дали знае некој/а како се викаа парфемчињата како на сликата во такви шишиња беа....овој е на давидофф на С им беше името ми се чини,ги имаше на црна,црвена,зелена,жолта боја шишенцата
Од плавиот сум многу задоволна летен е , свежо мириса а и многу трае , си вреди за парите. Додека пак црвениот некако потешко ми мириса и поради тоа би го сместила о категоријата зимни парфеми.
http://www.lofindaz.com/wp-content/uplo ... -noir1.jpg Versace crystal noir- прекрасен парфем, зимски, многу долготраен, остава впечаток, ама малку е специфичен, не сум сигурна дека ќе ти се допаѓа- на некои девојки им се допаѓа премногу а некои не можат да го поднесат... Во секој случај можеш да видиш самата, го има во Cosmo- Tinex, околу 4500 денари е...
Незнам колку е соодветна темава ама сакам да прашам дали некоја од вас има порачано парфем од овие https://www.facebook.com/groups/386646598013621/ или пак дали познавате некој кој порачал од оваа страна??? фалааааа
http://www.vref101.com/wp-content/uploa ... 00x225.jpg најдобриот парфем досега со нежен мирис и долго трае !
Сакам да ми препорачате парфем Ванила..да го има мирисот на ванила...може да има и други додатоци но да има во составот ванила.. имаше еден на Б прекрасно мирисаше штета што неми текнува како се вика
Препорачајте парфем, ама нежен, најнежен, свила...Веќе подолго време не знам што ми е, ми се гади од секакви мириси (не сум трудна). И тие што ми биле омилени сега не можам да ги поднесам па ги исфрлив од употреба. Ама не бива жена без парфем па затоа дајте предлог за нежен парфем што потсетува на вода, воздух, свежина...
^ Овој мириса баш на вода, свежина, чисто, меѓу најомилените ми е, а јас си сакам свежи парфеми, не поднесувам парфем со тежок мирис. Други така парфеми со нежен мирис ми се сите на Дона Каран и Калвин Клајн.
Не можам да опишам колку многу ми се свиѓа, ми доаѓа да се снабдам со залихи као да ќе нема повеќе... Типичен есенско-зимски парфем, препорачувам!
Новиот во колецијата. Чуден мирис, не е за секој дефинитивно. Ама ми се допаѓа, многу е необичен и не можам да престанам да се душкам, навлекува парфемов. Многу брзо го засакав. Доста траен, дефинитивно. Но, не знам каде да го сместам, дали зимски или летен. Главната нота е круша и мене некако ме асоцира на есен. Препорачувам за тие што сакаат необични мириси кои ќе бидат забележани. И многу потсетува на 90', не знам, некако ретро мирис е, ако постои нешто такво.