Да, Ќазим и Сејран снимаат мини серија за дигитални турски медиуми (турска верзија на Нетфликс) и ќе се снима само во мај, за од септември уште никој нема потпишано договор, уште може да се надеваме на продолжение хаха. Искрено ќе сакам да загледам серија ама прекинувам после некоја епизода, Женкар и со сите мани ми остана како навика, нешто како цртаниот во 7 кога бевме деца .
Има најава за нова серија баш вчера додека чекав Женкар видов, веројатно утре завршува. А нована на ништо не личи богами, од толку добри, квалитетни и модерни серии они ѓубрето го даваат.
Да, и јас мислев дека Куферот ќе го продолжат со оглед дека веќе заврши таа серија во Турција и имаат епизоди за прикажување. Ако ги укинат Цвеќињата и Грешниците ќе остават простор за нормални серии и тоа во прајм тајм, а не вака само во 22 часот како Женкар и Забрането Јаболко. Има многу солидни серии последниве 3 години, јас просто не знам како ги наоѓаат овие што ги купуваат сега, порано до пред 5 години и Сител и Канал 5 ги прикажуваа само најдобрите. Ова сега е ужас.