1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Женската облека од машки аспект :)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Nausicaa, 14 септември 2014.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Инспирирана од дискусијата на `Модни критики` околу тоа што е машки аспект, решив да отворам тема каде ќе може да кажеме какви реакции и коментари сме добиле од спротивниот пол за некој наши парчиња облека, без разлика дали коментарите се позитивни, негативни или едноставно- смешни :)

    Не само што се повикуваат машките членови на Фемина да коментираат на темава, туку напротив, и повеќе се од добредојдени со нивниот поглед кон женката гардероба и новите модни трендови. Навистина, како што имаме тема `Совети од МАШКА страна за сите девојки`, зошто да немаме и `Модни совети од машка страна за сите девојки`, како што некој и предложи :)

    Еве јас да го скршам ледот - Пред месец дена сакав од Али да си го порачам црното џепмерче, http://www.aliexpress.com/item/2013-sum ... 62756.html, му го пратив линкот на дечко ми кој ми го искоментира со зборовите `Еј мајка ми и баба ми имаат нешто такво чипкано, го носат кога одат на погреби!` И почнав јас да му објаснувам дека тоа е болеро, убаво е, слатко е, супер би ми стоело со фармерки бла бла, џабе, него му личело на нешто што се облекува за на гробишта...
     
    На viviette и Nana19 им се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753



    хаххаха ме насмеа со ова
    Еј мајка ми и баба ми имаат нешто такво чипкано, го носат кога одат на погреби!
    :rofl:
     
  3. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темава е интересна и би било добро да знаеме какви гледишта имаат мажите нели, за нешто што ние мислиме дека е одлично, а тие можеби го доживуваат на сосем поинаков начин :)

    Имам многу пати слушнато дека на машките им се нејасни балетанките што ги носиме :D Ова го имам слушнато од повеќе луѓе :) :)
    (Искрено и мене ми се многу непрактични и неудобни, но тоа е сосема друга тема, сепак имам неколку пара балетанки и сметам дека за во лето се одличен избор ;) )

    Имаше и други парчиња облека на кои не ми текнува, но ако не се лажам, имаат поделени гледишта за нашите сакани Boyfriend's Jeans :D
     
    На Cakica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетот на Сања за балетанките- дечко ми ги мрази посебно кога ги носам летно време на некое памучно фустанче.

    Е тогаш често слушам како на такво фустанче многу подобро ќе ми оделе старките или пак не ке е лошо да си купам некои летни патичиња.

    На почетокот се расправав за тоа ама веќе утрнав и не ни реагирам на таквиот коментар ама тој не е имун на таквиот мој избор и секогаш ама баш секогаш мора истото да го искоментира. :lol:
     
    На crazylady, naturally и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Дечко ми на пример многу го нервираат оние свиленкасти чорапи што обично ги носам на балетанки или штикли (кога носам пантолони/фармерки). Тие уствари не се ни познаваат, проѕирни се и таков е материјалот, ама знае дека ги носам и не може да ги поднесе :lol: И не бил материјалот во прашање (баш бил убав, нежен) туку фактот дека се чорапи. Значи ако е хулахопка - може, ама ако е чорапа - не :D
     
  6. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Балетанки, шалварски типови на некои пантолончиња, фармерки со претерано низок струк, ријанки, плетени работи можеби, зависи од моделот и такви некои работи, незнам, можеби дека ја истакнуваат помалце женственоста и женското тело, значи, немора да биде се стегнато, но едноставно некои модели не ги бива :)
     
  7. Avokado

    Avokado Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    363
    I decko mi ne gi saka, inaku ne sama nitu koga bidam dekolte sramota bilo site gradite da mi gi gledale, à ne se gledaat ni malku ama toa bilo premnogu. Ne nosam helanki ama mnogu grdo mu deluvale epten se iscrtuvalo se od niv, pogotovo tigrestite :)
     
  8. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    И јас мислам дека не ги сакаат шалварите,се знае машкиве сакаат нешто постегнато :D а исто и за балетанките ќе се сложам,незнам што толку им сметаат, па неможе само на штикли да бидеме,тешко дека би се откажале од нив :)
     
  9. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Патики, 100 пати нешто поубаво од балетанки, не вика никој штикли :D
     
    На Captain-Omni, LittlePinky, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Samer

    Samer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    И мојов дечко не ги сака балетанките , а и шалвари ич не сака . Исто така несака сиви тренерки и некои широки модели :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Значи овие џемперчина и балетанки на дечкоми најповеке му бодат очи :D
     
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Го пишав тоа затоа што мојот обожава штикли ;) патем е и секси.Секој со своето мислење.
     
