Познавам неколку и не ми сметаат воопшто. Сепак секој си има свој стил на облекување и начин на живот. За таквите девојки не може да се каже дека не се нормални или дека не го почитуваат тоа што се родени како женски. Едноставно таквиот начин на живот ги прави среќни.
хахахаха ама ме изнасмејавте! јас си се пронајдов, а замсили ја посетувам фемина, абе алоооо освести се Писателке за жени е форумов, значи Фемина лудница се дешава. абе луѓе кој е тој што мене ќе ми суди јас со кој да се дружам и како да се облекувам?! имам еден куп машки другари и си ги сакам многу повеке од девојките, тие се поискрени и повеке муабет може да си направиш и да се пијанчиш со нив и се. жениве нека оговараат, немаат друга работа или дома мамо дај ми пари ги сакам најновите штикли од шевињон. абе сус таму лоли поп едни, ограничени едни, искочете од тој розов свет! тоа што носам широки панталнони мушка ме прави? епа извини али женски модел биле! тоа што играм кантер и дота мушка ме праи? па зарем игрите не се измислени за сите луѓе без разлика на полот. епа пукни од мука ама мужите ме сакат
Значи ова е форум и феминките си дале свое мислењ,а како повеќето имам и јас такви познанички и немам ништо против ако убаво се чуствуваат во тој стил нивни избор не се замарам.А тоа ти што си пишала па и ние имаме другари ама не значи дека не можеме да се собереме само жени и да се пијанчиме,или па мажите не уговараат па мажите се поголеми трачари од жениве,ограничени викаш излезете од тој розев свет бог да чува и кај да влезам во синиот машки свет и со сила да се правам нешто што не сум.твојов пост е жив пример за такви жени што се однесуваат како мажи,види си го прво речникот и начинот на кој што комуницираш,не доликува за една девојка..позз
Не ми сметаат таквите воопшто. До пред некое време и јас бев ‘‘една од нив’’. Не во вистинска смисла на зборот машко.Не се облекував како машко,далеку од тоа . Но бев некако многу нервозна,неможев да вратам некому со збор.Ако некој ме изнервираше го опоменував пред тепање .Вистина е дека бев спремна да се тепам и со машко ако треба.Не ми беше страв од тоа.Си викав нека мава и тој ама и јас ќе мавам! Но си фатив дечко и станав дама.Не се однесувам повеќе така,сега сум женско Но некогаш кога ме нервира дечко ми, ми иде да го истепам
Не ми се пријатни за око. Нема што да лажам, јас сакам да се слави женската убавина и женските облини. Не може (и не сака) секоја да е бланширана барби, ама секоја девојка си има барем по еден адут и според мене треба да се труди да го истакне. А вреќести панталони, пцуење, ждригање на глас, плукање, набивање трицепс, натурални лиценца, мрсни косичиња, грубост и желба за постојано удирање во слабини и по грб не ми асоцираат на жена и женственост. Истото мислење го делам и за оние феминизирани машки. Они барем се слатки и сето тоа, кога објаснуваат каква крема ставаат за подочници, со некои фини гестикулации и интонација како на мачка во сезона за парење, ама не. Машко треба да си е машко. Женско треба да си е женско. The end. Океј е да си one of the guys, ама не и да изгледаш како нив и да се понашаш како нив. Некој напишал погоре - ме сакаат бе! Да, ама ко другарка. Никој нема да ви обрне внимание како на девојка, ниту ќе им изгледате привлечни, посакувани, секси. Машкуданките се unfuckable. И тоа е вистината.
Нормално е да се пројде ваква фаза во детството кога се влага во пубертет, но не и да се остане во таа фаза. Жена е одредена да се однесува како жена, а маж како маж.
Малце си се пронаоѓам во темава,не дека се облекувам како машко,или пак ждригам каде што ќе стасам (само пред другарките и по дома ),или пак дека пцујам насекаде (добро понекогаш ќе ми се испушти коа сум премногу изнервирана)....ама на пример за некои работи размислувам исто како машко,посебно коага станува збор за Лубовта,ич не се замарам што рекол,како рекол некој што ми се допаѓа,далеку од романтична (освен некогаш кога ќе ми се спојат жичките),не верувам во тоа дека машките треба да превземат прв чекор,како што нели повеќето женски го оставаат тој дел на машките,а и плус многу ми се допаѓаат тие деталите кои што обично треба да ги прават машките како што се отворање на вратата,давање предност и тие сличните работи.
Секој има право да се однесува како што сака...се додека не му пречи на никого. И тоа „однесување како машко“ не е всушност однесување како машко туку не-однесување така како што „би требало жените да се однесуваат“.А зошто „би требало“ така да се однесуваат? Затоа што така е редот?
