1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жени што се однесуваат како мажи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 26 мај 2010.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Секој одлучува каков ќе биде во животот, па и машки има со по некое женско хормонче :lol: имам таков другар и многу си го сакам.
     
  2. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Абе и јас познавам такви што се понашат како машки и до некој степен си е ок, ама некои стварно претеруваат, сега женско си е женски, машко си е машко... бар јас така мислам..
     
  3. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Имам и јас... на моменти ми е чудно знае да забега, ама немам ништо против супер си е
     
  4. chocolate-girl2

    chocolate-girl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    14
    Ова што е за тепањето со машки..ако ми пререче некој нешо а јас сум наапана..па и Господ нека е, јас ќе се тепам.не бирам ни време ни место..инаку не сакам, оние шо одат како машки, шо се облачаат...
     
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Мислам дека поголемиот дел од ваквите девојки/жени не се виновни. Работа на хормони е во прашање. Не ги осудувам. Лично познавам неколку такви случаи. Не ги осудувам, не се виновни. И мене не ме привлекуваат некои работи, па не може никој да ме осуди или да ми нареди нешто.
    Не се женствени и тоа е тоа, но сепак сметам дека треба да се погрижат, надворешниот изглед (мислам на облеката) да биде пристојна и да прилега како за женско :)

    Надвор од темава, сакам жени кои имаат силни и одлучни карактери, кои се самостојни и храбри. Им се восхитувам 8)
     
  6. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    И јас познавам многу такви девојчиња. Жално е и целосно неприродно. Не ми е јасно зошто не живеат на начинот на кој треба и според полот кој Господ им го дал. Не ја прифаќаат реалноста или што...?
    Можеби тоа им е во крвта од малечки.. Едно девојче што го познавам на моја возраст е, кога бевме помали сите од дома куклите ги земавме и си игравме, само таа носеше колички и камиончиња. Многупати ја имам прашувано зошто се однесува така, но таа ме игнорира а понекогаш одговара „Си одбирам начин на живот.“ Јас и велам „Ова ти е начинот ?!“ и таа само замолчува. Делува многу неприродно. Сепак, девојчињата имаат нежен изглед на лицето, а ако во однесувањето се како машки, тогаш тоа е исто како да си размешала Доместос и млеко за тело :)
     
  7. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    1.060
    Размислувај како маж, однесувај се како дама. ;) Ете, некој решил и пара да направи од очаен народ, па квазикнигиче си пишал со овој наслов. Никад прочитана, али е добитна комбинација. За маж е одбивна жена што пробува со сила да се прави маж. :)
     
  8. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Јас не се однесувам како маж воопшто, ама спремна сум да се тепам со машко ако треба :muscle: :D инаку во класот од братучедка ми имало девојче кое направило операција за градите да не и растат :o :tmi: тоа веќе ми е претерано, не знам родителите како ги подржуваат ваквите деца... Жално е што тоа се случува во Пубертетот најчесто и ако направиш нешто како операција после и да сакаш нема назад... :worried: јас немам некоја таква другарка,но не би ми пречело ни да имам иако малку ми се грозни сепак не би третирала некој како чудак поради тоа. ;)
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Вчера за прв пат во живот гледав на fox life едно со makeover, преобразуваа жена билдер. Поодвратно суштество од надвор не сум видела. Не говорам за лик, туку како целосна појава.

    Верувам ваквите појави доаѓаат од средината во која се израснати, игра на улога имаат хормоните, психичката состојба на личноста, збунетост и ред други околности.
    Не ми пречат, ниту пак можам да им бранам да се такви.
    Поборник сум за женственост, грациозност и изглед на femme fatale, но што е тука, тука е.
    Сум другарувала со вакви девојки и колку и да се за некои одбивни од надвор, внатре се пријатни личности кога сакат.
    Говорам за оние кои ги познавам.
    Не не сакам нас жените баш многу, свесна сум на што сме способни, но не навлагам во тоа да ги вреѓам ваквите, сметам внатре се исти како нас.
     
