Мислам дека веќе нма да откажуваат серии зашто и народот реагира веќе. Им делува лошо само за тоа да се збори, психоза голема е, и децата бараа да се вратат на училиште.. И од синдикатот на вработени во таа индустрија реагирале дека по 150 души работат на една серија ( технички кадар) и не земаат плата ако не се снима.
Па така и треба.. Ауу значи и кај нас ќе ја даваат. Уништена со синхронизација. Не иде Пелин кај Ферит. Он на Сејран и отвра врата,плус и вратат е инаква кај Ферит од таа кај што ропа Пелин. Мислам дека она кај нејзините оди, зашто најавија дека ќе дојде нова глумица која ќе ја глуми мајка и ( се претпоставува). Како и да е ќе биде интересно.
Втората најава за новата епизода е предобра. Иако некако ми е нереално толку добри случувања да има во епизода. Сигурно за после ни спремаат некој пресврт.
22 епизода беше и тажна, а и многу убава. Спојлер Се изнаплакав за Асуман, не заслужува таков третман. Фуат од почеток приметив дека е со лоша душа, расипан и завидлив. Ферит е добар иако е блесав, а од Фуат да се плаши човек, испод мира триста вира. И Суна е слична како него. Што проневера со фирмата ли има правено со татко му се прашувам... Сега се повеќе си мислам дека можеби Асуман била пациентот, освен ако на крај бракот на Сејран и Ферит нема многу лош крај... Не ми се верува Ферит да остане верен и посветен сопруг, но не знам, на крај повеќе Фуат ќе изненади со неверство можеби. Ми се допаѓа што добија конечно повеќе внимание во епизодата Асуман и Фуат. Сега кога Ферит доби што сака, ќе видиме дали ќе остане истиот или не, тоа ми е мистерија.
Со англиски превод ги гледам јас, turkish123, најбрзо ги прикачуваат таму. Со српски превод мислам по неколку дена ги ставаат, покасно ми е, па не ги гледам така. Ја има и со српски, некој што ја гледа така, нека ти каже каде може да ја гледаш.