Вчера ми стигна новиот Simply Her од Авон. Јас да го дизајнирав немаше да ми е олку погоден. Ем овошен, ем нежно цветен, ем сладок, ем свеж. Е баш вака можам да го опишам. Прекрасно пролетно/летно парфемче.
Мислев дека Клиник Хепи ќе ме усреќи, ама и од него брзо се заситив. Ништо не ми се погодува Дај препорачајте нешто свежо и чисто, ама ич да нема слатка нота.
Ариел, Шисеидо Зен e доста свеж но е јак, не ми е објасниво ова некако, парфем е, не е тоалетна вода па можеби поради тоа, ќе се изнанадиш и од долготрајноста. Исто мене за летен период фаворит ми е Картие Есенс Де Оранж, унисекс е, многу лесен и свеж, нема ниедна блага жичка, а јас ни портокалот не го осеќам баш Како и да е уникатни се двата, нескојдневни и не се популарни што мене лично многу ми се допаѓа. Па пиши за што ќе се одлучиш, и мене ме интересираат вакви мирисчиња периодов
Незнам дали сте ги приметиле парфемчињава,порано ги немаше кај нас,јас ги купував од Метрото од Бугарија,сега ги видов во Керфур и ДМ.Цената им е некои 280 или 330 ден,различна беше на двете места,инаку се француски,и не се тоалетни води туку парфеми,за 100 мл Јас конкретно овој го земам со години наназад.За лето е перфекција,свеж и трае. Oд ДМ го земав овој,малце е потежок,но исто доста траен. И има уште еден,исто потежок,мене не ми се бендисува баш. Спојлер
Дали знаете копија од парфемот на Beyonce Midnight Heat? Омилен ми е, но за летово, за секој ден, оригинал скапо е.
мноогу ретко се задржувам само на еден почесто ги мењам и затоа не купувам од скапите на точење земам скоро секогаш.
Ги има ли некој користено Плејбој женските парфемчиња?...така случајно ги бев загледала ама не ги мириснав...убави ли се и на трајноста какви се зашто цената им е ептен смешна мислам околу 350 ден беа.За парфеми сум фрик многу брзо ги трошам затоа сега сакам да си земам некое поефтино за тие поскапите да не ми одат толко брзо така да освен еве за Плејбој што прашав предложете ми некои други така ефтинки до кај 300/400ден со солидна трајност,да не мирисаат на оцет
Женски препорочајте ми летно парфемче од Викторијас сикрет да си нарачам,лани го земав следново за некои 16,17 долари супер поминавме со него
Немораш парфемче,земи си од спрејовите многу се трајни.Јас веќе неколку години ги користам,за лето се совршени,преубаво мирисаат и цел ден траат.Кај нас ги има во Kосмо намалени се на 950 ден ама 250 мл се. Јас ти препорачувам: Pure seduction,Be seduced ,Love spell,Coconut passion.