Женски критериуми во опаѓање

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 9 декември 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.489
    Пол:
    Женски
    Приметив кај многу мои пријателки и познанички кои не се сеуште мажени, дека од година на година, критериумот за мажи им опаѓа, уствари, тие истите пред пет години не би биле во врска никад со машко створење какво што го имаат сега!
    Можно ли е навистина, како стареат, така и критериумот да им паѓа, да бираат било какво капаче за лонче, се од страв да не останат и без тоа поклопче, па дај шта даш!?
     
    На zalosna, mKdevojce, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Afrodite¥

    Afrodite¥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    2.969
    Пол:
    Женски
    Not necessarily.
    Од година на година, па и од ден во ден, на сите ни се менуваат погледите кон светот, воедно и кон луѓето. Нешто што ми било привлечно пред 1 година, 1 месец, можеби сега не ми е. Некој со кој што не би ни помислила дека ме привлекува пред 1 година, сега можеби сум луда по истиот.

    Ама сепак не се исфрлува и твојата верзија. Бираат партнери кои што не се совпаѓаат со нивните критериуми мислејќи дека ќе им биде подобро одошто да се сами, а најчесто таквите врски/бракови не завршуваат со среќен крај.

    Сепак до индивидуалната ментална склопка е :D
     
    На Animali, Oleeenka, Snowflake97 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.489
    Пол:
    Женски
    Мислам дека поради стравот дека ќе останат сами, поради срамот дека ке бидат стари девојки..па почнаа дури повторно како порано да бараат стројници за запознавање, бараат и од мене ако имам некој познат неженет за да ги запознам..значи не бараат првенствено убав, во работен однос идр. туку само да е машко..алооо, кај отидоа работиве во денешно време, страв од самотија!!
     
    На H.VAGA, Tanjamm и hermosa им се допаѓа ова.
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.731
    Допаѓања:
    196.975
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е обратно. Со годините стануваш попребирлив и точно знаеш што сакаш а што не. Преку кои особини би преминал/а а преку кои не. И најважното да си свесен дека нема да го менуваш однесувањето и навиките на партнерот од кога ќе стапите во врска/брак.
    Не треба човек да прави компромиси со кои после не би можел да живее.
     
    На Animali, MarchelineAmaru, NarCis@ и 39 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.829
    Допаѓања:
    161.230
    Пол:
    Женски
    До општествените очекувања од жените е, тоа дека бракот е неопходна етапа во „нормалниот“ тек на човекот, а мајчинството - улога за која посебно жените се биолошки предодредени. Критериумите опаѓаат кај оние на кои влијаат традиционалниве гледишта и „што ќе кажат другите“. За останатите, односно за емоционално зрелите и еманципирани жени - важи обратното. :)
     
    На SV1911, Snowflake97, Mari* и 15 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    12.314
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека е можно и тоа како. Некој што за мене е (простете на изразов не ми текнува друг назив) сакатура пред 10 години и сега е. Погледот кон таквите работи не се менува. А како стареат и испуштаат сњ низ раце на крај за жал се принудени да го земат она што им се нуди а не тоа што сакаат. Баш пред некој ден коментирав парови од нашиов град,кога ќе видам кој со кого е сваќам дека поголемиот процент уопште не се бирале туку едноставно тоа им останало.
     
    На PaLaVa и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.287
    Sto ima loso od toa nekoj da te zapoznae so nekoj.
    Pa kuce zimas na cuvanje pa baras nesto da slusnes, da ima nesto sto odnapred bi go znaela.
    Pa ne bi jas so nikoj koj nikoj ne go poznava.
    Pa imam vo okolina gospodin koj za drustvo e odlicen ama , ama si laze I toa po na bagi I saka da se pokaze poveke nego sto moze.
    Jas licno od mazi so krediti uplav imam I nikogas ne bi zapoznala nekoj dvajca ako znam deka nekoj od niv ima krediti.
    @baba Rada nie sme vo zivotna doba koga site krediti se vrateni.
    Ete toa ne bi mozela da go nadminam, ama kako izgleda (samo da ne bide so stomak) ima li brcki, nekoj pritisok, ….:mm: ne e golema rabota.
    Verojatno vo mladosta bilo obratno, krediti ne mi smetale :lol:, ama toa da bidam vo vrska so momce koj nikoj od nikade ne go poznava toa mislam ni pod drugi uslovi ne bi go prifatila.
    Sum pisuvala deka so mojot soprug sme zapoznaeni od nasi poznanici, Namenski :clap: I sum ohrabruvala devojki da ne begaat od taka nareceni namesteni deckovci :lol:.

    Kriteriumite mi se drugi I te kako.
    Vo mladost baras nadvoresna lepota pa drugo ke specalime :wasntme:, sega toa bi mi bilo bas salabajzerski :worried:.
    Imam drugi kriteriumi. Mazenje povtorno I zaednicki racuni ne bi se nafatila ama partner da mi stopli krevet I za drustvo bi, dobrodojden e.
    Isto kako Mr. Big sto I rece na Carrie vo sex in the city "moze kaj mene kaj tebe ama na krajot na denot se znae cija kuka kade e".:$ ne me fakajte za bor ama sustinata bese taa.
     