Самото име ЖЕНА асоцира на љубов, нежност, убавина, сексипилност и дисциплина. Немам предрасуди за ничие однесување ниту облекување, секој си има своја причина која ние не ја знаеме и верувам дека зад секоја жена што се однесува како машко се крие нежност и желба да е сакана, колку и ''хардкор'' да го сокрива тоа.
Сепак, тоа „однесување како машко“(според мојата дефиниција) не мрсна коса, вреќести панталони, испуштање гасови и такви некултурни работи...
Испуштањето гасови, мрсната коса и сите други симптоми на простота им пречат на другите, што значи дека не е во ред некој да биде таков. Се извинувам за првоте мислење. Не мислев на такво однесување (како што Трендафилка го опиша). И јас сум нешто како машкуданка но ( во се треба да се има мера), не правам такви грозни работи.
Познавам такви жени и не ги осудувам, секој си има свој став и свое мислење за тоа како треба да се однесува, за нив можеби тоа е убаво однесување иако за нас не изгледа убаво. Сепак се си има свои граници.
Темата е за жени кои се ОДНЕСУВААТ како мажи, а не кои ИЗГЛЕДААТ како мажи, ама колку што прочитав меѓу редови, цело време се елаборира за стил на облекување и пцуење. По мене, утнат е муабетот на тие кои пишале така. Прво, нема правило кое укажува дека мажите пцујат и ждригаат ко стоки. Тоа врска нема со полот туку карактерот и воспитувањето. Таквото однесување не е типично машко. Второ: облеката да, различна е, и ако се бара тоа од темава онда моето мислење е дека секој со свој стил. Мене нее ми пречи таков изглед на жена и покрај што јас не би фурала таков имиџ. Е сега однесувањето, мажите во глобала се поладнокрвни и полабави, тоа јас го сметам за убава особина така што жените кои се однесуваат така ми се посимпатични од оние женчиња што типично женски знаат само да прават драми околу својата менструација.
Издркотини лезбејски. Жени што се облекуваат и однесуваат како мажи не може, а да немаат доза на женски педерлук во нив и вишок тестерон. Тоа не е само социјален феномен, туку и генетски.
Јас не сум таква. Не сакам пцуење, вулгарни зборови и грубо однесување. Ама не го сакам истово ни кај мажи. Значи, ако некоја особина ми е одбивна, одбивна ми е и за двата пола.
Мислам дека повеќето ја испомешале темава.Жени што се однесуваат како мажи за мене се оние со некој хормонски проблем(лачат повеќе тестостерон),потоа психолошки проблеми под влијание на околината,семејните проблеми и слично.Значи жени што се осеќаат како машко,како тој пол,а не само што се однесуваат. Трети се некои што се филмаат и искажуваат некаков револт ,си го мразат родот и животот и затоа се облекуваат како машко,прават таква фризура,приземаат машки навики. Во принцип двата пола се многу слични,одредени примарни и секундарни карактеристики ни се разликуваат.Она со плукањето и пцуењето е знак на култура,не зависи од полот. А пак некои не ги разбирам.Имав другарка до 8мо одделение право машко беше и после на полуматура ја глеаш у фустан,со фризура и штикли,нашминкана и си викаш,што се деси,што значи била фаза на самооткривање. Јас пак се облекувам и изразувам како женско,ама имам конструкција апла билдер,кревам тешко,поправам ствари,знам да работам со алати(бурмашина,чекани,да менувам гуми на автомобил итн итн).Тоа не ме прави машко,ниту се чувствувам така.
Темава е многу незгодна затоа што речиси секогаш би одела дискусијата за неа во погрешна насока. Се согласувам со @crimson . Не било женствено дерење, пцуење, пиење, грубост, а добро... мажествено е? Му личи на еден маж? Од пусти стремеж за подредување на улогата на жените, мажите ќе ги направат поцивилизирани, на сметка на тоа за нив самите да си створат слика на спротивното. Со изјави од типот на „повеќе му личи оти е машко“, всушност ги навредувате мажите. Се измешаа карактеристи на цивилизирано однесување проследено со одредени стеги, со однесување карактеристично за маж/жена. Спојлер Имав дедо којшто го немав слушнато да испцуе во неговиот живот, не претеруваше во ништо, не повишуваше глас, поседуваше доволно интелигенција со мирно да си го искаже ставот и да направи да го послушаш, па дури и срам да те фати ако не го направиш истото. Беше глава на куќата без да упати ниту еден лош збор, викотница или навреда. Кога ќе помислам во какви тешки услови се борел, заработувал и си го чувал семејството... па не му требале тие карактеристики за да биде маж во вистинска смисла на зборот.