Кај мене на работа проаѓа еден тип и носи такви демек оригинални парфеми. Као со оштетена амбалажа малку или нешто друго и ги дава по 50% од продажна цена (ако во малопродажба е 3 000ден тој го дава за 1 500ден). Оригинални се као (јас сеуште сум скептик), ама еве колешките купуваат и се фалат, добри биле ама кога шприцнувавме во канц. не видов некоја си трајност, штознам.... Најевтини ,,оригинални,, парфеми се на кинески пазар во Дубаи каде што навистина тешко да приметиш дека се копија, најверојатно од таму ги набавуваат затоа што кога го р`чнав на таа тема од кај ги набавува тој си замолче. Оригинален парфем се знае каков е и какви жигови има ама за тие пари и таа трајност ок е ако ми се допаѓа некој мирис. Оригиналните одат со 80%-90% парфем и 10-20% вода или алкохол а овие сигурно се со сооднос 60/40 или 50/50.
^ Јас ова истово како Славица го чув неодамна, еден наш роднина спомна дека нуди од овие парфеми кои се оштетени и се од прилика -50% од реалната цена. Човеков не е преварант а и ни е ептен близок па решив да му верувам. Најчесто вели дека е оштетена опаковката или капачето а за квалитетот рече дека никој до сега не му вратил парфем иако на сите им рекол дека ако имаат и најмал сомнеж дека не се оригинал да го вратат. Сум со мм да се почастиме со еден ама сеа сум на два ума, не сум до толку експерт па да знам дали е добра копија или оригинал.
Девојки, оригиналите најчесто се со печат на целофанот,не мислам љубичаст, туку само вдлабнатина, мало кругче ,не купувајте секакви, нормално е секој сто продава да си ги фали парфемите као оригинал се! ја не зивеам веке неколку години во Мкд, но порано стално купував од такви продавачи, но сега кога сум тука опкрузена со оригинали, ја гледам разликата! Точно дека се поскапи на free shop или по парфимериите, но барем ке знаете дека сте купиле оригинал, а не овака ем дадете доста пари ем пак го немате вистинското! затоа внимавајте! ако сакате трајни парфеми тогас купувајте од Dior, Gievanchy, Armani, Chanel....Гарантирам за трајноста! Поздрав
За At night незнам али Cat deluxe розевиот топло ти го препорачувам. Прекрасен парфем а и многу трае..Пред 2 години го имав тогаш беше 2800 ми се чини 75мл ама сега мислам дека е намален и тоа многу баш пред некое време го гледав ама не се сеќавам точно колку беше
Парфемот на Фри шоп е 27 евра од 50мл и 30 евра од 100мл,не знам од каде вакви високи цени?? Моментално има акција на светло розевиот Cat De Lux 16 евра,најдобро види си на сајтот на Хеленик Дјути Фри.Кај нас е околу 1800 ден 50мл.За трајноста се знае колку пари толку музика
zenski kazete mi od nina ricci parfem 80 ml dobar traen proleten/leten parfem ama,ne sakam toaletna voda nekako pomalce mi traat blagodarna vi sum
Па на Нина Ричи скоро сите се парфеми. Ричи Ричи земи си го, траен е, малку тежок и сладок. Мадомасел е исто парфем малку полесен од Ричи Ричи или тоа црвеното јаболче исто ти е парфем незнам како се викаше само по свеж е. Јас Ричи Ричи го имам користено и потраен парфем од него мислам дека не сум имала.
се согласувам со mims-89 Ричи Ричи ти е многу траен парфем и има многу убав мирис. сега мислам дека има нов парфем од нина ричи само што незнам како се викаше го рекламираа можеш да го пробаш и тој .
Девојки,ве молам за мал совет.Дали некоја има користено парфеми на Estee Lauder, поконкретно Very Estee? Не сум користела па не знам како се со трајноста,гледам дека се парфеми а не тоалетни води,но и тоа секогаш не е гаранција за трајност.Ако имате искуство ве молам споделете
Баш го мириснав Мадмазел на Нина Ричи, мене не ми се допадна. Посебно затоа што ме потсеќа на една колекција на Кензо што ја добив како поклон ко помала. Спојлер Идентични ми се, со таа разлика што овој на Нина Ричи ми е поблаг малку, тој на Кензо беше шпиритус.