Женски критериуми во опаѓање

Discussion in 'Кафе-муабети' started by baba Rada, Dec 9, 2018.

  1. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Joined:
    Mar 11, 2019
    Messages:
    192
    Likes Received:
    367
    Gender:
    Male
    Не опаѓаат критериумите, туку созреваат. И опциите да се пронајде нешто квалитетно се намалуваат.
     
  2. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2012
    Messages:
    708
    Likes Received:
    8,329
    Мислам дека не е финтата во дај шта даш само за да не останат сами, него низ годините ваљда се смениле критериумите со влијание на многу фактори ко пример меѓувремени грешки со некои мажи каде на пр барала изглед само и сфатила дека треба и памет малце па критериумот после тоа и е не мора да е убав само да е разумен, па фактор време, старееме, се менуваме па така и критериумите се менуваат. И јас порано сакав црни машки а сега сакам каков бил само да има љубов и слога. И ќе бидам со каков бил не само за да не сум сама, сигурна сум дека никоја жена не би била со кој било само да не е сама, ретко е тоа ептен , него побитни ми се други работи сега од изгледот, и тоа ми е муабетот, жените созревале се менувале во тие години и затоа и критериумите се смениле, па затоа во твои очи изгледаат како да паднале, во туѓи очи може па се зголемиле и така....
     
    Milobebence and baba Rada like this.
  3. BigMisterP

    BigMisterP Истакнат член

    Joined:
    Apr 11, 2015
    Messages:
    89
    Likes Received:
    102
    Не, јас на ова прашање тотално се согласувам со @baba Rada . и те како се работи за опаѓање на критериумите. Сите викаат дека, да сега кога остарев и созреав, други критериуми ми станаа важни, но дали е навистина тоа така? Или можеби морале да ги спуштат критериумите за да најдат посветена личност која нема да ги заебава?Импресиите кои се стекнуваат во младоста мислам дека многу тешко се променуваат кога се остариш, не исчезнуваат, туку се потиснуваат длабоко, се дур не избијат кога најмалку ги очекуваш.
    Имам познаник кој пред неколку години, се разведе од жената, која во екот на една караница му призна дека никогаш не го сакала, дека требала да се врати со бившиот. Буквално му призна дека бившиот бил оној кој навистина го сакала, а дека тој бил само поасален и постабилен од бившиот. Човекот беше апсолутно скршен. Брак од скоро 15 години со две деца замина во неповрат и уште полошо, ги истрауматизираа двете деца во недоглед.
     
    Tanjamm and baba Rada like this.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,788
    Likes Received:
    14,280
    Се цитирам, самата за примерот кој го спомнав горе, кога не ти е по ќеф партнерот, ама го прифаќам да не останеш сама, на крај еве девојката се разведува и споделува постови на ФБ како и се случиле лоши луѓе, а не ги препознала и други патетики. Лајкови на фб не помагаат, мора човек трезвено да знае што сака, што бара, што заслужува. Една постара колешка вели „ќе почувствуваш кој е за тебе и готово“. Ако инстинктот ве лаже во старт не преземајте ризични чекори.