Како ви се даваат 3.000 денари за еден парфем и тоа во многу мала амбалажа..јас тоа за една недела го трошам, па така да си земам поевтикни како little black dress
Привремено сега ги користам овие: Спојлер Ulric de Varens Tesori d'Oriente(не е баш како парфем, дездоранс е) Пред 3-4 години го користев London(Oriflame) Мајка ми користеше еден мнооогу убав(оригинал) само заборавив како се вика.
https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/hphotos-ak-frc3/1376986_10151905301574656_1529831719_n.jpg Омилен ми е... го обожавам! 50мл 1400 денари е, во продавниците на yves rocher!
Дааа, преубав е , јак и незен у исто време а и многу траен, ја сега брзо го открив и сличен ми е на розевиот од Келвин Клајн(најновиот)
Обично не давам многу пари за парфеми зашто сметам дека нема потреба од беспотребно фрлање пари. Прескапи ми се и не знам кој би можел да си дозволи парфем од 50 и кусур евра - тоа сум јас, премногу сум штедлива, а и далеку сум од статусот „вработена“, па мислам дека е апсурдно да трошам без потреба. Сакам убаво да мирисам, секако, но едноставно не гледам поента за таа цел да се даваат толку многу пари. Обично си нарачувам од Авон и Орифлејм, понекогаш ми завршуваат работа и оние од Рефан на точење, ама овој пат едноставно не можев да останам рамнодушна на новите парфеми на Bourjois. На промотивна цена се до крајот на месецот и има четири видови. Му имав фрлено око на оној Chic, но кога го пробав од тестерче ми делуваше прејако, кога се проветреа беше одличен, но јас не би можела да се поднесам со толку јак мирис, па се решив за најнежната варијанта - Lovely. Чини 1100 денари (промотивна цена му е), намален е за 20% мислам, така да, тоа не е редовната цена. Многу е убав, многу е траен, нежен е и мислам дека супер ми прилега. Се заљубив и во парфем, сега можам да бидам спокојна до крајот на животот. Еве слика, пакувањата им се преслатки, типични за сите Bourjois продукти. П.С. Сакам да ме стават заштитно лице, ги утепав од фалење и мислам редно е да глумам французинка, ама па! Имам и црвена беретка, ако е и тоа од некоја важност.
Не знам колку си љубителка на парфемите Tessori d'Oriente, но оној нивниот со мирис на мошус ми е перфекција, посебно во овој период од годината. Не е скап воопшто, нека е најмногу до 400 денари и премногу е траен. Се случувало марамите да ми мирисаат со денови со минимално прскање.
Затоа што не го трошиме за една недела и не се бањаме со парфем. Затоа и скап парфем не е за секого,затоа што дури и ако имаш пари секоја недела нов да си купуваш не значи дека треба да се бањаш у него, и заради таквите ние се гушиме од километри од претерано парфемисање. Сите имаме парфеми за секој ден и парфеми за посебни прилики кои ни траат подолго затоа што не се бањаме во нив, туку ставаме култивирано во нормални количини. Јас да ви кажам колку време го користев Версачето ќе ме направите скржава, ама тој ми е за во посебни прилики не за секој ден и затоа ми траеше и со години, баш сега после 2ипол години си купив нов. Скоро 100 евра чини, точно многу пари е, ама за нешто што кога ќе се шприцнеш еднаш и трае цел ден па и повеќе дури мирисот на тебе, според мене вреди. Инаку секојдневните парфеми мене лично ми траат по 5-6 месеци отприлика, и кога ќе пресметаш горе доле даваме иста пара, само што ние ја даваме однапред а ти секоја месец, а за недела па да не праиме муабет, ако ти беше во буквална смисла речено.
Ја сум луда по парфеми, и ако ви казам ќе ме искарате.....ама купувам секој месец оригинал парфем, некогас и два парфема у еден месец, немозам да казам дека се бањам со парфем, маз ми само вика по мене, дека ќе сум банкротирала со тие парфеми, ама од друга страна ја не фрлам пари за цигари месечно по незнам колку, и затоа ќе узивам во тоа сто го сакам а на сите сто користите од тие поповолни парфеми, би ви казала сепак е убаво да имате еден оригинал кој ке го користите само за излегувања, а овака пак користете си од тие секојдневни, се рзбира ,и немој некој да ме разбере погресно, едноставно казувам дека ја да сум на нечие место така би правела! поздравче и потрудете се секогас убаво да мирисате, барем кај мене тоа остава прв голем впечаток
Па ако пресметаш подобро ти даваш повеќе пари за тоалетните води отколку тие што купуваат парфеми... Стварно незнам како би можела парфем (во вистинска смисла на зборот) да го потрошиш за една недела?!? Тоалетните води имаат мал, одреден процент парфем и останатото е вода, додека парфемот е парфем и никако не може да се спореди мирисот на кожата кога ќе ставиш парфем и тоалетна вода... Башка парфем ставаш на пулсните точки и има многу подобар ефект отколку да се "капеш" во тоалетната вода... Навистина тоалетните води се поефтини и многу девојки можат да си ги дозволат, ама кога веќе имаш пари да купиш 4- little black dress, aко сметаме дека тој чини около 500 (ако не се лажам) изглегува дека ти месечно даваш 2000 денари. Уште 1000 денари (односно уште 2 од little black dress) или се на се месец и половина= со 3000 и ти можеш да купиш парфем кој ќе го користиш најмалку 5-6 месеци... П.С. Уууу која математика удрив . Можеби малку буквално го пресметав ова, ама така е...
Литл блек дрес е парфем, не е тоалетна вода , а инаку во право си за ова што го напиша Јас сакав да прашам дали го има некоја од вас пробано новиот парфем на долче енд габана - интенс?
Можеби за little black dress во каталогот пишува дека е парфем, ама јас не би кажала дека е, со својата долготрајност не може да се спореди со многу други парфеми, па затоа и го вбројав во тоалетни води... Инаку сега моментално го користам dolce and gabbana intense, го имам тој од 100 мл. кој го добив како поклон за роденден во јануари и е потрошен помалку од пола... А за мирисот немам муабет, прекрасен е...