  13. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Добро и јас го пишав тоа зошто неможете нонстоп да бидете на штикли, а секако дека се секси, само дадов алтернатива......
     
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    И на дечко ми не му се допаѓаат балетанки, ма да скроз го разбирам, бидејќи и јас не сум љубител, имам само еден пар и ги носам ептен ретко и не искоментирал конкретно за моите, туку општо констатирал дека не му се допаѓаат тие обувки.

    Тигрест дезен му е одбивен, како и тенки црни хулахопки, му изгледаат дека се наменети за повозрасни жени, со што исто се согласувам, не носам ни едно ни друго.

    Овие се неколку конкретни нешта за кои се изјаснил, а за други работи, како на пример модни комбинации до детал, дали штиклите се црни или тегет, или каков материјал ми е омилениот фустан - не е ситничар, ниту пак се замара. Битно е нештото да стои добро и тоа е тоа...
     
    На crazylady, LittlePinky, Saraa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Хаха му кажувам на дечко ми што читам моментално.
    Ми рече во негово име да кажам дека тој лично мразел
    Фустанчина,кога и да ме види по фустанче ми вика дека му сум личела на певалка!
    Одвратно муе.
    Мрази принтирани работи еднаш облеков еден градник тигрест со цел да изгледам секси нели :?повеќе да не си го облекла ми вика одвратен е.
    За балетанки пупина да не правиме муабет,гледам не бил единствен што не сака.
    И бунди,на дива свиња сум личела кога сум носела бунда :sweat:
    Ептен е џимрија кога станува збор за женска облека.
     
    На viviette му/ѝ се допаѓа ова.
  16. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    За сите машки што тврдат дека хеланки не сакаат, цврсто верувам дека не ги сакаат кај своите девојки/ сопруги. Од љубомора :). Не верувам дека им сметаат кај некоја што ќе ја сретнат на улица. Баш заради тоа секогаш го игнорирам тој коментар и му повторувам дека хеланки сум носела и пред да се запознаеме и секогаш ќе си носам. :lol:
     
    На SV1911 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. viviette

    viviette Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Најпрво браво Nausicaa за темава! :D Открив нешто ново - Никогаш на памет не ми текнало дека машките не ги сакаат балетанките.
    Знам само дека машките не ги сакаат шалварите, што е разбирливо, не делуваат многу женствено, а хеланките мислам дека ги сакаат ако девојката е слабичка, а ако е полничка и се познава „портокалова кора“ на хеланките мислам дека нема баш да им биде пријатно на очи, повторно разбирливо. Што се однесува до animal принтот, мене лично не ми се допаѓа и ме асоцира на турбо-фолк певаљките, а дали на машките им се допаѓа, тоа зависи од машкото и е индивидуално
    т.е. дали се пали на турбо-фолк певаљки или не :D
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.572
    Пол:
    Женски
    Балетанки, шалвари, низок струк на фармерки/панталони, ефтини материјали, јаки бои на кармини и лакови...

    Конкретно дечко ми општо, не само на мене не сака скроз рамни чевли без разлика дали е балетанка, чизма, а ни штикли кои напред немаат барем 5 мм платформа, но не сака ни штикли на високи платформи, ни па полни пети.
    Патики не носам, па не коментира, а и не сме паднале на таква тема :lol:
    Хеланки, шалвари и низок струк.
    Ултра кратко и ултра тесно. Лош материјал на гардероба, па и обувки.
    Црвен кармин и лак. Бижутерија и пластичен накит.

    За хеланки ќе се согласам со погоре коментарот дека многу машки не ги сакаат кај своите партнерки, а им се допаѓаат на други.

    Иако познавам доста момци кои сакаат своите парнерки да ги истакнуваат сите можни облини. :lol:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Искрено мислам дека ретко кое машко се замара со облеката на девојка му до толку ситни детали. Обично коментираат кога нешто изгледа евтино, пренатрупано и беспотребно. На пример никогаш нема да сфатат некои масивни венчиња и други бижутерии, во сите бои и материјали, неонско дречливи нијанси, облека во некој винтиџ принт и крој што ги потсеќа на фустанот на баба им, или па некои тупави чевличиња како на пример балетанките, некои груби ортопедски чевли што изгледаат како трупци на нога или па стриптизерски акцесорис со 17 см штикла и 5 см платформа.
    Значи пристојна елегантна обувка која што ногата и одот ги прават поженствени, без разлика дали е тоа патика, чизма или сандала.

