Не знам кај вас до кај сте, ама он мислам дека после 4 та или 5 та епизода оригинална си отиде и и имаше и на Инста ставено објснување зашто и како. После и ликот го нема, не е заменет со друг се уште ( сега сме до 24 та )
На Канал 5 ја гледам, трета епизода моментално. Значи како и секоја турска серија почеток врв после како продолжува се разлекува како кора за пита и цела серија пропаѓа.
4 турска епизода веќе се емитува на канал 5. Брзо ја емитуваат, ја мислев ќе ги влечат пократко епизодите.
Аха, немам навика да ги гледам турските серии на интернет, јас ги гледам на тв само. Ее рано е за 24та епизода. Мнооогу рано.
Јас гледав на рилс на Инстаграм видеа, па ја пуштив да видам дали ќе ми стане интересна.. Првите две епизоди само ги изгледав, кога ќе имам време, ќе ја пуштам пак, онака интересна е, не е класична турска серија..
За да има повеќе епизоди снимена според книга велат ми се чини, ама кој знае колку додавано има од тие што ја праеле серијава, Инаку не ми се допаѓа што дечкото на сејран се враќа одма назад мислев затворена приказна е тоа (4 епизода на канал 5)
Ја гледав сега 24 епизода. Ја претераа стварно со Пелин, но од друга страна ако ја тргнат како лик се ќе биде совршено и нема да има што да се снима. Рејтингот им паѓа се повеќе, епизодава беше досадна, а минатата ми се допадна. Ќе видиме во која насока ќе се движи серијата. Како што паѓа рејтингот, може две сезони само ќе истера серијава, но којзнае, може ќе ја влечат и повеќе.
ЕСМЕЕЕ бана бир кахфе гетир ЈАУ Ќазим е легенда, не ми се чудете ама јас само ради него ја гледам серијава, пресмешен лик како глуми свака му част. За улогата другпат би пишала за него сега да куцнам збор два за Ферит. Ферит ми е скроз одвратен, ако анализирате подлабоко,он нема нитуедна добра страна,искористува ситуација,манипулира со Сејран за да си ја оствари целта,разгален дечко цел живот му давале се поради тоа што бил болен од дијабет, ништо не прави и нема никакви амбиции,гневот и лутината ја канализира на најлош можен начин преку пиење и тепачки кои подоцна тоа се одразува на фамилијата и сите ради него мора да страдаат и да му ги чистат срањата што ќе ги направи ( делот кога новинарот ја рокна сликата од него и Пелин во весник) за работа очигледно не го бива, отиде 2 3 дена кај мајсторот за изработување на накит и толку, нема фокус дечкото се на се една обична нула, а силна желба да команда и да биде се по негово. Воопшто ама воопшто не ми се допаѓа,а да и уште ова можат малце веѓите да му ги средат,скроз му дава груб изглед на дечкото иако нема воопшто грди црти на ликот,ама веѓите го огрубуваат.
Јас мислам дека е многу одолговечено, зар книгава има 10 000 страни? Инаку @Shalitra тоа се вика гајтан веѓи, тоа се симбол на убавина. Барем во постаро време а знаеме дека сега убавина што се смета и во постаро време не може да се споредува.
А тоа што прстите му се често во уста и грицка нокти.... Не ја гледам редовно, ама ете тоа ми падна во очи. Многу невкусно.