Само што ја изгледав новата епизода. Спојлер Дали Асуман конечно ќе се опамети малку? Многу јака глумица, штета што нема многу сцени, би сакала повеќе простор да и даваа да глуми. По нетов пишуваат дека некој лик од добар, ќе станел лош во серијав. Се надевам ќе е Асуман, а не Суна зошто заслужуваат во куќата да не е толку мека и фина со нив, ептен ја потценуваат. Фуат промашен лик ми е.
Не очекував дека во ваков правец ќе се движи серијата, мислев тој ќе трча по неа. Видовте новиот фрагман за петок? Кај сте да си ја коментираме серијата? Поинтересно е кога сме во друштво. @nena2010 @Dream-Girl @en5 @_beautyy_ @Semmi66 и други кои пишавте дека ја гледате?
Ќе видиме што ќе биед. Ама редно е Сејран да си признае дека го сака. И Пелин убаво постапи сто и кажа кои се плановите на Ферит.. Дедоно ме изнервира до даска. Ќазим и он се исти.
Ја гледам и јас само послабо сум на форумот приклучена. Битно темава ја гледам, си ја штиклирав еве на надгледувај ја темата, ќе пишувам. За Сејран и Ферит ми е мило. За Суна и Фуат не ми се допаѓа што планираат нешто меѓу нив да има. Сакам да е со Абидин. Абидин многу млад бил, мене на 40+ ми личеше, тој во 90ти роден да ти бил.
Почна малку рејтингот да опаѓа, а и за празниците изгледа ќе ни ја паузирале малку . Што ќе се гледа за празниците? Затоа е бакнежот меѓу Ферит и Сејран најверојатно. Да не излажат малку нас публиката... Пело станува небитен лик некако, мислев позблобна ќе биде, вака некако ништо не прави.
Гледав да. Петок еве ни го, нова епизода кај и да е. Иако може и сабота ќе ја гледам, зависи. На еден хрватски форум многу ја дискутираат, таму читав уште дека ова на аеродромот минатата недела се снимало. Мораше некако веќе да ги спојат, редно беше. Ќе видиме што ќе се дешава. Ќе го развлечат дејството секако зошто којзнае колку сезони ќе има ако продолжи да е толкав рејтингот. Затоа и не очекувам голем напредок со СејФер . За брзо сигурно за нешто ќе се скараат.
Растуриле со рејтингот епизодава. Ако ништо друго, 3-4 години ќе си имаме серија за гледање. Породилното и бременоста ќе ги истерам и уште ќе трае серијава.
Излезе веќе. Ферит сепак си замина. Највеќе ми е жал за Пелин во ситуацијава. Ферит ја смета како сигурна карта а и некако сеуште му е драга.
Ферит размазено лигле. Ништо не работи, живее од парите на дедо му, само плаче и се лигави. Да земат да поработат сами нешто, може нема тој стариот толкав авторитет да им е. Една вест за Асуман што ја изјавила во некое интервју. Нејзиниот лик допрва ќе се развивал, ќе имала епизоди во кои фокусот ќе бил на главен проблем со неа и Фуат, сега биле на друго фокусирани, за понатаму ја чувале приказната со нив. Ќе покажела низ што се поминувале многу жени и какви тешкотии имале. Значи со Фуат и Асуман ќе имаме драми наскоро, Фуат уште личи на мирниот син во фамилија, прикриено е полош и од Ферит. Чекам да се открие за Ифакат и Орхан. Тие ми се најгнасни.
Прејака епизода беше оваа вечерва. Најавата за следната епизода уште појака. Побрзо нека дојде следен петок, за зимскиот одмор и новата епизода ми е.
Конечно ликот на Сејран го вратија како што беше на почеток, а не да трча по лиглево. Колку неурамнотежен лик, најверојатно тој е ликот што одел на психијатар и по кого е снимана серијава.
Мислам дека нема да има пауза..да видам да побарам. Според https://dizioyuncu.com/2023-yilbasi-haftasinda-hangi-diziler-yayinlanmayacak/ Нема да се емитираат само сериите ба 31 12 и 01.01.. се понатаму ќе си оди како порано. Yali Capkini ќе биде на 30.12 и петокот после бадник како што иде. Првата недела од НГ нема нови епизоди. Ќе одат репризи. Нова епизода ќе има на 13.01.2023
Мислев на патувања нешто да не одат, па да им дадат одмор на глумците. Нас секако така со празници ни се погодува, затоа во Европа толку одмор имаме тогаш.