Нее.. Треба да се насоберат доволно епизоди за да се емитува кај нас.... Во Турција еднаш неделно се емитува серија, а кај нас 5 пати неделно... Прво ќе се насоберат доволно епизоди
Ајде да ја заживееме темава: Излезе најавата за втората сезона По она што е сигурно е дека во серијата нема да бидат веќе иковите на : Тарик, Сафет, Пелин и мајка и. Во втората сезона доаѓа ќерката на Халис, Нукет која ќе ја игра глумицата Binur Kaya и внукот на Халис кој ќе го игра Taru Emir tekin (син на глумицата Sam Seval од Забрането јаболко).. Гласините се дека Нукет е вонбрачна ќерка на Халис и Хатуџ.. Во првата епизода ќе ја видиме борбата за живот на ферит а дали во истата или следната и свадбата на Сејран и Ферит.. За Суна не се знае ништо и Абидин како ќе биде.. Во серијата има многу симболики. Суна ја затвара вратата на конакот во Газианте ( а со тоа и тајните и минатото), а во последната епизода Сејран ги отвара вратите ( ги отвара вратите на минатото и тајните ) . Старт на серијата во турција ќе биде на 15.09,2023 година односно следниот петок на Стар тв.
Ќе видиме.. Следниот петок. Веќе не читам спојлери на тик ток на све и свашта зашто ми ја уништија прва сезона. Вака од петок до петок ќе си чекам ќе си гледам.
Катастрофа се.... Овие па од продукција, поради паѓањето на рејтингот на гледаност ја доведоа назад Пелин...
Почетокот не беше лош ама после многу напорно за гледање... Цели епизоди само хистериите од госпоЖа Сејран, ептен ја претераа со улогата нејзина, цел филм го упропастија.
Искрена ќе сум јас. Не ја гледам серијата, од групите на ФБ гледам тие споделуваат што се случило во епизодата ... Јас ја прекинав уште во почетните епизоди од првата епизода...
Јас ја следам преку клипчиња на Инстаграм,и гледам дека Сејран и Ферит ќе прават свадба,сите насмеани и сплотени и убаво ми беше. После се бутнаа дома една мајка и син претпоставувам,ама не разбирам турски за да сконтам и тие ќе прават скандали за сите да се караат во фамилија. Епизодите деновиве гледав дека Ферит ќе најде снимка од бебе,вероватно Сејран ќе е бремена....ама некако каша попара и хистерија,плачки....се надевам малку ќе биде повесело со бебето....
Спојлер Таа жена со синот е тетка му на Ферит(вонбрачна ќерка на Халис).. Иначе Пелин ќе е бремена... Циркуз од серија стана...