Женската чанта е мистерија за машките. Нешто несфатливо! Ама затоа е женска работа! Нема што дечко ми да ми претурува по торбата, освен ако јас не му кажам нешто да ми извади! Многу би се ифрустрирала А за мобилен...па не се неривира толку. Понекогаш знае да го земе мојот телфеон и да разгледува слики или да префрлува песни, а неретко и да забега “ненамерно„ накај пораките. Му имам спомнато, ако јас не чепкам, нема ниту тој. Ја сакам својата приватност и ја ценам повеќе од било што. Сепак, има дел од мене што не сакам да го споделувам со секој, макар дечко бил.
Некои работи и на електричен стол да го стават нема да ги признае. Одбива да биде искрен кон себеси и кон мене -да признае дека е екстремно љубопитен и потајно сомнителен . Со него ги сподeлувам и најинтимните тајни и доживувања , немам нешто посебно во чантата а тој сепак сака да знае што има внатре . Неизвеснота го убива , колку пати ли сум ја заборавила кај него или пак порано телефонот , и следниот ден ми раскажува што видел внатре - не со цел да ми даде до знаење дека погледнал , туку несвесно сака себеси да си се извини и оправда што имал недoлични сомнежи . Не ми смета воопшто . како што кажав , не кријам ништо и баш ми е симпатичен
Баш вчера се деси да седиме и да јадеме надвор и ми стигна порака од другарка , за да искочиме вечерта и дека немав кредит побарав да ми дае од кај него да вратам . И таков љубопитен се гледа на него Ја пратив и му го давам телефонот , вика ја избриша ? Викам не и одма да види што сум пишала . И му покажав од кај мене кој и што ми пишал . Ми беше интересно што така демек не го интересира а од внатре .. Интересно ми е зошто не кријам , да кријам нешто богами весело ќе е . Воопшто не ми смета , секако се дур јас нешто не сакам да скријам
Не само дечко ми, туку не сакам никој да ми чепка во ташната. Не дека нешто кријам , туку тоа ми е некултурно. Не чепкам и не сакам да ми чепкаат. Дечко ми не ми чепка, ми ја дава, па јас наоѓам и да му речам тој нема да отвори. А моб. го зема само игри да игра.
Нема некој обичај да ми чепка во ташна освен ако му побарам нешто да извади и тоа неколку пати се има случено... А и не ми го чепкал телефонот никогаш ни јас него
Не сакам да имам партнер кој толку добро ке ме познава или ке има храброст да ми брка низ ташна. Сакам да не откриваме многу затоа што така врската ке стане здодевна... Иако сепак ке видам .. има време
Искрено не сум обрнала внимание на оваа ситница. Знам дека не чепка а некогаш кога ме мрзи да станам и да земам нешто му велам оди земи таму е ташната а тој сам си кажува дека и да сака да најде нешто нема да му успее затоа што има СЕ освен ред нема . Женска ташна
На почетокот знаеше да чепне по мобилниот, нормално дека ми идеше на нерви кога знам дека го подјадува сомнеж,сега фала богу му помина таа за мене несфатлива навика.Ако некој решил да изневерува со тоа што ќе се обидуваш да го контролираш нема ама баш ништо да постигнеш освен дополнителни нервози(барем јас мислам така). Ниту претурам по нечии лични работи и нормално дека не сакам да се претура по мои,не дека нешто се крие туку сето тоа изгледа толку невкусно и некултурно што ми ствара проблеми со дигестивниот систем ама баш веднаш.
Во ташната ретко ми е чепкал, единствено ако му побарам нешто да ми подаде, сепак мене не би ми сметало, бидејќи не кријам ништо, а и слободно се чувствувам со него. Во телефон, одверем навреме си погледнувавме порано, сега повеке за да си разгледаме сликички што сме се сликале и онака. Ама искрено не ми смета, дури не обрнувам внимание на тоа. Јас мислам и да ми отвара во чанта, нема да забележам и да му придадам некакво значење на целиот тој настан. Се сметаме блиски, така да на секоја тема и во секое делче слободно може да ѕирнеме , а да не ни забалежиме.