    Последна измена: 9 декември 2018
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    3.514
    Пол:
    Женски
    Тешко му е на млад сам да биде , а уште потешко на стар. Сакаат друшка, спуштаат критериуми. Епа затоа јас викам на време треба да си потераат мажење/женење, а не бркај кариера па после цел живот со некој што не ми е по мерка. Епа ете... кој што си сака. Секој сам си ја капи главата на овој или на оној начин.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    2.365
    Пол:
    Женски
    ‘‘ Нема ништо лошо во градење на кариера самосојтно, па кога ќе го најдеш вистинскиот тогаш, битно да не се влечкате по адвокати или себични бракови '' заради децата ''.

    Ваков начин на размислување за жал сеуште постои кај одредена група на луѓе, надметнато од опшеството и нивното назадно опркужување.
     
    На Tanjamm, mKdevojce, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.489
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со тебе, баш спротивно, емоционално зрела жена, еманципирана, сака да има поред себе партнер, другар, да не седи дома сама додека нејзините пријателки на најубавите празници се со своите фамилии, тешко им паѓа кога немаат со кого на одмор да отидат...еве еден пр.за една докторка немажена, зрела жена, која после секој бадник ни вели дека ни завидува, дека она немала со кого лепче со паричка да скрши...џабе и е што е зрела, паметна, богата...секогаш вели да си најде некој за друштво, да не биде сама, да има чаша вода кој да и подаде...така да, паѓаат критериумите со годините како се зголемуваат.
     
    На christinnn, toogood, Emma2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Emma2

    Emma2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    За тие што ги спуштаат критерумите и има надеж, ама за другиве тетки (да,да реално се веќе тетки) што уште фураат филм дека се во 20тите, шо праиме? се занесуваат дека имаат уште време и дека не биле престарени а се близу 40ка. Имам такви другарки, не знаеш дал да ги жалиш, дал да се смееш.
     
    На ForeverYoung, Bitter-Sweet и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. BigMisterP

    BigMisterP Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    94
    Што значи ова? Првпат го слушам овој израз. :rofl:
     
  13. Heartagram

    Heartagram Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.773
    Пол:
    Машки
    ^ Некој кој е фаличен,има недостатоци,повредена рака,нога,нефункционална, (сакат), само што членот (членката) го употреби во преносно значење зборот.
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    75.567
    Веројатно опаѓаат критериумите со тек на време, поради стравот да не се остане сам. Зборувам за жени на кои многу им е важно да основаат семејство.

    Кога сме помлади тргнуваме од некои максималистички критериуми, па како поминува време, стануваме пофлексибилни. Ама сепак мислам дека секој има минимум критериуми под коишто не би одел.

    И јас немам ништо против запознавање. Едноставно знаеш двајца што се сами, ги запознаваш, па ако биде нешто - биде, ако не - здравје.
     
    Последна измена: 9 декември 2018
    На dunika, Harper, mKdevojce и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    907
    Допаѓања:
    1.881
    Пол:
    Машки
    Никој не е имун на времето, а не сме дизајнирани за живот во самотија...
     
    На Konfetka, Bitter-Sweet, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    22.016
    Допаѓања:
    174.996
    Сум повторила многу пати, дека ако сега треба да одбирам животен партнер, на толку наоѓање маани, ќе останам сама.
    Ама работата е што не сум во ситуација да треба да најдам некој. Веќе имам партнер, и можам 'да си дозволам', да ги гледам сите критички до 101 и назад.
    Ако би била сама, не знам дали би била толку ригорозна... Не верувам искрено...
     
    На dunika, Milobebence, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    12.314
    Пол:
    Женски
    допрва ќе слушаш. Хахаха мислев на никаков човек. Без лепота со некој батал карактер да не речам утепан.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.489
    Пол:
    Женски
    Па и јас си размислувам сега, ако би била сама и треба да бирам, сигурно ќе одберам некој стабилен озбилен маж а не некој мангуп што го крева моторот на едно тркало и пичи со 120 на саат по Скопските улици (на такви се палев порано и имав еден таков улав дечко):lol:
     
    На MayDiamonds, WildMk и toogood им се допаѓа ова.
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    54.871
    Пол:
    Женски
    Би рекла дека критериумот паѓа ако сакаат да родат. Времето не стои, а после 35тата веќе се јавува оној внатрешен глас 'дали јас некогаш ке станам мајка?', па постои голема шанса жената да ги спушти критериумите. Во спротивно, ако тера инает и го чека совршеното поклопување, тоа може да се случи кога она ке има 45, ама веќе е доцна. Ставено на кантар, желбата да се постане мајка верувам дека е поголема и побитна од наоѓањето на совршеното поклопче.

    Од друга страна, ако жената бара партнер со кој ке го помине времето, мислам дека критериумите остануваат исти, а неретко жената не прогледува низ прсти ни за најмала ситница, јер толку години живеела по свои правила, зошто допрва да се прилагодува на нов карактер и да прифаќа нешто што не и е по кеиф?
     
    На Emy867, dunika, darcy и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    6.333
    Допаѓања:
    99.252
    Не се сите исти, едни на млади години поставиле ниски критериуми заради ниска самодоверба па со тек на време им се сменил видик и сега партнерот не им е доволен. Late bloomers. Тие без партнер се со слобода да бираат и имаат повисоки критериуми од порано, оние во брак си имаат проблеми.
    Други "спуштиле критериуми" со тек на време или поточно созреале па други карактеристики им се битни кај потенцијалниот партнер (подобро ми звучи а и верувам така некако е иако другите сакаат да зборат дека спуштиле критериум од очај) или пак од старт имале нереални очекувања, сега ги довеле само до нормала.
    Инаку, темава со глуп наслов и вовед е.
     
    На Crnookata, Emy867, SV1911 и 8 други им се допаѓа ова.