Пресладок е Ферит за гледање. Личи дека е женкар и вака самобендисан и во приватен живот, зборат дека тој и ја расипал врската на Афра и дека и приватно имале нешто. Мислам дека затоа му легна добро улогата, не глуми, таков си е. Афра во други серии ми беше многу лигава и антипатична, премногу исфорсирана глумица, од мала главни улоги и даваат по серии. Повеќе би сакала Пелин да ја видам во нова серија како главен лик, од Сејран што е секаде главна и секаде истите, слични улоги ги добива, во вила и богаташка. Добро глумат во серијава нема што, но општо зборам. Досадна станува полека серијава...немам што да гледам, најмногу ми се допаѓа од сите што ги даваат серии сега, ќе продолжам да ја гледам. Имаше потенцијал за добра серија ама ја претераа со влечење и влечење на приказната. Замарањето на Ферит за секс е исто многу досадно.
Јас мислам дека е тоа дел од улогата. Сакаат да го прикажат како размазеното дете што е, има се (богатство, пари, жени, изобилие), но од друга страна има психички проблем некој. Претпоставувам подоцна ќе се открие. Дали бил сведок на ,,слободниот"љубовен живот на татко му, или пак насилство од дедо му... Не сум ја читала книгата, не сум гледала на ју тјуб, па останува да видам низ серијата. Мене ми е интересно како глуми фраерче и сепак мислам не е лош лик. Само дете размазено од родителите, нашле па зашле.
Ами тетката укори само, таткото со закани и тепање, и дозволува нивните учителки да ги тепаат на најмалата грешка, а мајката ќутете и ќутете им вика нема на се што се случува. И после самодоверба сакаш? Сејран е друга приказна затоа што ја имала сестрата да ја заштити да и вели ајде се ќе биде добро ќе успееш и сл.
Рејтингот паѓа ли паѓа. Каква добра серија, колку голема гледаност и потенцијал имаше за вака да ја упропастат. Последните 2 епизоди ги гледам со премотување, безвезни се. На телевизија ја гледам од ново, не ми се верува колку имаше пресврти, драма и напнатост, да чекаш нова епизода на почетокот и сега се сведе на ваква досада и никакви нови случувања.
Не мора да ги тргнат нив, но да се фокусираат на други работи малце. Да се дознае за Суна и Абидин, за Ифакат и Орхан да дознае дедото, Асуман и Фуат да посвојат дете, за минатото на Јусуф и Сејран сите да дознаат, напредок да има со Сејран и Ферит, дедото да дознае за проневерата со фирмата, да се појави Нукет, за минатото на Халис и Хатиџе да се дознае...има тон поинтересни драми да се прават и да се пополни епизода од Пелин, мајка и, кавгите на Сејран и Ферит. 25 епизоди и уште ништо. Или сценаристите не ги бива или планираат 225 епизоди да се снимаат и до тогаш ништо да не се открие и случи.
Веројатно вонбрачната ќерка на Халис, имал и внуче од неа. Мајката на Пелин ја познавала, во Лондон живее.
Многу ми е смешно како старион просипа морал по сите, а тој ја оставил Хатиџе пред свадба, вонбрачно дете има и кој знае уште што се не.
Нешто гледав Халис во младоста (ама гледам на нет), па имаше некоја расправија, па си поврзав ради тоа да не останал со Хатиџе
Алелуја дека ќе падне рејтингот, 25 епизода беше ептен досадна, и јас ја изглеав онака со премотување, и што е бе со плачи пи*киве у серијава, секој втор лик плаче, аман веќе банално ми е тоа плачење, Суна плаче пред Аби зашо Ифакат сака да ја спои со некој лик од Антеп, она плаче Аби плаче голем патлак бе друже, разбирам да се нанервираш, да покажеш слабост ама да плачеш ко цреп на секое не сфаќам.
Сигурно пак прават clickbait како тогаш со ноќницата. Ич не им верувам на трејлерите, секогаш вака прават.
Искрено не верувам дека би ја удрил.. ама кај загледав серија што се уште се снима и треба да чекам по цела недела за нова епизода
Исто. Ама не ми е толку интересно ко почеток, па некогаш заборавам скроз и кога излегува епизодата. На почеток стварно беше врв, едвај чекав петок за да ја гледам.