Многу ме нервира кога некој ќе земе да ми чепка по ташната Затоа ако приметам дека некој има таква намера одма прекорувам. А дечко ми воопшто не е таков да чепка, ако нешто го интересира ќе ме праша и тоа е тоа.
Не носам ништо посебно во ташната, но секако дека би ми пречело да ми буричка било кој, особено скришум или без одобрение. Тоа е исто како некој да ти буричка по џебови. Едноставно кажи му на твојот дечко дека тоа е твоја приватност и дека нема право да ја нарушува. Мене повеќе од ова ми пречи инспекцијата во мобилните телефони и размената на пасворди од ФБ. Значи тоа е ужасно лошо. Не би сакала дечко ми да има сопственост и право над мојот телефон, а секако не би сакала ни јас да го правам истото. Да изигравам инспектор. Многу ми е глупаво и бесмислено. Ако имаш доверба во некој-имаш, ако немаш- што бараш со него ??? Тоа е тоа....... Мене лично ме нервира тоа што брат ми, иако е помал се обидува да дознава се’. Во неколку наврати го имам затечено како ми ги чита пораките во мобилниот и секогаш после тоа настанува бурна караница. Тоа не го оправдуваат ни моите, но ете.....се однесува премногу заштитнички
Ќе ми смета ако кријам нешто од него. Немам некои сериозни, опасни зделки со опасни типци па да не може дечко ми да знае. Веќе мобилниот ми го научил напамет и воопшто не ми смета кога ќе ми ги прочита безбедносните кодови од T-mobile, пораките кога сум ставала кредит и кога сум уклучувала 200за500 . А па и во именикот имам само броеви од најблиски. Не гледам причина да кријам нешто од него.
Не сакам чепкање и претурање по мои лични нешта без разлика дали станува збор за чанта,фиоки дома или од биро на работа. Јас го почитувам принципот на сопственоста и припадноста на она што е мое и туѓо и било кое скршнување од ова ми пречи. Не станува збор за тоа дека сакам да сокријам нешто од нивната содржина или па се срамам од нередот или распоредот или било што што може да се затекне,туку ни во мое присуство,а камо ли во мое отсуство не гледам оправдана потреба за ваква постапка.Ваквото њушкање ме иритира и ми е некако подмолно,како чепкање по приватноста,како обид некој да ме ѕирка низ клучалка дури сум во купатило.Не поднесувам вакви копања по некој дел од она што е мое и само мое и точка,море извичник ќе ставам зад ова. На почетокот од мојата претходна врска дечко ми знаеше да го проверува мојот мобилен телефон и му го дозволував тоа единствено за да се увери како таму нема ништо што мене ме компромитира инаку не ја одобрував ни најмалку таа постапка.Понекогаш земав и јас да го правам истото како за инает или враќање мило за драго,ама не ми правеше никакво задоволство,па престанав,а со тек на време престана и тој.Проверувањето на мобилните од страна на партнерите е знак на недоволна доверба,иако не го оправдувам чинот сум го дозволила за да избегнам непотрбни сомнежи и правење од глушец-слон.Меѓутоа јас не се јавувам на мобилните телефони нити на моите најблиски дома,нити па гледам на екран кој ги бара кога не се во собата присутни,а ни на крај памет не ми е да читам нечии пораки или разгледувам фотографии без дозвола и одобрение на сопственикот.Да немаше потреба од вакви разграничувања немаше да има и никакви права на сопственост и зборчињата како „мое„ „твое„ „нејзино„ итн ќе беа надвор од речниците на сите народи.
