Имам нова љубов! Преубав е парфемов, најубавото нешто што сум го мириснала до сега. Дефинитивно беше љубов на прв sniff Не е тежок, не е ни многу лесен, некоја средина фаќа, така што може да помине и како денски и како вечерен парфем Инаку, има сосема различен мирис на тестер-хартивче и на кожа, барем кај мене беше така Не ми остави некој голем впечаток кога прснав на тестерот, но веднаш штом го прснав на рака сосема се смени, ко за друг парфем да се работи.
Да, навистина е добар, и мене ми бесе омилен, но сега го обозавам золтиот понов од овој, ПРЕУБАВ е...незнам како да прикачам слика
Здраво, јас сум Домино и сум зависна од фрлање на енормни суми на парфеми. Кога ќе можеш, купи го. Исклучително и неочекувано е траен. Кога ќе се испрскам за излегување навечер, мирисот се чувствува и наредното утро, што е реткост. Мојата најнова љубов е Exotic на Џими Чу. Кога го мириснав не можев да се спречам, го купив веднаш. Само не е особено траен, околу 5-6 часа. Морам да направам нешто околу мојава опсесија со парфеми. Арно што нема Том Форд кај нас, гладна ќе седев. Се радувам, доаѓа есен па ќе го силувам Burberry Brit Red. Совршен ми е за тој перод. Сега ти го видов мислењево. Парфемот е совршен за есен/зима и најблиску на дјути фри шоповите околу нас ќе го најдеш (јас го имам земено од грчкиот) или нарачај си го преку нет. Околу 60-тина евра е, барем толку беше кога јас го земав. Инаку, парфемот е оргазам. Прекрасен! Само слабо се чувствува и не трае долго па пообилно треба да се прскаш.
Ќе напишам една кратка рецензија на неколку парфеми кои ги имам моментално, па валда на некоја феминка ќе и олеснам при изборот: 1. Guerlain- Idylle: Парфемов на прв “мирис“, мириса на пена од сјајот за миење тањири. Мајка ми сакала да ми изненади, па ми го купила и кога го мириснав мислев дека цревата ќе ги повратам. Така ми стоеше, се‘ до пред некој ден кога решив “да му дадам шанса“ и не ме разочара. Парфемов е совршенство. Најпрво мириса онака баш “пењасто“ ама после некое време, мириса прекрасно. Трајност од 1 до 10 - 9 2.Dior - Pure poison: За мене убав парфем е оној кој би ме натерал да го купам по втор пат, а овој парфем не спаѓа тука. Долго време го користе Midnight Poison (Темно сино шише) и мислев дека овој парфем ќе ми биде исто толку добар колку и Миднајт, но не. Убав е, убаво мириса, доволно е траен, но овој е парфем кој не одговара на секој тип на кожа. На пример, на мајка ми и е прекрасен, премногу се чуствува на неа, но на мојава кожа не одговара. Затоа ако некоја планира да го купи парфемов, прво добро нека го истестира, а после нека го купи, зошто сепак не е мала цената на парфемов, па да не бидат залудно потрошени пари. Во мојов случај, не беа -зошто и го подарив на мајка ми. 3. Calvin Klein - Beauty: Парфемов е сензација. Премногу убаво мириса, и колку што можам да забележам добро се вклопува на различна кожа. Го тестирав јас, мајка ми, и другарка ми - кај сите прилично исто и со ист интензитет мирисаше. Подобар е за во поладно време, т.е. време како есен и пролет. Лето и зима, на екстремно ладно и топло не иде баш до израз. 4. Max Mara - Kashmina Touch: И за крај го оставив најдоброто! Парфем кој не уште еднаш, туку уште 100 пати би го купила. Нежен, а сепак вплечатлив. Траен- претраен! Совршен, одличен, прекрасен! Мој парфем, сега и во вечни векови! Го обожавам!
