Долго го користев Lady Million - Paco Rabanne,ама сеа на Нова Година го добив овој па...баш ке видм каков е демек за цена-квалитет бил најпродаван за 2013
^ И јас не сум задоволна од нив. Го порачав за проба,ама видов дека си се зезнав и више не ми ни текна да порачам.
Ќе ми треба мал совет. Ми треба некој класичен парфем но со нежна пудреста нота,елегантен но не нападен како шанел,баш таа пудреста нота ја сакам.Ако имате предлози давајте.Се разбира да е траен.
Навистина прекрасен парфем... Нежен, софистициран и долго трае... Топло го препорачувам, доволни се две- три прскања и трае додека не се истушираш...
Meне многу ми се допаѓа овој од линијата парфеми на Bourjois. Станува збор за овој парфем, Lovely. Има преубав нежен мирис, тотално суптилен и ненападен, одлична трајност и одлична цена за милилитражата (50 мл.). Основната нота му е мошус, но не е воопшто нападен и го нема тој карактеристичен јак мирис на мошус дури и кога ќе се проветрее, ако случајно ти смета. Во глобала е цветно-овошен, мек и нежен.
Не знам на кој Шанел мислиш, но бидејќи мене Chance ми е асоцијација за парфем каков што ти опиша, со пудреста нота, а елегантен и нежен, ти го препорачувам Burberry Body парфемот (оној првиот оригиналниот): Спојлер Нема да згрешиш со овој, класична ненападна елеганција и ја има баш таа пудреста нота
По остра нота нема да најдеш во овие тоалетни води на Булгари. Прво се многу лесни, нежни, свежи, а второ лично јас не сум воопшто задоволна од нивната трајноста, толку брзо ветреат што и парфем на точење повеќе ми траел. Повеќе за се користење во лето, со зима неможам никако да ги користам. Тresor има многу многу по остра нота од овие две тоалетни води. Но штом си решила да го смениш би ти го препорачала D&G Desire, Gucci - Glamourous Magnolia и Kenzo - Flower. Тие ти се така со по остри ноти. Пробај го Givenchy Dahlia Noir, имаш и парфемска и тоалетна вода, парфемската е по интензивна. Мене лично повеќе ми се свиѓа тоалетната вода, одлични се во поглед на трајноста и двете, баш го има тој класичен пудраст мирис. Од D&G Pour Femme ти е исто многу добар, како нова верзија е на оној стариот црвениот неможам да постирам слика, и секако Miss Dior edp кој многу многу потсеќа на Коко Мадомазел.
По остра нота нема да најдеш во овие тоалетни води на Булгари. Прво се многу лесни, нежни, свежи, а второ лично јас не сум воопшто задоволна од нивната трајноста, толку брзо ветреат што и парфем на точење повеќе ми траел. Повеќе за се користење во лето, со зима неможам никако да ги користам. Тresor има многу многу по остра нота од овие две тоалетни води. Но штом си решила да го смениш би ти го препорачала D&G Desire, Gucci - Glamourous Magnolia и Kenzo - Flower. Тие ти се така со по остри ноти. Не знам кога го мириснав зелениот некако продорно ми мирисаше и таков впечаток ми остави, а забележав дека се доста свежи целава оваа линија Булгари. Како и да е, благодарам за препораките, Кензо не доаѓа предвид, зашто го имам токму Флауер користено, и така се чувствував незгодно, мирисав на цветна градина во мај. Во меѓувреме се снабдив со парфем на Jimmy choo, многу ми се допадна, а не бев по таков тргната.
За Нова Година го добив Версаче Ванитас, тоалетната вода. Преубаво мириса, на свежина и чистота. Има некои цитрусни ноти што мене многу ми се допаѓа, но воопшто не е траен. Јас би го сместила во летните парфеми.
Преубав е парфемот мимс, но чувај го за летоска, бидејки е мн свеж и затоа мислам дека сега или не го чувствуваш или пак стварно не е траен, јас го користев летоска и баш ми траеше, но го зедов од Италија. Така да незнам можеби е и до парфемот, а не до сезоната
Хехее бас сакав да ти го предлозам Јimmy Choo пред некој ден, ама немав време да писувам, и ти види бас тој си го купила) чудно нели)) ја го купив неодамна втор пат и да ти казам нема кој не ме праса кој парфем ми е тоа!!! кај и да тргнам само комплименти добивам така да верувај не си згресила
Sheer Beauty Calvin Klein Нов на листата,посакуван парфем Нежен,пролетно-летен парфем! Ако сте љубители на Марк Џејкобс (Daisy и Daisy Eau So Fresh)или Булгари(Crystalline,Amethyste)или Ланвин(Eclat d’Arpège) или Версаче(Versace)тогаш дефинитивно ќе ви се допадне и овој парфем. MAIN ACCORDS fruity white floral citrus fresh floral