А мене ми се смеат кога седам до некој кој си ја внесува лозинката (на што и да е) а јас ја вртам главата. Ама убаво ми имаше кажано професорот по информатика во средно, компјутерска етика е да погледнеш во друг правец дур некој си впишува информации што се само за негови очи. За во ташна буричкање немам проблем, но само ако претходно ме праша. Пример: „Саја, може ли да земам мастика од твојата ташна?“ „Секако, послужи се сам. Лисиците и јапанските куглици си ги чувам во фиока.“ Е мобилен не давам да ми чепкаат, абе нема теорија. Како што можам јас со доверба да пристапам кон партнерот, така може и тој кон мене. Навредливо ми е, и мислам дека ако се дрзне некој да ми побара мобилен за да чита пораки, добива инстант шутка и билет во еден правец накај Недојдија.
Никогаш го немам фатено дечко ми како чепка по мои работи...дури некогаш кога ќе му речам да земе нешто од мојата ташна вели-ама земи си ти,да не брцам јас абе ептен културен дечко за разлика од мене ,љубопитна до бескрај,му имам све прочепкано Мобилниот сестра ми ми го чепка,ама му ставив лозинка за смс,а инаку мајка ми ја прогласувам за најголемо душкало-скрос сигурна сум дека и девниите од порано ми ги има најдено и прочитано,ми чепка и по новчаник-ја имам видено ,и по фиоки од биро и по ташна.......ете на кого сум се метнала душкало и јас
Дечко ми ми го знае пасвордот на фб, а и јас неговиот. Не заради некаква проверка, туку онака еднаш си ги кажавме. Иако тој не се уклучува од кај мене, јас тоа знам да го направам, чисто од љубопитност. Мобилниот ретко ми го чепка, затоа што знае дека пораки имам само од него, а повиците знае да ги прегледа. Порано ме испрашуваше броевите во именикот, ама му кажав дека ми смета таквото однесување и толку. А во ташната никогаш не пребарувал, едноставно не го интересира што имам внатре. Ептен ако јас му решам сам да си земе нешто од неа, тогаш да.
Општо гледано сакам да знам што богатство се крие во туѓите чанти, но не сакам да чепкам, некултурно е. Ниту пак сакам да ми чепка некој на мене во чанта, без дозвола! Исклучително многу ме иритира кога некој ми дошол на гости и ќе почне да ми ги отвора фиоките, го интересирало што има таму, сакал да чепка. Па што ми е гајле, јас сакам да не чепкаш. Имам наидено и на коментари од типот Де бе, што се носиш во чанта? -Ммм, не е твоја работа! Дечко ми се нема ни обидено да ми чачка низ чанта, и ме зеза дека некој може слободно бинго да си игра со неа. Никогаш не се знае што можеш да извлечеш. Бла, бла, бла. Дури и ова ми го прати: http://www.demotivation.us/a-purse-1250888.html Во однос на мобилен телефон, и да сака да гледа нема да му дадам да ми чита пораки. Немам што да кријам, но многу ме нервира кога ми буричка по приватност некој, како на пример мајка ми. Кај и кажувам се, она упорно сака да се увери преку пораките дека се дознала.
Не сакам некој да ми чепка во ташната, многу е непријатно и не го дозволувам тоа, сепак е приватност нели. Ниту пак јас сакам да чепкам по туѓи ташни. И на никој не му го давам пасвордот на фб. А кога некој до мене си го внесува пасвордот, редовно ја вртам главата. Ја почитувам туѓата приватност, а сакам и мојата да ја почитуваат.
Мразам некој да ми чепка во чантата. Не се случило досега и не сакам ни да се случи, ако се случи бурно ќе реагирам знам. Не дека носам нешто посебно,ама сакам почитување на мојата приватност. Јас ни во на мајка ми чантата не сум чепкала. Секогаш кога ќе ми кажи „Нејтири земи си пари или донеси ми нешто од чантата“ јас и ја носам целата чанта, па таа ќе си најде тоа што и треба или ќе ми даде пари. Не сакам дури ни на мајка ми да и чепкам, а не па на некој друг. Не ме интересира.