Околу 1200 мислам. Како не ти текнало порано да прашаш, имаше доста попусти на парфемиве за 8-ми Март и чинеа по 900 денари. Провери во Шатци дали уште трае акцијата со Lovely (ако ти се допадне), за 1300 денари со подарок маскара.
Женки незнаев кај да прашам ама ај пошто е во врска со парфимерија ќе прашам во оваа тема сепак е поврзано........Дали некој знае што се случува со Космо парфимеријата во Струмица пошто гледам е затворена,производите речиси се испразнети па почна да ме фаќа паника да не ја затвараат случајно или само ја реновираат???
Euphoria Calvin Klein На почетокот мириса слатко но покасно цветните и дрвенестите ноти се толку добро ускладени, ма од почеток до крај мириса преубаво. Совршена постојаност и долготрајност.Фантазија за есен-зима сезона. Мириса на елеганција, моќм успех, интелегенција, топол, отмен и заносен. Замислувам моќна и многу усшешна деловна жена, самосвесна. Ве тера да се чуствувате како жена, јака и самоуверена, моќна и со став. Крева расположение и самодоверба ма го вади најдоброто од вас. Еуфорија е тип на парфем каков што сакам, моќен и фатален. Не проаѓате незабележано со неа. Љубов на прво мирисање и моментот на она долго барано ммммм...транс. Штета што не се откривме и порано, но кога подобро ќе размислам всушност порано и не му бев дорасната, сега неколку години постара и попаметна...време е за нас две. Се надевам од есен ќе имам оригнална Еуфорија, а за сега ќе си се задоволам и со копија од Ла рив-Емоушн.
Го имам парфемов и е прЕубаВ! не поминувам незабелезано, дури кога некој ден ќе ставам некој друг парфем и после некој ден ке облечам јакна или палто на кој имам нанесено од Еуфоријава....ахххх затворам очи и секогас истото прасање...како мозе оволку убаво да мириса
И јас тоа се прашував цел викенд. Па и ништо немаше ставено на излогот, ниту „се реновира“ или „се издава“. Прашала некоја што се случува?
Дај препорачајте некој убав пролетен парфем ? Спојлер Само да не е од Авон или Орифлајм,неможам на непробано...
http://freestyleltd.com/sites/default/f ... medt_0.jpg Девојки да не знаете каде можам да најдам ваков парфем? По парфимериите дали има? КОлку пари е од прилика?
Nina - Nina Ricci Започнува свежо и сочно, дури ме потсетува на Лаит блу во почетокот. Па постепено се претвара во зашекерено зелено кисело јаболко и се е супер се додека не распали некоја ненормално убиствено напорна нота, претпоставувам или божурот или мошусот. Ама буквално ја уништува целата убавина и магија на мирисот, наеднаш од мирис на чисто и свежо, сочен, слаткаст, младалашки и разигран, станува тужно теткаст мирис со големи шанси за главоболка. И завршетокот му е речиси неприметен, наеднаш се стишува мирисот и скроз згаснува. Кога ќе го прснам на облека го осеќам целиот раскош на мирисот од почеток до крај како се развива ама за жал на мојата кожа не е така, ја покажува сета мрачност. Ни ј од јаболко не мирисам на мене, само линон и тоа убиствено грдата нота ко за инат само тоа се осеќа.
Колку добро го опиша парфемов,јас одвај го потрошив.Често ми создаваше главоболка.Исто и кај мене беше
Овој е мојот омилен парфем и едноставно го обожувам , не е многу скап а и јас за 1 - 2 недели го трошам па лесно можам и да го најдам да го купам .