    Што се однесува до шминка и фризура верувам дека нема машко што се восхитува на торти фризури, тапирани, волуменозни, закоравени од лакови, иако доста голем дел од жените така си се допаѓаат кога сакаат да се дотераат за некоја свеченост.
    Шминката да не е нападна со флуоресценти или даркерски бои на усни или катран на очи, да не е неуредна и непрактична, во смисла недела дена после тоа да се чистат од светки или да тријат остатоци од кармини, пудри што се отсликуваат или утнати нијанси што параат очи.
    И секако орловите зашилени гелни нокти да не ги заборавиме. Не само што не им се допаѓаат него и страв им е од нив :whew:

    Несоодветен изглед за одредена прилика, на пример ако сте се договориле за на водно или матка, а се појавувате во најмала рака како за денско излегување на пијачка во центар.

    И да се од оние типови што им е ок разголено и стегнато пак треба усул, никој не сака да шета девојка што и се гледа половиот орган или постои ризик да и рипнат брадавиците кај некого во очи. Ако излезе провокативно дотерана во штикли и шлицови да знае да се носи со нив и ако се вртат по неа на улица тоа да биде од восхит, а не од потсмев затоа што иди ко на јајца или постојано се подместува и си го поткрева корсетчето што се лизга.

    Значи кога ќе се поздразмислам, пак се враќам на заклучокот што го дадов уште на почетокот на постов, дека не сакаат ништо претерано. Мислам дека машките се доста едноставни во тој поглед и се' што бараат од жената е таа да биде негувана, колку што може поприродна и да биде своја, а не да изгледа како премногу да се трудела и на крај изгубила осет за естетика.

    Како и да е после толку жалби и поплаки упатени од маживе, на крајот на денот сепак уште еднаш да го потврдиме тој факт дека најголем дел од жените се дотеруваат за да воодушеват други жени, а не своите мажи. И во тоа лудило кој да биде поуникатен и подотеран излегуваат и некои трендови што не се сварливи за сечиј желудник.

    Инаку мојов единствено што бара од мене и ми сугерирал уште на почетокот е тоа да носам убава памучна долна облека, наместо секси чипка, ама добро на тоа не му е толку местото тука, може слободно да го сместиме и во фетиши :lol: за се друго нема засега проблем и сме на исто рамниште.
     
    На kjukli, crazylady, AziskaStrslenka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    И дечко ми многу мрази балетанки, значи одвратни му се, како и ниски обувки римјанки или ниски сандалки од кои се гледаат прстите. Нив смета дека местото им е на плажа, а за балетанките се чуди на кој му истекнале толку грозни обувки. Вика дека со балетанки сите жени одат ко патчиња и му даваат неправилно држење на телото, што е многу точно ,втора причина ја дава таа што се многу неудобни поради тенките ѓонови залепни до земја и како може некој да ги носи и да го осеќа секое камче на земјата дирекно под нозе. :D Јас се согласувам иако имам 2-3 пара, ама ги носам само летно време на факултет затоа што несакам да одам со сандали и голи прсти во образовна институција.
    Исто така мрази штикли до големи платформи, обувки со многу дебела потпетица му делуваат грубо и мрази штикли со отворени прсти. Значи ми вика незнаеш колку грдо изгледаат палецот и показалецот збутани во тоа просторче, стиснати, поцрвенети и пола висат надвор :D . Јас сакам такви и си носам иако не ми висат прстите така пак ќе се согласам кај него затоа што е честа гледка кај жените.
    Највеќе му се допаѓа кога сум најобична, со маичка, фармерки и патичиња.
    За хеланки и тигрести дезени никогаш не ми коментирал затоа што не ни носам такви парчиња, како ни светлуцави миничи и торта фризури, ама можам да претпоставам што мисли.
    За шалвари поима немам што мисли, ама јас имам едни широчки панталони од свиленкаст материјал и баш му се допаѓаат. Сака кога носам и тесни работи кои ме исцртуваат и кога носам нешто вакво поширочко, во глобала му се допаѓа како се облекувам и не ми дал некоја сериозна критика.
    За гардеробата што ја имам досега не ми нашол некоја замерка, му се допаѓа се што имам, ист вкус имаме и секогаш знае што да ми избере кога сака да ми купи нешто изнанадно. :)
     
    На crazylady, LittlePinky, Sfera и 3 други им се допаѓа ова.