Големината на градите Не сум штица, а немам ни торби. Таман цицња за мерак хахаха, а кога веќе сите пишувате за задниците, тој ми е уште поомилен од градите.
Големината на градите Имам мали гради 70-75 зависи, тоа е така зашто неправилно ми е распределено во задникот имам повеќе одколку што ми треба, па затоа и градите ми се малечки . Да бидам искрена сакам да ми се едно до две брочиња поголеми, но сепак не би можела да се замислам со поголеми гради затоа сум си задоволна и со ова што го имам.
Големината на градите па фактот што многу луге кои не ме знаат од дамна ме прашуват дали имам силикони можете да замислите какви ми се градите...некогаш се срамам кога треба да побарам 95-ка ако од тој модел не ми е таман 90-ка
Големината на градите 85,90-C и многу сум си задоволна со нив, ги сметам за најдобриот дел од телото. Кога подобро ќе размислам, ние жените им даваме поголема важност на градите, отколку мажите.
Големината на градите 90-95, зависи И задоволна сум што имам така поголемки гради, си ги сакам и поштувам , си ги негувам, и на мојата висина ако сум штица ќе сум ептеееен штица, не бива Штознам, кај секоја жена ми е попривлечно да има деколте со кое ќе паѓа в очи Како назад што буљиме ние жените(посматрајќи дали нејзиниот гз е поубав од нашиот ) така јас и напред се ѕверам
Големината на градите Средни се и ги средувам во 80 C корпа , но убаво се обликувани сеуште, јас имам фобија од преголеми гради бидејќи не би да мислам како гравитацијата би била безмилосна кон нив па од над дијафрагма завршиле под стомак некаде . Инаку повеќе почитувам убава форма отколку само големина и навистина не разбирам како одредени девојки и жени ќе потрошат цело богатство на одреден фустан, а под него има некој навистина лош градник, бидејќи тоа паѓа в очи да не се залажуваме.
Големината на градите Големи воопшто не ми се, а не ќе да се и мали, иако според бројот на градникот 75-80 спаѓам во групата на девојки со мали гради. Сепак за мојата висина и конструкција на тело се совршени и не би сакала поголеми.
Големината на градите Јас носам 80 градник, средни ми се по големина и ми се омилен дел од телото! најголем дел од добиените комплименти се за нив На цврстина се идеални и ми прават преубаво деколте.
Големината на градите Сеуште сум мала да кажувам дали имам мали гради или не. Но сега за сега ми се прилично мали и несоодветни за годините. Кој знае, можеби ќе ми пораснат. Не сакам вакви, како машко
Големината на градите па би сакала да имам малце поголеми ајде има време може ќе пораснат иначе носам 75-80
Големината на градите Јас носам 85ка градник,и сакам малку да ми се помалииии сепак не се жалам има и со поголеми ,пријателките велат ми завидувале на деколтето Ама секогаш е така-имам мали-сакам големи и обратно....како не направила мајка природа -такви сме си најубави
Големината на градите Јас носам 75-80 градник, задоволна сум со нив не се мали. Но, би сакала да се малку поголеми
Големината на градите Моите се бујни гради и си ги сакам. Многу. Сеа не ми се којзнае колку големи, ама сепак се како за моја возраст се најубави јас мислам, многу ми го имаат речено тоа Една од најженствените работи ми е таа, а и најосетливи ми се, ракче сум јас што да праам + надаренка, а за прслук си земам и мојата величина и 1 бројче помал и ми изгледаат уште побујни и поцврсти, особено со 1 бр. помал како што земаат тие што имаат помали градници со пуш ап, многу ми ги истакнува, а во мојата величина си легнуваат попристојно и најнормално.
Големината на градите Имам средна големина на гради,али искрено ме нервираат кај дека сум и малце буцмаста па и ради тоа делуваат поголеми..и ми варираат често од тежината,ако ослабнам ми ги снемува!
Големината на градите Вистински лепотици. Порано ми беа многу големи, и делуваа чудно на мојата мала конструкција. Не бев дебела, личев на аниме цура. После тоа некако се смалија, и сега ми се тамански. Многу ми е поважна формата отколку големината, среќа што не ми се до пупак.
Големината на градите Потполно се сложувам со Saya дека поважна е формата отколку големината. Што ќе ми се големи гради ако не се убаво оформени, туку виснати. Моите гради во поглед на големината си се сметам баш таман. Носам 90 градник. Фала богу не ми се виснати, баш си се како што треба. Убави мои.
Големината на градите Била или не задоволна - тие се. И мои си се... засега Големината не им е воодушевувачка, ама мене ми одговараат, на висината и конструкцијата на телото. А да, и десната ми е поголема од левата