И да сака некој да прочепка, ништо нема да најде, бидејќи еве сега ако ѕирнам во неа, има оргии во кои се вклучени семки, монети расфрлани, влошки, пенкала и тефтер, марамици, крема за раце, шминки и се друго останато и неостанато.
Мојот дечко самиот одбива да ми чепка во ташна, го нервира тоа што не може да се снајде во неа, преполна е ! Не ми смета ако тој ми гледа во ташната, што ќе види? шминки,тампони, влошки, пенкала... Мислам дека нема ништо интересно во тоа, а и тој не покажува некоја голема љубопитност, туку напротив се нервира кога треба сам да извади нешто и ми префрла дека ,,се имало во ташната,само ред немало,, Инаку друг некој освен дечко ми, без дозвола не смее да ми чепка во мојата ташна, па дури ни мајка ми не смее (и имам забрането,иако знам дека понекогаш ја прекршува забраната)
Не ми смета, нека чепка. Нема ништо толку важно и страшно во мојата чанта. Дечко ми и нема таква навика,но некогаш мнооооогу ретко ако го фати мерак да чепне од чиста досада,тоа не ми смета воопшто. Некогаш кога носам големи чанти ми вика да видам што носиш во вреќава за компири. (а таа скоро празна ) Кога тој би чепкал не би го сметала тоа како некакво нарушување на интимноста. Би ми сметало ако би ми чепкале другарките или некои други личности.
Ми смета и тоа многу.Не можам да поднесам некој да ми чепка вташна,не пак вновчаник Спојлер тука ги чувам кондомите од дечкоми . Не чепкам ни јас во туѓа ташна бидејќи ми е непријатно,едноставно кога ке ми речат ај дај ми од мојата ташна ова и ова,е тогаш од што морам.
Не сакам ама баш НИКОЈ да ми чепка по ташна, ни дечко, ни другарки, ни мајка, ни никој! Тоа ми е мене едноставно премногу некултурно. За дечко ми не памтам до сега да ми чепкал освен ако сум го замолила да ми извади телефон или мастики. Еден гест што многу ме изненади беше пред некое време еден колега од факултет ми ја носеше ташната пешки едно 10 мин од факултетот (јадев) затоа што ми заѕвонел телефонот не сакал да чепка и он да се јави, до тогаш го сметав за токмак ама сфатив дека е прилично културно и воспитано дете
Мене лично многу ми смета чепкање по моите работи, без разлика за кој станва збор. Јас никогаш не отварам ни туѓи чанти, нити чепкам во мобилни, ништо, па зато сакам и кај мене да се почитува тоа. Дечко ми никогаш не ми отвара во чантата, ниту пак ми чепка во мобилниот. Него ако му треба мојот мобилен за нешто пример да се јави негде, прво прашва, па го зема, а во пораки и повици не ми гледа никогаш. Исто така мразам кога некогаш на несакање ќе му го дознам на некој пасвордот и секогаш му викам ај смени си го , оти неубо се чувствувам. Мене сестра ми ми го знај пасвордот на фејсбук, ама никогаш не ми влегва. Најмногу се изнервирав еднаш кога на една другарка дечкото ми го зеде мобилниот без да праша. Јас со детето не ни се знаев многу, а тој го зеде без да праша и си гледал песни за да си пуштел, не дека кријам нешто, ама неубо ми е. И само јас си го барам мобилниот да се јавам негде и тој ми вика ете го во мене, ако? и си викам ако бе ако ... А и да додадам дека и јас ја почитувам приватноста на дечко ми, дури еднаш за нешто ми го кажа пасвордот на фејсбук и јас завршив работа шо требаше и се исклучив ништо друго не видов, а тој да не си го сменал пасвордот и истиот му беше со месеци и коа слушнав му викам одма да си го смениш, уф неубо така. Уствари само сакав да кажам дека како што им ја почитувам јас на сите сопственоста , така сакам и мене да ми ја почитуваат
Леле ама се изнасмеав. Тој да не ти чепкал со цел мувачот да ти го најде во ташната. Никогаш никој не ми чепнал во ташна ни дечко ни моите од дома. Впрочем што може жена да носи освен несесер, новчаник, парфем, мобилен, цигари, тампони и слично. Чудно ми е.
Не чепка. Ако сака да види нешто ме прашува прво и нормално, му дозволувам да види. Не кријам ништо од него, така да нема да ми смета и ако чепка. Истото го правам и јас.
За во ташна не ми смета чепкање и онака ретко кој може да се снајде во тој хаос. Има се и сешто: влошки, шминки, пари, шноли, стегачи и триста други „неопходни“ тракатанци. Ми пречи кога некој ми чепка низ соба, по фиоки, плакари и мразам кога работите не се кај што ги оставам!!
Ниту тој самиот несака да ми чепка во ташна затоа што го нервира фактот дека треба да бара 15 минути за да најде нешто и да му треба нешто секогаш бара моја дозвола!
Една од работите што најмногу ги мразам е некој да ми чепка во ташна без моја дозвола.Моите дома се запознаени со ова и никогаш не ми отвориле,а што се однесува до дечко ми не ми се случило ни да помисли да отвори Што и да му требало ме прашувал јас да му дадам или пак да му ги ставам мобилниот или цигарите внатре,но тој сам да отвори или стави НЕ
Во ташна не, освен ако не му кажам, ама си чепка по телефон, скајп итн. Мене не ми пречи воопшто, не кријам ништо па не ми претставува проблем.
Не дозволувам, и порано низ дома многу се карав кога ќе пчнеа да ми брцаат низ ташна,без моја дозвола.Од проста причина што во неа си чувам влошки.дневник, презевативи и многу други интимни работи што не сакам другите да ги гледаат
Бившиот тоа го правеше. Ми сметаше многу. Сегашниов не е напаст како него. И мајка ми ми чепка по моите ствари па сега ги тргам колку што можам понастрана.
Не дозволувам никој да ми чепка, и иако ништо битно не носам, тоа го сфаќам како директен атак над мојата приватност.
Не сум имала што да скријам во ташна но не би сакала некој да ми чепка по мои работи. Ми се случило пред да раскинам со бившиот јас додека во тоалет тој ми ѕирка во ташна и ми чепка по мобилен појма немам што очекувал да најде.
Мене ниту ми чепка по ташна ниту во телефонот, Некој во првите мислења пиша дека дури спие му прави детален претрес на телефонот иста сум и јас, еднаш ме фати ама се извадив му реков дека гледам колку е саатот.
Јас немам обичај да му претурам по неговите работи, ама тој во моите да. Нешто што од секогаш најмногу сум мразела е тоа. Немам ништо за криење во ташната ама приватност е тоа не сакам некој да ми шета во неа па макар и тој!!!