Ако почнам да пишувам за темава бан ќе јадам особено за тие со високите критериуми. Да не звучам грубо ама убаво е да имаш високи критериуми ама лошо е кога и сам не ги исполнуваш.
Всушност си поставиле премногу високи критериуми и со текот на времето стануваат свесни за тоа. И тоа не е опаѓање на критериумите туку момент кога се освестуваат дека не се толку добри за да поставуваат толку високи критериуми. Нарцисоидност е многу зезната работа. Ама кога ќе го дадеш задникот под кирија доцна е веќе.
Ваква многу слична тема имаше на Кајгана, ама беше поинаку фразирана и гласеше: Зошто сте сами?. https://forum.kajgana.com/threads/Зошто-сте-сами.94788/ И никој не се осмели да спомне како причина превисоки критериуми. Кога јас напишав дека најверојатно превисоки критериуми се проблемот и дека она што им дава надеж на луѓето е кога ќе видат некој некомпатибилен селебрити пар, за малку не добив бан:
Да, се спуштаат критериумите. Реалноста е таа, млада и паметна девојка што се цени себеси, секако дека бира со кого ќе биде, но кога нема да најде некој што ѝ одговара според нејзините критериуми, ќе попушти малку. Па дури и ние во врска спуштаме критериуми. Сме нашле некој кој ни одговара, но со тек на време се запознаваме подобро, па излегуваат на виделина некои несовршености и нешта што не ни се допаѓаат, но попуштаме и ги прифаќаме. Затоа што никој не е совршен, а има девојки кои си поставиле превисоки критериуми. Најчесто заради тоа и остануваат сами. Сепак, треба да бидеме реални.
Мене ми се чини дека со тек на време критериумите стануваат повисоки, бидејќи жените веќе не се така наивни да ги заведиш и измамиш, туку гледаат подобро и се попребирливи, повеќе знаат што сакаат. А, тоа што другарките твои нашле такви дечковци, може е зошто и самите тие се такви ? Ако загледаш подобро не случајно некој е со некој. Секое тенџерче со свое поклопче.
Многу малку девојки знам што ги спуштиле критериумите само за да не останат сами, наспроти поголемиот број кои од X причини настапиле со спуштени критериуми во младоста (недостаток на самодоверба, влијание на околината и тн) за после да сфатат дека не вреди и да си ги вратат како што биле. Да спушташ критериуми значи да правиш компромиси, да се откажеш од нешто што ти си сметал дека ти е битно или да бараш од личноста со која си да се промени за да се совпадне со твоите критериуми. Значи или тебе да си создаваш притисоци или на партнерот. Премногу ограничувања, контрола, менување и прилагодување ќе ескалира еден ден, како и да е. Секој некогаш станува свесен за тоа. Ако симнуваш критериуми само за да се омажиш и после трпиш или кукаш што не ти е погодено... Па... Сама си си крива...
Точно е и ова го има. Моја познаничка се омажи за тип кој реално мајка ми да го види ќе каже „оо боже колку е грд“. Значи навистина грд, човек кој при тоа лошо ја третирал, не создал услови за живот, за да имаат барем каде на раат да седат. Јас мислам дека колку и да не признаваат, многу од овие жени ги тепа психа сериозно. Одат од крајност во крајност, имам и друга познаничка која секогаш се повикува на своето образование, и од прва прашува дечковци дали имаат свој стан. По тоа ако нема следи, „Ма знае ли овој мрсулко на кого се пушта. Јас сум дѓр“. Не чини ни едното ни другото по мене. Кој каков е такви нека си бара.
Има 2 групи на жени (не зборувам глобално). Едни кои се сами поради тоа што знаат што сакаат ,и тие под никоја цена не би ги спуштиле критериумите . Втората група ги спушта зашто реално има слаб број на квалитетни машки персони,зашто се она што е добро и квалитетно е проберено,а желбата да се има некој покрај себе е поголема од се,па се спуштаат критериумите. Секако во морето има разни видови риби,некој чека и дочека,некоја чека и остане сама,а некоја прибере некоја одечка несреќа,замижува при изглед,интелект ,порок,социјален статус,.. Секој со својата (не)среќа би рекла.
Барем да не ја лажеше. Тој велеше имам плац, и со пари се гради, но сега испадна дека нема ни пари. Понатаму ќе се средат... Имам и пример на една жена која на 41 година се омажи и си најде соодветен маж на себе. Сега шетаат. уживаат заедно во се. Можеби е доцна за деца, но порано да живее на раат макар и без деца отколку да направи дете со било кој. Мое мислење немој да ме напаѓате. Кога некој е исполнет се гледа, а одглумена среќа пука. Со сила не бива ништо.
Разбирам дека некој човек можеби не е конвенционално атрактивен, ама нема потреба за вакви работи. Не знаеш каков е животот, во иднина некој може истото да го зборува за твој син или ќерка.
Критиката ти е на место, не сум во право, но низ муабет често постарите жени знаат да кажам за маж кој не е убав демек и јас не би била со таков. Не се подбивам со него, туку сакам да кажам дека се работи за девојка која е поатрактивна, и дечко кој не е. Впрочем и самата девојка која сега е во брак со него, се подбиваше како изгледал, демек како чиче бил. Тоа мене ми е доказ за спуштени критериуми кај женското, само да се има некој или да се биде мајка.
Нормално е да спуштаат критериуми луѓе кои се повозрасни поради тоа што изборот им е далеку помал односно голем дел од потенцијалните партнери се веќе зафатени но со било кој/а отколку сам/а ретко кога резултирало со вистинска среќа.
Епа тоа е веќе проблем. Иначе во врска со темава, мислам дека главниот проблем што од една страна и мажите и жените имаат некоја идеализиран поглед во однос на тоа како би требало да изгледа нивниот сопружник во секој негов аспект. А од друга страна па и на еден начин го одложуваат барањето на партнер. Секој во свои рани 20ти години треба да има груба слика на тоа што бара во еден партнер, а не да лута без мапа. Ова важи без разлика дали планира да стапи во брак во 20тите, 30тите и пак 40+.
Да, да, се сфативме сега. Што е грд, грд е, нема врска, се родил така. Не може сите да сме убави, но за мене е несфатливо да зборуваш дека е како чиче, дека не сакаш да одиш по нужда во полско веце, и на крај да глумиш дека се е ок и дека го сакаш, и дека никогаш овие зборови не си ги кажала. Сите бараат нешто подобро, си ги испитуваат можностите, ама кога ќе видат дека не оди по план, ај дај што ќе дадеш, За мене не е ок, да бидеш со било кој колку да не си сама. Нема исполнетост со тоа. Од друга страна неодамна една познаничка која има супер брак, самата си кажа дека ова и е втор сопруг, и одлично функционираат. Никогаш не се знае. До среќата е.