^ Околу 1300 ден. Често е на акција со гратис производ, неодамна го купив со маскара која се покажа задоволителна ептен.
Многу ги обожавам парфемите ! Но, има некои кои се поскапи а јас користам поефтини. Некои кои би ви ги предложила од познати личности а за мене се скапи се: Lady Gaga - Fame, Justin Bieber - The key,someday..
пред два дена го купив новиот парфем Si Armani парфемот навистина е преубав ...наликува малку на Angel Mugler знаете нели онаа јака нота која е за мене (љубител на појаки парфеми) преубава...ама нешто не можам да разберам парфемот го земав од Еликсир со 10% попуст од 100 мл само имаше шише пошто сетовите од 50 мл им беа завршени и го платив 6.300 ден. и замислете држи на кожа само 2 часа....на облека многу повеќе ама луѓе да дадеш 6.300 ден. за парфем што држи два часа.........срамота и тоа голема срамота....никој на работа не ме ни осети дека имам ставено парфем иако се избањав во него...и не само ова него и друг пат ми се има случено да купам од Космо парфем - еве конкретно Плеј на Живанши и иста прича....го земав сетот и катастрофа парфемот почна да мириса само кога дојде на дното на шишенцето...па дали се нормални...што увезуваат бе луѓе....знам дека кај нас тешко оригинали се наоѓаат ама ова е претеризам бе...да немаш од кај да купиш парфем морам сега од фри шоп кога патувам иначе вака.....немам веќе коментар тотално сум разочарана не само од овој него многу пати ми се има тоа случено и тоа замислете со парфем а не со тоалетна вода.....ужас ми иде да им го лупнам од глава...
Дали некој купувал од странава? https://www.facebook.com/parfemionline сакам да си земам оригинален парфем бидејќи имав само еден досега,Gucci,и немам прилика за ист поради цената...ме занима дали се преваранти и што стои позади ваквиве што продаваат вака на фб?
За Армани Си не се согласувам со тебе, јас го имам и ми трае многу долго. Буквално по цел ден го осеќам на мене, а навечер кога ќе ставам мирисам дури и кога ќе станам од спиење. Јас парфем никогаш не прскам на облека, само на кожа, а сепак ми трае. Го имам земено од Космо, ама истите се затоа што колку што знам Еликсир ги увезува. Сепак зависи од кожа до кожа, кај секого различно мириса, а може и ти сама да не го осеќаш, а сепак да мирисаш.
Искрено не би ти препорачала да порачуваш од вакви страни. Кај нас и во големите парфимерии оригинал парфемите не се со ист квалитет како на запад,а не пак од вакви продавачи,од кај пак они ги земаат тие парфеми?не се неколку ,продаваат во голем број.Тоа што не се оригинал е повеке од јасно.Подобро собери си уште некој денар или оди на фришоп.
Викимацко, за Армани си воопсто не се согласувам со тебе, засто парфемот премногу е траен и со едно прскање мирисас цел ден! Веројатно не го чувствувас а тоа сто не ти даваат комплименти мозеби ако се бањас со него ко сто велис, премногу јако мирисас, сто колегите немозат да поднесат) За Play парфемот имам мислење дека дури и воопсто не трае, го имам користено и мислам дека се дзабе фрлени пари!!! Пробај го Very Iresistable, тие се јаки и мноооогу трајни! инаку многу зависи и од коза до коза како го прима парфемот! исто така кога се бањате девојки не ставајте веднас парфем на себе, засто дури мозеби после саат време ако ставите парфем, истиот останува, во спротивно ефектот е неприметлив!!!
Луѓе, не мора да значи дека ако еден парфем е траен за вас дека ќе биде и за друг. Еден од факторите кој влијае врз трајноста на парфемот е кожата на тој што го носи. Можеби таа има таков тип на кожа да конкретно тој парфем брзо да се ветрее. Во однос на Армани парфемите, немам користено ниту еден зошто ни еден не ми се допаднал доволно да го купам ама го пробав од мајка ми Si и ми траеше околу 4 часа, значи просечно, дури и помалку од просечно. А за убав, убав е.
