И така е досадна глумицата. Ама не верувам, ќе изгубат доста од идеите за пополнување на сцени во епизода без неа.
Овој Казим гнасава веќе не можам да го гледам. Иако добро глуми, не секој би можел да го изведе ова ниво на толкава одвратност.
Јас тек утре рано сабајле ќе ја гледам, со превод ја чекам да излезе. Минатиот пат уште во 3 вечер излезе со англиски превод, па до 6 останав гледајќи ја.
Сфаќам дека е втор главен женски лик, ама многу и се дава простор. Треба и другите ликови да ги запознаеме, малку повеќе сцени од дедото, таткото, мајката на Ферит...или повеќе сцени од Сејран и Ферит.
Денес порано ја ставија, па не ме фати толку касно. Искрено најдосадна епизода до сега... Спојлер Ја претераа со Суна. Сакав повеќе сцени со Ферит и Сејран. Ферит многу интересен лик ми е. Се надевам дека побрзо ќе се тргне фокусот од Суна зошто станаа досадни. Ова со татково, не знам, малку претерана сцена. Мислев нема да биде до толку да стигнат до убиство. Премногу насилство и од негова страна прикажуваат што ми стана одвратно. Премотав некои сцени, не ми се гледаа. Се надевам дека само епизодава беше ваква, мачна и досадна за гледање. Иако често после 9-10 епизоди знаат да ги зезнат сериите... После Казим, Султан и Ифакат ми се тука некаде најнеподносливи ликови. И оние старине после нив. Скоро и да нема нормален лик, секој со своја дијагноза.
Премногу Суна сцени. Голем рејтинг имале епизодава, мислев ќе им биде паднат после епизодава. Не излезе уште ново видео за новата епизода.
Во право бевте за Суна, многу простор и се дало епизодава, а другите ликови никаде ги немаше. Фуат и Асуман не ги видов, освен на заедничкиот доручек. Фали повеќе внимание и на другите да се посвети. Во вака досаден дождлив ден + недела, супер ми дојде епизодава (се сложувам и дека со Казим сцените беа гнасни за гледање). Предобро е што трае 2 часа една епизода, лошо е што цела недела се чека за тие 2 часа.
Пратете го ако излезе со српски/англиски превод. Вака премногу не го разбрав, освен дека Ферит победи во играта. Суна за Фуат ли сакаат да ја побараат?