Од дечко ми немам ама баш апсолутно ништо скриено. Се' си е кажано и покажано. Нит па тој од мене нешто крие. Баш вчера зборевме за ова дека од што е навикнат се' да ми кажува не може ни изненадување да ми приреди како што треба. Не може да издржи да не ми каже што ми купил на пример. Чепкање по моја ташна или телефон немало до сега. Ама и со тоа "чепкање" што конкретно мислите? Да ми ја земе ташната и нормално да си отвори за да земе нешто што му треба, јас не го сметам за чепкање. Иако многу ретко отвара и да му треба нешто, мене ми ја дава за да му извадам зашто тешко може да се снајде во мојата ташна, како и секое женско. Или па да ми отвори телефон да се јави некаде или да пише порака, да игра некоја игра, да отвори нешто на нет... Тоа е нешто нормално и воопшто не ми смета. Да земе кришумечката да ми ѕирка во ташна или телефон, со намера да види дали нешто кријам, тоа веќе многу кажува за нашата врска и нашата доверба која ја нема, а е клучна за една врска. Е тоа веќе ќе ми смета од причина што не дека отворил во ташна, јас и онака немам што да кријам, туку од каде доаѓа тоа да помисли дека нешто кријам. Проблемот не е чепкањето, проблемот е недовербата. Инаку, освен дечко ми, ниту една друга личност во мојот живот не сакам ни да се доближи до мојата ташна, телефон или фиока дома. Јас со него ги делам најинтимните моменти и тајни, друга таква личност немам во животот. Среќа па околу мене сите се културни луѓе па немам таков проблем. Абе некој да ми отвори ташна мислам дека во очи со игла ме боцка, немам ништо внатре што го кријам од било кој, ништо што не би можело да се види, најсекојдневни работи, ама пак не сакам да ми гледа никој. Или па телефон, само да го допре некој дури и за саат да види, мене морници ме полазуваат низ телото, а камоли па некој да ми отвара фиоки по дома, во иста секунда раскрстувам. Тоа ми е најдолното и најнекултурното нешто.
Ми нема чепкано по ташна или телефон, но ништо не кријам секако, не дека се замарам со некоја женска интимност.