Еуфорија(најстариот-темно лилакаво) е преубав парфем!!! сум го посакувала одсекогас, Летово го купив и не ми се допагасе, се покајав и стоесе и стоесе и еве пред две недели почнав да го користам и искрено ОДУСЕВЕНА сум! ПРЕубав парфем! Сватив дека парфемов е за пониски температури, тохгас доага вистински до израз! го препорачувам на сите
Еуфоријата или го сакаш или го мразиш. Средина нема! Најсериозно! Јас го користев долго и оригигиналниот прв Еуфорија и после блосомот што излезе (тој е помек на мирис) и сега не можам да го смислам. По некое време знам дека ќе ми се допадне пак. Кога ќе ме осетеа или не коментираа ништо (а претпоставував дека им се подслошнуваше ) или ме прашуваа кој е парфемот и секогаш добивав коментар, леле баш е еуфорично убав! Така што Трендафилке веројатно мирисаат исто, ама од расположението зависи. Не го имам мириснато на Економикс, ама други од таму што имам мириснато се верни на оригиналот.
Најдобри што ги имам користено Еспшуали ескада тесори (црниот) цитру (зелениот) бију(црвениот и портокаловиот ) сити раш лакосте и др..
Прекрасен е. Иако не сум многу по ориенталните, овој ме кутна Има блага ориентална нота, некоја блага нота на портокал, на килибар, фрезија и праска му се основните ноти и бел кедар кој дополнително му го дава шмекот. Бајаги долго се задржува мирисот на кожата, на облеката уште повеќе. Го купив заради тоа што пред некој ден се шприцнав со него на мантилот и после некој ден кога го облеков го осетив мирисот. Не ми даваше мир, постојано го мислев и кога му ја видов цената дека бајаги е поефтин во Космо (одеше веројатно на промотивна понуда) и дека 80мл се многу поисплатливи од 50мл, сега имам за цела зима. Иако брзо се заситувам од парфеми колку и да е добар секогаш го менувам па после некое време ако ептен ми се допаднал повторно му се навраќам ама никогаш едно по друго ист мирис не користам така што можам да се пофалам дека се обезбедив со овој бајаги количински
Да не знаете случајно каде можам да го најддам парфемот не знам точно име но нешто пишуваше RED во лимена кутија е внатре шишенцето е црвено, неможам да се седам да не знае некој случајно за кој зборувам и каде можам да го најдам
Копијата од Економик одговара на првиот Еуфорија (без додатни имиња, блосом мосом ) инаку одлична копија е, го имам оригиналот, а другарка ја има копијата и доста се слични, единствено што копијата има доста поголем процент на алкохол во составот.. аххх го обожавам... јак но не нападен, секси парфем
Малку помош во избор. Не можам да се одлучам. Заљубена сум уште одамна во Bright Crystal али и другиов го открив, слични се, и сега незнам кој да го одберам Versace Bright Crystal или D&G Rose the One Тие што знаат како мирисаат парфемиве нека ми кажат кој е поубав
Очигледно си сензибилна личност стом сакас вакви ноти...јас би го одбрала вториот, иако првиот фантастично мириса, мегутоа не е траен и премногу е незен! Вториот е исто многу убав....
Да, сум. Иако во принцип од секогаш сум била против цветните парфеми, ете ептен ми се допаднаа овие два, а цветни се. Bright Crystal не е траен? Ти благодарам
Преубав е, љубов на прв мирис Јас не сакам јаки парфеми, ама во овој се заљубив веднаш штом го мириснав, многу е добар. А па тек колку трае... Доволно е само еднаш да се прснам и мирисам 2 дена, буквално. Мислам дека 100 мл ќе ми траат 4 години
Нежен, многу ми е романтичен, и го користам само за излегување со некоја посебна личност незнам и сама зошто ама ете ..
Мене ми е подарок, ама еве најдов цени од Еликсир парфимерии: Цени: 25ml-4.100 ден. 50ml-5.520 ден. 100ml-6.940 ден.
Версаче немаат парфем кој не е траен. Мислам за таа сума уште да не траен има да има го рекламирам или не знам што. Траен е, послесен е за разлика од Кристал Ноир(виолетовиот) но траат со денови, и тоа со само минимално прскање на потребните зони(врат, под дланките и доле позади колената. За траење нема муабет е сега колку е убав е знак на вкус мене не ми е ништо посебно овој Брајт Кристал, за разлика од Кристал Ноир кој е фантазија од парфем.
девојкиии ми треба доколку знаете цена да ми кажете на парфемот justin bieber ми треба за поклон фала ви
Леле пред некој ден во ДМ што се деси.... Нели опуштена атмосфера, си гледам по полиците и само одеднаш крици, вриштења, тепачки, за момент траорна атмосфера... Кревам глава, банда тинејџерки во хистерија се трескаа од земја пред рафтот со парфеми, лупајќи се од земја по парфемот. Откако и скокнаа на вработената да им го отклучи за да се ШПРИЦНАТ од тестерот, а она пустата ги натажи соопштувајќи им дека е празен тестерот...и така тажни си заминаа после гласното негодување зошто ете не можат да се прснат со долгоочекуваниот парфем на нивниот миленик. Не знам јас што е со дечиштава, како човек против ќотек ко воспитна мерка, во случајов сум за ќотек и клечење на колена на зрна пченка у ќош!