  10. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Мене не ми сметаат (иако не познавам таква :) ) нивно е дали ке се однесуваат така или не но мислам дека ако господ рекол да си женско треба да бидеш женско а не...да изводат бесни глисти и да се глупираат
     
  11. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Пзнавам една таква...не ми сметаат воопшто, тоа е на нив да одлучат како сакаат да се однесуваат и што им одговара најмногу.
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Познавам една таква: ми беше другарка од основно, сега не се дружиме. Не дека сме нешто скарани или не знам што, тогаш бевме многу блиски, ама ете се разотидовме и сме одамна видени.
    Таква беше, таква остана: бесна, немирна, цел живот со пцуење, тепање, бокс, ова-она. :lol:
    Во пантолони постојано (дури и за полуматура каде обично девојчињата носат фустанчиња). Во одот баш како машко кога одат со „фрцање“ на рамењата, демек види шо фраер сум.
    Шминка никогаш не стави и мисла дека нема ни да стави. Таква е, машкоданка.
     
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Не ми сметаат воопшто.Имам таква другарка.Само што јас секогаш сум за тоа дека Господ одредил кој ќе биде машко а кој женско,и тебе ако ти дал женско да бидеш биди си женско.Но од друга страна пак сваќам дека иако таа се родила како женско,да се однесува како машко и да се облекува како машко е нејзина природа,стил што самата си го избрала.
     
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Јас искрено мислам дека е тоа на биолошка база, генски.
    Не велам дека сега таквите личности се некои мутанти или слично, ама и најмала, најминимална неприметлива промена во некој ген или слично може да доведе до зголемен процент на машки хормони па и тоа да доведе до такво однесување.
    Зашто нели биолошки телата имаат и машки и женски хормони, меѓутоа кај женските поистакнати се женските хормони и обратно.
    Имам гледано на телевизија документарец за ваквите случаеви, само таму беше машко што се однесува како женско. Тој не беше геј - си сакаше човекот жени, но имаше некое такво, педерасточно - да речам - однесување. И таму објаснуваа нешто дека е до наследен материјал, мала грешка во наследувањето, ама тоа не е ништо страшно.
    Мене воопшто не ми сметаат, баш ми се топ, имам и јас една таква другарка и супер личност е, тоа не и влијае воопшто на личноста.
    И искрено пре би била опколена со вакви личности него ли со некои дволични и лицемерни.
     
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    И лелееее... како женско требало да се однесува... какво е тоа однесување како женско? Мора сите по некои шаблони, создадени од општеството да бидеме кроени? Се додека е задоволна од тоа што го има, прави и осеќа It's fine by me.

    А не па дека ќе ме праша што јас мислам за неа или дали да носи машки патики или штикли...
     
    На Lolo5, mackica1 и Martinez им се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Во жена сакам да видам женственост. Да не е груба како машко...Да биде нежна и мила...Да се облекува женствено...Да се негува...Да негува женски манири...Да не плука по улица...Да биде цврста и амбициозна, но да не заборави дека е жена... :)

    Не ми се пријатни за гледање женските кои се машки, ама заробени во женски тела... :tmi:
     
  17. Martinez

    Martinez Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    Болдираното е чиста глупост. Тоа не е одлика на машките (лол), зошто правиш поделби на работите? И јас имам повеќе машки другари отколку женски не поради тоа што сум машкуданка, туку едноставно машките се подобри другари од женските. Не се замараат со оговарање и кои штикли ќе ги облечат -.-
    Пцуењето е некултура и недоволен фонд на зборови. Само машките се некултурни? Фалење со ќотек или пак тепачки..тоа се стварно глупи работи, според мене се може да се реши со разговор. Но сепак, зошто ова би било одлика само на машките? Сакала да оди во војска? Па што? Тоа значи дека е машкуданка? Глупости. Тоа што некоја има поразлични ставови и мислења и не се лигави како некое шмизличе, незначи дека се однесува како машко. До кога со генерализирање..

    Не се шминкала, не носела штикли, била во тренерки постојано, си играла како мала со колички .. хаха абе што не се изначитав низ темава.. и тоа што значи, машкуданка е? Ахх бее..

    Едно е да не се покаже ич женственост, ова она :D или пак да изгледа како маж, али овие глупостиве.. демек машкуданка била некоја ако одела во војска, сакала фудбал, пцуела, си играла како мала со колички, во тренерки широки била, кратка коса, не се шминкала и не била качена на штикли, абре глупости..тоа си е личен стил и ни малку нема врска со машките..
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    eee tuka nemam komentar koja zenstvenost ja gledaat maskite vo niv bas se cudam
     
  19. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Позанавцам многу и воопшто не ми пречат
     
    На samomarija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. samomarija

    samomarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    45
    Па има многу ама не ми сметаат, мислам дека треба да се однесуваат како женско ко веќе така се родиле.