Се сложувам во целост.Јас се одвикнав скроз од такви пополнети градници, прво не ми се згодни, а второ ова.И градите иако ми се малечки,се цврсти и кренати, а не како на некои другарки уште од 15 години обвиснати ко на бабите им се.
За оваа возраст дури и големи ми се. Но затоа пак, цврсти и подигнати. Не ми треба градник, но без него не се чувствувам комотно. А, да прашам. Дали кога ќе ја допрете градата ве боли? Мене дури и премногу ме боли на допир, а не па кога ќе ги стиснам.
Devojki imam 18 god i imam mnogu mali gradi, nosam gradnik 75. Dali nekoj znae kako mozat da mi porasnat pogolemi gradi bidejkji mnogu se sramam i za moja vozrast treba da imam pogolemi gradi.
Твоите гради се сигурно одлични. Не се срами од нив, па макар и да се мали како оревчиња. Најверојатно е генетски, а ако не е, тогаш не му се секирај, ќе пораснат до 20тата сигурно И јас имав мали гради, и еве ги пораснаа Исправи се, Делфина, другите во тебе гледаат нешто друго, а не гради и задник
Mе интересира која е возрасната граница до која растат градите? Знам дека за време на бременост и доење се зголемуваат. Дали некоја од вас може да се пофали со раст на градите после 18-20 година. Го пражував ова за да знам дали имам надеж јас да имам поголемки инаку носам 75ка пуш ап, а имам 20 години. Генетски имам предиспозиција за големи гради, т.е сите роднини имаат големи гради а јас....
Па на 20, 20 и нешто мислам дека престанува растот. Ете некои такви сме, и јас го имам твојот преоблем, знам дека ми се одминати годините за да ми пораснат. И јас незнам од каде имам вакви мали гради кога сите жени во потесното семејство имаат дури и можам да речам многу големи гради. Мене дури и 75ката некогаш ми е голема со најмала корпа и така си ги носам заради оптичка варка градниците
Не сум била единствена, се утешив со вас девојки И јас за 2 месеца правам 20 години, а градите од мали помали амин носам 75ка пуш ап и пак луфта имам ..
Последниот што го купив прслук ми е Спојлер 95D Во главно сум задоволна со големината, мада што не би ми сметало да имам помали, а поголем задник, таму сум рамна богами повеќе би сакала да сум пропорционална.
Си ги сакам моиве срциња се. Не се ни многу големи,ни многу мали,убаво се обликувани и не ми прават никакви проблеми Порано сакав поголеми,ама колку што повеќе лета живеам,толку повеќе гледам колку,всушност оние на кои сум им ги величела цицките имале црвчиња. Таман ми се,одлични се,земајќи во предвид дека не ги полнам со чорапи,гаќи,пердуви од гуска и по некоја верверица како што прават некои девојки
Па си ги сакам моите гради . Задоволна сум од големината не сум ниту го огромни гради, ниту пак даска за сурфање...Супер ми се .
ја си ги посматрам така понекад, и ми се чини дека едната ми е така (за нијанса) поголема од другата! Али си ги обожавам, мои си се на крај краева
Здраво. Имам 18 год. носам празен градник 75ка но брадавиците ми се испупчени, само кога ми студи ми се како сто сакам, и како сто треба.. Зошто така, и до кога ќе ми бидат такви, има ли некој друг ваков проблем и како се справувате со тоа, несакам да ми бидам вакви, бидеќи неубаво изгледаат.. Благодарам однапред.
И мене ме интересираше до која година растат градите затоа што имам 19 години а имам многу мали гради и дали има некоја улога храната затоа што овие 2 години ослабнав неколку килограми и дали тоа има врска што не ми пораснаа градите?