RainBow se soglasuvam so tebe majka mi taka mi burichkala po tashna i mi nashla cigari (taka i dozna deka pusham) i mi doaga takva nakurchena da me ,,kara`` ama rabotite se prevrteja i na kraj iskochi ona vinovna zoshto mi chepka po moi raboti
Ниту сум чепкала некому, ниту сакам некој да ми чепка мене. Ова важи за ташни, мобилни, фиоки, плакари...се'.
Наискрено , не нејќам да ми чепкаат по мои приватни работи .. дури и да ми е најблизок тоа ме иритира .. И кога ќе ми кажат , чуствувај се како дома , не чепкам .. А дечко нејќам да ми чепка по ташна и додека имам , ќе му укажам дека тоа ме нервира и да ја цени мојата приватност Секој си има своја приватност
Хахаха значи ми се нема случено само на мене... Двајца бивши досега ми се имаат испонашано така. Едниот дури ми зиркаше во новчаникот и ми приговараше на што и како си ги трошам парите... Хелооооууу мој живот.. повече од мило ми е што веке не сме заедно.. А пак другиов... Да можеше ке ми се пикнеше во гакиве да види што марка се мислам навистина незнам што им е на луѓево може јас на такви налетувам се.... ама недозволувам така да се понашаат...одма применувам антидиктатура или чао пријатно довиџења, што ке ми е некој кој не ми верува.. поарно сам па како знам...
Сум чепкала и ми чепкале ама само по мобилни. Јас бришам се,пораки,повици од навика по се изгледа,па затоа и не се лутам и секој може да ми чепка,нема никаков проблем. А чепкања по ташни,претресување и буричкање би дозволила само ако некој ми покаже значка,детективска.Тоа веќе го сметам за сериозен облик на нарушување на приватноста и многу глупо ми изгледа.Досега сум немала такви проблеми,фала Богу никој не се обидел да ми проверува што имам во ташната,ама можам да претпоставам како би изреагирала.И не го разбирам тој интерес да се претресува нечија ташна,како што кажа некој небаре ќе се најде којзнаешто внатре.Во телефон е друго.
И мајка ми ја има истата лоша навика. Откако почна да се сомнева дека пушам, редовно ми буричка по ташните, и уста не затвора кога ќе најде цигари или запалка. А и редовно ми ја брои заштедата и ако фалат пари веднаш како некој детектив прашува каде и зошто сум ги потрошила
Дечко ми никогаш не ми чепкал во ташна,јас имам навика да кажам: -Оди види во ташната!!!Тој нее....никако не ни помислува,само ми ја подава и готово,барем за тоа е послушен...а и да сака да виде нема ништо толку посебно....затоа па мајка ми го надокнадува, се нешто чепка,бара,проверува,брое.....се ја интересира!!!
Да можеше ке ми се пикнеше во гакиве да види што марка се ме изнасмеа и јас го имам тој проблем али не со ташни туку што ми чепка по моб тоа страшно ме нервира му имам кажано али очигледно не може да свати
Никогаш дечковците не ми чепкале по чантата ниту пак по телефонот. Не е дека не им дозволувам, ама едноставно, немам што да кријам, и да сака да чепка, нека повели. Ниту пак јас чепкам - немам што да барам во телефон и слично - не дека ќе најдам нешто таму. Ако сака некој да скрие нешто, сигурно нема да крие во телефонот. Како и да е, во принцип не оправдувам рошкање во женски чанти, телефони и слично... само внуките мои можат тоа да го прават со оглед на тоа дека едната има 4 години, а другата година и пол - си чепкаат некогаш и без прашање - и поради нив не чувам компромитирачки работи во чантата, како кондоми, влошки и слично од кај знам кога можат да го извадат
не еве 2 години одиме и во ташна ми нема чепкано. А и многу се нарвирам некој да ми чепка во ташна или во новчаник, сестра ми ја има таа навика и секогаш се караме за тоа, не дека имам нешто што таа не смее да види, туку онака не сакам, ми смета и ме нервира. А дечко ми понекогаш ми го зема телефонот божем да провери дали сум криела нешто од него и што е најтрагично не влага во смс или повици туку во игри, така ми вика само за да му го дадам телефонот и да може да поигра, зошто иначе за игри не го добива мојот телефон. А јас редовно му го проверувам телефонот, не знам зошто, ниту сум нашла некоја порака или повик, ама што да правам тоа е посилно од мене , и редовно му чепкам во кола иако јас никогаш не би дозволила да ми чепка во моите приватни работи.
Мама е инфо биро.....таа ако не ми чепка во ташната не е жива...... А иначе да имам дечко 100000% би го проверувала неговиот мобилен!
Хахаха, е се изнасмеав со некои коментари. Не знам како изгледа тоа. Дечко ми не ми чепка ниту по ташна,ниту по мобилен, ниту по дома кога ќе ми дојде на гости, на пример некои работи у ве-це или низ соба, што ја знам. Ако нешто го интересира прво културно ќе си праша, па ќе чепне внимателно. Многу пати му имам речено да ми извади нешто од ташна. Никако! А мајка ми порано ми чепкаше по мои работи и многу ме иритираше, а сега само по алишта. Се плаши дека ќе наиде на нешто, па ќе се усрамиме и двете... И тоа, дечко ми нишо не ми чепка, ама толку ме напиња да му го покажам дневникот!
Дечко ми има обичај да ми чепка по мобилниот,ама и јас неговиот го боравам цело време.По чантата никогаш не ми чепкал,а и да сака нема шанси да му дозволам.
Не, не чепка по ташни мои затоа што го нервираат,додека да најде некоја ствар,оти се преполни со сваштарии
Мајка ми знаеше често да ми чепка по фиоките низ соба, ама никогаш не можеше да најде нешто што би и било интересно, затоа што таквите работи ги чував на посебно скришно место кое на никој ни на крај памет не би му текнало. Ама еднаш го фатив татко ми како го подига паркетот (баш таму ми стоеше кутијата со важни работи) и како го наоѓа дневникот и го отвара, а во тој момент влегов и се испокаравме и тоа никогаш му го немам простено, а он ми се бранеше со тоа дека мислел дека сум пушела цигари, сум имала сексуални односи, со кој памет го мисли тоа ?! И после тоа морав да барам ново место, кое е исто така чудно, па се уште ми ги немаат најдено работите. А бившиот дечко само телефонот ми го чепкаше, и тоа само со моја дозвола, а ташната никако.
По ташна не ми чепка не го интересира баш,ама мобилниот......но мене не ми смета нема што да кријам а и јас неговиот си го чепкам не дека не му верувам туку само да му вратам
јас имав сличен проблем порано .. од што беше љубоморен секојдневно ми го проверуваше телефонот - повици, пораки, слики, видеа се .. можеби со тоа ми покажува дека му значам, па е загрижен .. од кај да знам уствари?! ама не ми пречеше и онака премногу го сакав,сакам
Не чепкам по туѓи работи и несакам да ми чепкаат.Дечко ми порано чепкаше по мобилниот ама сега поретко,иако тоа не ми е којзнае колку сметало.Повеќе ме нервира кога другарки ќе ми го земат телефонот и ќе речат еее чекај да видам што слики имаш,какви песни....и велам абе ајде откачете се.Јас никогаш не сум зела на некој друг да чепкам по телефон или чанта и тоа страшно ми оди на нерви.Исто така ме нервира кога по комјутерот ќе почнат секаде да чепкат, истата приказна како со мобилниот.Треба да се има култура,мислам дека пред се дека културен човек нема да прави такви работи.