Моментално серијава е најгледана во Турција, а претпоставувам дека некогаш за некоја година и кај нас на ТВ ќе ја емитуваат поради тоа што е толку гледана. Сега може да се гледа само на интернет, секоја недела излегува по 1 епизода. Видов дека во темата за турски серии сте ја спомнале, па може уште некој ја гледа, да ја дискутираме. Првично кога излезе видео за првата епизода, мислев нема да ми се свиѓа серијава, договорен брак, не знам што, викам сигурно ќе е од тие традиционалните досадни што ги снимаат. Но, поради тоа што сите почнаа да ја зборат и споделуваат и дадов шанса. Изненадувачки, многу е добра и не е тоа што делуваше на прв поглед, досега секоја епизода има прејаки plot twists. Ферит е бунтовен лик, женкар, нестабилен а треба да е наследник на големо богатство, затоа одлучуваат да го оженат со традиционална девојка што ќе го "доведе во ред". Но, наместо со девојката што му ја одбраа, се жени со сестра и, па драмата почнува. Потсетува на добра шпанска теленовела, драма има премногу. Глумците се многу погодени, мислам дека тие дополнително добра ја прават серијава.
значи серијата е предобра, рејтинг на гледаност е многу висок. btw серијата е по вистински настани, има и книга за сериата.
Ја обожавам серијава. Секоја епизода е како филм, држи внимание до последна минута додека заврши. 2 саати од епизода не ми се доста, многу сум навлечена на серијава.
Уште од прва епизода почнав да ја гледам. Може тематиката е клише, ама има потенцијал да стане подобро. Глумците зрачат.
Глумците се ептен погодени, сега за сега многу интересна серија. Ферит и Шејран премногу си одговараат, баш некако како да имаат вистинска хемија. На почетокот ми беше многу криво за сестра и. Ќе видиме што ќе де случи, сигурно ќе биде нешто неочекувано
И мене тоа не ми е јасно. Прво помислив дека е девојката на Ферит. Претпоставувам да не сонува, исто многу е чудна комуникацијата нејзина со братот на Ферит. Ќе биде интересно
Спојлер Најдобро би било да заврши со возачот Абидин, само тој е слободен и гледам прикажуваа некоја симпатија меѓу нив ама не знам дали е замислено да биде злобна, да прави драма и расипува бракови. А, како што секоја сцена е драма, нема да се чудам тоа да излезе.
Не верувам, којзнае колку години ќе ја снимаат, се тоа се шпекулации, кој ќе знае за 2 години во финалето што ќе е.
И серијата што беше по книга со Мехди и Зејнеп, па многу беше изменета. Они гледаат да има гледаност, ќе ја прилагодат некако.
Сестрата на Сејран ич не ја жалам. Драго ми е што не ја избра неа за жена, баш е одвратна. Никогаш нема да ја засакам.
Мене ми е антипатична глумица од кога глумеше во Ada masali серијата. И тука е глупава многу, за маж се кара со сестра и.
Ја гледавте новата епизода? Само што ја изгледав. Спојлер Суна колку е љубоморна на сестра и. Па и на Фуат што е оженет му се пушта, многу одвратен лик. Жал ми е за Асуман, добар лик е претставена, а не ја рецкаат во куќата. Мислев дека баш со Фуат ќе се најдобар пар што искрено се сака, зошто сите други се вараат и фејкаат нешто, но еден среќен у куќава нема. Овој па татко им психопат, не можам да го гледам веќе. Зошто кон жена му се понаша така одвратно, како слугинка да му е? Си викам да не излезе нешто понатака дека Суна не му е ќерка, имала оваа некој друг што го сакала или можеби едноставно е само психопат човеков. За оној стариот дедото исто не ми е јасно зошто глуми толку морален и се по правила, а ја оставил тетката? Не сфатив дали знаат другиве за нивното минато или никој ништо не знае ?
Вечер ќе ја гледам, да оди маж на работа. Видов за 8 епизода што објавиле, личи дека ќе биде многу добра епизода и ова.
Ја гледав и има многу повеќе токсични личности од што мислев. Мајката на Ферит и жената на Фуат засега ми се омилени.