Ти сакаш да ме убиеш? :geek: Не сум го сретнала нит мириснала, ама... Долга е неделава... Кога веќе сме кај Том Форд, најдолготрајните парфеми, потпишувам со две раце. Сум ги користела Black Orchid, Amber Absolute и Tobacco Vanille (сите се на брат ми до душа) и се прснеш ли два пати има една недела ќе мирисаш. Мирисот е убав, људи сите ќе го забележат, верувајте. Каде и да одите ќе мириса се на вас, ама не нападно, напротив. Доста Домино. Легни си.
Девојки, денеска го мириснав најновиот парфем од Армани и морам да ви казам... лудница е!!! Преубав е и мноогу траен, добив тестер и одвај чекам да си го купам писува на него само S i
Одличен е, го добив како поклон, инаку преубаво мириса и траен е... Баш одгова и за преку ден и за излегување. Ти го препорачувам
Девојки, да не знае некоја од вас колку се овие парфемчиња ?? Идат заедно со дезодоранчиња исто така. Ги имав зеленото и портокаловото, но многу одамна. Сега ги сакам пак па дали знаете колку се ??
Дефинитивно не се купува поскап парфем на прво мирисање, затоа си има тестери, одиш и си прскаш, па нека поминат неколку часа, па после следи пресуда. Јас за малку ќе се зафркнев јако со L de Lolita Lempicka, мирисаше божествено на прво шприцање, вртев како мрдната на Фри Шоп, се туфкав околу цената, некаде 65 евра за 70 мл, се туфкав, ми доаѓаше да украдам едно шишенце од мака... ама дечко ми ајде ајде, да одиме и излеговме... леле по 45 минути некаде парфемов сосема ги менува мирисните ноти, не можам да сфатам како од така прекрасен почнува да мириса одвратно. Многу се разочарав, ама и среќна бев што не го купив. A Miss Dior Cherie ми е онака силен, има некоја длабочина, но префинет дамски парфем и мислам дека е совршен за зима, го меркам уште отсега за роденден. За Roberto Cavalli Acqua имам пофални зборови, ми се допаѓа како летен парфем, лесен, свеж, но не премногу, со солидна трајност и неубава цена. А сите POISON-овци на Dior ми се смрт и ужас за мирисното сетило. Јас што сакам силни парфеми, сакам ванила и слаткаст мирис, овие не можам да ги поднесам. Впрочем, ни името како за парфем не ме привлекува. Poison бе.
Може ли некоја од вас да ми препорача некој добар зимски парфем, не преферирам многу јак, сакам нежен и женствен мирис но сепак впечатлив и долготраен, за ноќни излегувања. Едностано нека мириса на ноќ. Барања, барања, барања...
Burberry Body Perfume Овој е баш каков што бараш, доволно силен за зимски парфем, а воедно нежен, ненападен и многу женствен. Трајноста му е исклучително долготрајна и е баш впечатлив, парфем што е доволно нежен за преку ден, а доволно јак за навечер. Не знам како поинаку да го опишам Само, парфемов не лежи еднакво добро на секого. На пример, на мене мириса совршено нежно, префинето и ненападно, додека на мајка ми мирисот се менува, не мириса исто како на мене. На нејзе мириса некако појако, нападно, мене барем не ми се допаѓа. Затоа, обавезно прво проба, нека отстои неколку часа, па потоа процени дали ти се допаѓа Друг што би ти го препорачала, а мој фаворит за век и вечни векови кога станува збор за зимски парфеми, е Givenchy Very Irresistible l'Intense Perfume Ова е нешто прекрасно, толку секси, впечатлив, женствен... Едноставно парфем што остава печат, нема шанси да помине незабележано, верувај ми Нема кој ме нема прашано што парфем е кога го имам на себе. Исто така доволно силен, а истовремено и нежен, погоден и за ладни зимски денови, но и ноќи Уникатен во секоја смисла, ниеден друг парфем не е ниту приближно сличен со овој. Остава печат дефинитивно, кој е љубител на Живанши парфемите, знае за што зборувам