Искрено и јас наидов на ист проблем со Si. Се прснав со тестер на рака и искрено ми изветреа како што кажа Домино за некои си 4 часа. Во текот на траењето се осекаше, но после неколку часа, толку од парфемот. Незнам до што е, но сите други оргинали што сум ги користела и користам ми се осекале и траеле доста долго, така да или е до парфемот или до кожата. Сепак зависи за кого како, имам другарка на која ретко кој парфем и се осека. Оргинали купува но никако не и се осекаат, така да најверојатно е и до кожата, не само до парфемот.
Јас и' го купив Si како подарок на мајка ми пред извесно време, зошто парфемот е тотално нејзин стил (воедно тотално спротивен на мојот ). Се прснав кога го земав и ми се чини дека два дена мирисав на него, и тоа толку јако, што дури ми се лошеше. Многу е интензивен, дефинитивно. Мајка ми се прска сабајле пред работа и цел ден мириса дома на парфемот, буквално. Така што јас би рекла дека е дефинитивно многу, многу траен (инаку, од фришоп го земав). Мене ми е прејак, јас не би го користела, ама мајка ми е заљубена Сепак, секој парфем на различна кожа различно мириса и различен интензитет има. Јас инаку среде зима си го купив Келвин Клајн Sheer Beauty Значи, прекрасен е, нежен, женствен, ненападен... Создаден за пролет, едноставно морав да го имам. Едвај чекам да затопли да почнам да си го користам Сега зимава терам со D&G Intense и Burberry Body. Ги користам наизменично, зависи како се чувствувам. И двата ми се совршени за овој период
Гледам дека овие парфеми ги фалите многу, па ме интересира која е цената во нашите парфимерии и колку е траен одприлика?
Луда сум по вакви ноти. Убав... лепушкаст. Не е омилен, ама чист, мој тип. Како бе можете толку различни парфеми по мирис да користите. Ни својствени еден на друг. А овој Si што го коментирате се согласувам дека на секого различно мириса, ама ако сака и нека биде во најбеспрекорното светло прикажан, мене лично ми е одвратен. Мајка ми е живо суштество на кое и на најсмрдливиот парфем ми го вади максимумот од мирис (да ви доближам, може антиперспирант да не користи и никогаш нема да засмрди на пот), едноставно таква кожа има и никогаш нема да запознаам таква жена, ама парфемот и кај неа едноставно не мириса убаво. Ни од шишенце, ни на своја кожа, ни на нејзина, ни кај другарка, ма никаде, ме тера на гадење, ништо префинето нема во него. А и татко ми не може да го поднесе, а и дечко и на другарка ми...со едно смајли...
вчера се изнервирав и и го дадов на мајка ми и луѓе преубаво мириса и трае ли трае....цел ден...така да ќе да е до мојава никаква кожа...... а и прилично многу се потам што и да ставам на мене а се туширам сигурно едно два пати дневно пошто морам,,,баш морам сигурно и ради тоа не ми траат парфемите...а овој Very Irresistable ми трае ...едино тој друго....абе ужаш и да ми траат сите парфеми на Kenzo ама не можам да ги поднесам ми корнат сите до еден!
Тогас мила мислам дека користис сосема погресна нота на парфеми!!! Мозеби ти требаат понезни, пробај со Булгари Омниа кристалин, незен а удира во нос и трае само така! Друг од Гиеванси Ла сикрет или оној золтиот одвај чекам да си го купам за во пролет преубав парфем! или од Ланком Трезор лилаковиот! Клое е преубав и јак незен ...заљубена сум во него само е поскап!!! се надевам некој ке ти одговара доколку се ресис поздрав
до тоа ќе да е....сакам јаки оријентални мириси баш она јаки...а веројатно на кожата ми прилегаат понежни и посвежи иначе со години го користев Ангели и Демони ама ми здосади.... фала ти за советот баш ќе пробам да видам што ќе направам поздравче!