Во право бевме на првите страници од темата кога викавме дека Пелин ќе прави шпански драми, нема така лесно на мир да ги остави. Кој кажа сигурно трудна дека ќе е, очекувајте го тоа сценарио 100%.
Остај и јас сега видов не го дочитав постот https://www.instagram.com/p/CnkNJ3OIdkA/?igshid=YmMyMTA2M2Y= .. ама види ја не ја гледам како љубовна серија. Ова е тешка психолошка драма. Сејран штом и се спомне секс или било каква блискост она се плаши, бега трауми од татко и и мајка и. Не е научена на мирно, само на викање и дерење и страв. Ферит е оштетен до даска..
Па да, пореметени се сите ликови ама сценариово се гледа дека им подлежеше на измени од првичната цел за промоција на Пелин. Ептен антипатична ми стана, безвезално глуми. Цела фамилија овие Корхан ме "разочараа" од прва епизода впечаток до сега. Овој татко му катастрофа излезе, се гледа Ферит зошто е таков..
Сега гледам на ФБ групи за турски серии, луѓето ќе се откажат од гледањето на серијата, само заради тоа со Пелин
@nena2010 Мерт на Афра ја објавил Шакира на инста, веројатно со некоја индиректна порака. Изгледа оваа го изневерила него. Не верувам да беше он изневерувачот дека ќе ставеше така јавно. Убав пар ми беа, штета што славата ги удри во глава и се разделија. Поинтересни ми се моментално трачевите за нив од серијата.
Ќазим откако го удрија по глава, се смени, емотивен стана . Ајде, дојде време и за сцени во болница и плачење, неизбежно во турска серија..
Мислам дека го ресетира Сејран. Шала на страна, Ќазиж е многу интересен лик. Од почеток прикажан како злоставувач, ќерките, жената.. ама, за него најбитно му е да му е чист образот! Да не го брукаат ќерките. Не му е него гајле до Сејран. Да не беше Ферит онаков, ич немаше да се смени. Него му мава на его " Каков сум јас тоа татко ќерка да не заштитам, да изгубам контрола!!". Он не сака да е потчинет на Корхан фамилија и да го гледаат од високо. Мислам дека има некое минато помешу Халис и татко му на Ќазим.. Пак ќе речам, сите гледаат љубовна приказна ама јас гледам психолошка драма. Инаку, не знам дали се сеќавате во првите епизоди кога беа, татко му на Ферит искоментира дека Халис имал некој вонбрачен син.. да не е Ефе Хан нешто поврзан со таа приказна. Дефне има причина да се свети (ама ќе видиме која). Мајка му на Ферит ми е енигма. Само чекам од кај неа да излезат духовите.