Не е алкохоличар,не шара наоколу,не се коцка... Машкоста која ја има не ја покажува во сантиметри туку во став...кој ја третира жената како рамна на себе,никако помалку... Уште...
Баби да не се, а? Каде бе со вакви умови, каде? И од каде знаеш реално дека тие се занесуваат? Си и брцнала на некоја во главата и срцето за да знаеш како се чувствува? Зошто мора на тебе да ти каже како и е навистина? Да ја сожалуваш и вака да и се смееш? И на крај, што ви е гајле за другите ако мислите дека вие вашата сте си ја 'наредиле'? Која сака тетка нека е, која сака баба. Која како сака нека си одбере. Ама ја па сеир да се фаќа, има ли поубаво, нели? Жалосно. За вас сеирџиите. Не за неомажените/неоженетите.
Знам добро што им е во глава , не зборам за џабе! Се занесуваат бараат лепотани воедно добро ситуирани, со еден збор фак бој ама да ги сака!! А немаат што да понудат и да досадни ми се со едни исти муабети дали ќе се јавел, па што мислел, па сите мужи биле исти, па сеа ќе си поминеме најјако, не нема да си поминете најјако зашо никој нема да ви пријде или ќе пријдат само начукан оженет со деца пошо реално почнувате да си личите на изглед за годините,по фаците им се познава. Не им фаќам сеир, глеам како се препекани за мужење ама глумат нешо изиграваат, филм кој проаѓа ама ако имаш 20 години не 40. Сакам да си се средат да си имаат семејство, а тоа со фак бој не се постигнува. А другите им се ружни ( се занесува дека она е прелепотица знаеш) или работел нешто обично. Абе ај... Сеа се на дневни новогодишни "лумперајќи" на Ми плешемоо, и мислиш незнам колку јако си поминуваат а у душа и понатаму очај.
Малку се мешаат работите во темата. На 20год. поголмо значање и даваш на убавина, принцот на белиот коњ, на 30 поголемо значење и даваш на интелигенција, некој кој ќе те плени со неговиот начин на размислување а на 40 бараш некој кој умее да слуша. Тоа незначи дека вашите критериуми се во опаѓање тука дека различни работи ти се приоритет низ годините. Па токму затоа вам младите ви е чудно што онаа која го барала убавецот во 20тите сега го земала Квазимодо.
Од мене за мене, лично мислење е дека лепенката "критериум" е апсурд. Едно е јас да си фантазирам по некој глумец, па црн и висок, ама животот е плав и низок Oдносно, не значи ако фантазирам и ми е убаво на окото нечии физички карактеристики, дека тоа ми е критериум и мојот иден партнер мора да биде од глава до пети таков Ако видам фустан во каталог и барам таков, е тоа е критериум. Производите мора да исполнуваат критериуми, и партнерот да, ама ако си си го нарачал и некоја компанија ти го прави по мерка Тргнувам од мене, ете и мене ми се има случено, за сингл-состојбата да слушнам коментари од блиски како имам високи критериуми и затоа сум сама Прво не знам како луѓето си дозволуваат вакви коментари, ама и пред првото, што ти прави разлика? Како, зошто, каде? Зошто луѓето ги толку погодува и да се нервираат и да се замараат за нечиј љубовен живот? Мене не ме интересира таму ако некоја Петранка има или нема маж, па зошто таа би се интересирала за мене? Не е тоа радиоактивен зрак, не е тоа чад, па да влијае и на околината, тоа е личен избор што го засега само тој што го направил тој избор, изборот треба мене да ме исполнува, а не вас да ве нервира Ако се плашев да не добијам вакви лепенки и коментари и да правам за да не речат другите нешто, до сега ќе бев со маж што не го сакам, две деца за кои не сум спремна и свекрва што ќе ја оговарав до другата тема Значи, и во претходна тема коментирав, љубовта се случува, не е нешто што подолу во улицата ќе го најдеш пред маркет. Треба да има хемија и целиот тој однос, почит, поддршка, на иста бранова должина, едноставно да си среќен и исполнет што во животот имаш некој што те грее како За мене овие работи не се критериум, туку нешто што се подразбира, ама ако според тоа имам критериуми, ондак чирс Нема никогаш да опаднат
Секакви луѓе има. Има и многу пребирливи, има и некои кои едвај чекаат да најдат било кој. Не се добри ни едната ни другата крајност. И едното и другото ги прави луѓето несреќни. Ако цело време велиш дека не сакаш да живееш на село, а на крај тоа го прифаќаш, значи се бориш со самата себе и со потребата да имаш некој по секоја цена. Ако пак излегуваш со секакви на состанок, пиеш кафиња, и потоа навредуваш „мочко, знае ли која сум, тој мене ќе ми се пушта“, пак не е в ред. Се работи за преценување и потценување на другите. Но, на крајот мислам дека е до среќата. Што е твое не ти бега. Животот е непредвидлив, но човек не треба да го фрла времето во ветер. Може жена да се омажи и на 25 години, да роди деца, да биде мајка, сопруга, но барем тој период без партнер барем за работа да го искористи, и за шетање.
Сите имаме исконска потреба да имаме некој до нас, да не се лажеме... Само многу е важно да не се преценуваш.
Да, да, се разбираме. Секој има потреба од некого, но со сила ништо не бива. Се што е на сила, на крај на човек му се одбива од глава. Јас сум за човек да не се преценува, но и да не се потценува и да заврши со било кој.