почна и да пуши. Ама во осмо како да и дојде умот.Си фати и дечко тогаш ,а на полуматура носеше фустанче (прв пат ја видовме таква) и сега е како девојче.
    И мене едно време ме "тапаа" такви филмови па неколку месеци изигравав дека сум машко, само затоа што машката облека ми беше поубава од женската. И сега кога гледам слики од тоа време се смеам,а по малку и жалам бидејќи поминале.
    Мислам дека се е до хормоните или некоја моментна состојба која поминува. Не сметам дека би се правеле машки само за да бидат подобро прифатени туку дека едноствано така се чувствуваат. Ама факт е дека се добри другарки, барем оние кои јас лично ги познавам.

    :inlove:
     
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.644
    pa toa mi bese poentata deka ne se bitni interesite...ja sum zensko pozensko nemozam da bidam :D :D :D ali ipak obozavaaam fudbal i da gledam a i kako pomala mi bese omilena maalska igra :) mng se pobitni custvata i ponsanjeto a ne interesite
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.268
    Допаѓања:
    36.379
    Дали мислите дека го применуваат овој изглед за да привлечат жени? Дали има нешто геј во нив?
    И јас познавам вакви жени. Едната е ептен машкуданеста и е лезбејка. Она е мажот во врската. А другата е би. Немам ништо против овие жени, не ми сметаат и тие си фураат некој свој филм.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.268
    Допаѓања:
    36.379
    Геј се однесува на хомосексуалноста, на луѓе што се привлечени од истиот пол. :) Порано се однесувало само на мажите, меѓутоа денес и лезбејките се опфатени со овој термин.
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Има такви девојки што немаат ништо геј во нив, значи не ги привлекуваат девојки ама сепак така се однесуваат машки и така изгледаат. Јас таа девојката што ја познавам не сака девојки туку и дечко си имаше ама се облекува како машко и тренира карате и бокс и така на прв поглед изгледа повеќе на машко отколку на девојче.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.268
    Допаѓања:
    36.379
    Повеќе се однесува на физичкиот изглед. Нема врска тоа со спорт и сл. Се однесува на облекувањето, на машката фризура...
     
  17. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    111
    да не е една моја другарка ја знам од основно :) :D (се шалам) она од секогаш се облекува однесува, зборува како машко и така и си остана, значи не е тоа период, него она цел живот е таква и личи на машко(убава е многу),ама со кратка коса и тие што не ја знаат нема шанси ни да претпостават дека е женско и сите девојќи се затрескуваат во неа :D . порано на ексурзии знаевме да се зезаме со други што не ја знаат и да ја претставуваме како машко(детска работа), едно девојче толку се затреска во неа и кога дозна дека е женско се утепа од плачење :). има одено во војска и работено како обезбедување :). Mене лично не ми смета затоа што тоа е нејзина определба она се чуствува убаво така и тоа е нејзин избор :) ама јас сепак неможам да ја разберам причината,зошто?:x
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.818
    Да де да...празен лист,табула раса...итн итн...а што е со генетските предиспозиции да биде жена?!По твое,нема полови,туку ние ги наметнуваме и се социолошки поттикнати,него ли физички,биолошки...нонсенс...за потоа,да се осврнеш на некоја другарка дама која тренира кик бокс и да се побиеш сама себе(што значи дека тука никој ништо не пропагира и светот делува сосема либерално и се е возможно)...Зборуваш за некои стереоптипи во кои ти самата си се вдлабила и мислиш цел свет така функционира,како некој страшно да те обесправил ради твојот пол и ти чувствуваш гадост кон истиот,а со тоа не го докажуваш спротивното,туку напротив се давиш во својата немоќ ради тоа што си жена,го чувствуваш како хендикеп.
    Не е точно дека жените се воспитувани да бидат дами,да попуштаат,да бидат стерилно чисти,мазни и што ти ја знам...како детето ќе биде воспитувано зависи од родителите.Јас можам да зборувам за себе,но не и за тебе,не можам да генерализирам за ваква работа.Ги прифаќам мажите како доминантни,не ми пречи тоа,но не се чувстувам инфериорно,силината на женскиот пол е на друга страна.А плус,не можеме да го негираме фактот дека се физички значително посилни од нас,па заради тоа и се манифестира на начинот на функционирање на нештата,а ние луѓето имаме тенденција да се однесуваме инстинктивно и животински,зошто сме сепак животни и тоа е тоа...збориме за свесност,јап...но некои рабои се посилни,јбг девојкоск.
    А што се однесува до темава која не си ја разбрала...тука проблемот може да се гледа од многу агли...прво,може да се случува заради недостаток на татковска љубов (имам пример во кој девојката мрази што е жена,зошто мајка и е распуштена,а татко и никогаш не го запознала и цел живот е растена сама,се однесува како маж и се носи како маж),второ,доминантни машки хормони и предодреденост да се биде маж место жена,па поприродно е тоа машко однесување него ли женско (пример малце обратен,Фифи,тој не е геј,не е травестит,тој се чувствува како жена,се однесува како жена...треба да е жена,но не е,грешка на природата,упс извини,маж ќе бидеш).
    И аман заман,побогу доста со феминистички глупости кога сами себе си се дискриминирате така,а утре врата ќе барате да ви отвори.
    И јас не ги сакам жените од многу агли и сум на страна на мажите секогаш,но не си го мразам родот и тоа што сум жена,иако муабетот ми оди повеќе со спротивниот пол и имам така речи машко размислување по многу теми,но не си дозвлувам да генерализирам.Муабетот е осетот за реалното и прагматичното,небитно дали зи маж или жена...иако мажите се повеќе склони кон таков начин на размислување.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.644
    se soglasuvam so lilit vo celost ;)
     
  20. Paranormal

    Paranormal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    17
    Па би можела да кажам дека сум една од таквите што редовно играат и пратат фудбал...лудуваат по машки парфеми, се бањаат со шампони за машки, носат машка облека, но не тотално да се однесувам како машко...тоа само понекогаш кога ке ме фати некое лудило, а вака сум си нормална девојка која се однесува како девојка на "НИВО", мада сите ми велат дека сум по грешка женско дека сум требала да бидам машко, а да не заборавам редовно си пцујам и се тепам со оние "шмизлетини" кои мислат дека се на врвот а уствари се никој и ништо......Немам ништо против таквите како мене :lol: :lol: :lol: :lol: