На официјалната нивна страна нема ама по нетов може да се најде кој чија копија е, и овдека во темата за La Rive има ставено список.
Многу ми се допаѓа парфемов, но сеуште не сум имала можност да го поседувам, па некоја добра копија ако има би било убаво да ми кажете
^Најдобар избор верувај нема да згрешиш. Јас го користам овој Crystalline и Amethyste повремено ги менувам само овие два, навикната сум и не сакам да експариментирам. Несакам тешки и зимни парфеми овие два ми се некако совршени.
Што мислите за линијата на парфеми Elode ги има повеќе ...убаво ли мирисаат ,трајни се или...ги забележав по продавниците ама не ги мириснав а гледам и мн ефтини се па незнам што да мислам за нив...некој што ги има користено да сподели искуство може?
D&G light blue во која парфимерија е најефтин? знам дека во schatzee e поскап од cosmo,ако има некој инфо колку е во космо или еликсир,нека сподели (100мл или 50)
Да и мене ми е омилен ама жалосно е колку малку трае на мојава кожа...го земав преку 6 илјади денари а ветрее страшно брзо ....се нервирам ...ќе идам сега на точење да го барам два пати го купувам немам веќе пари ми се троши за месец дена....
Bright Crystal - Versace Bright Crystal... името доста зборува за овој парфем зошто иницира на нешто свежо, кристално и чисто. Прв збор што ми текнува што го опишува овој мирис е нежност, ако light blue е најсвежиот мирис ова е дефинитивно најжениот. Фин, умерен, одмерен, дамски, парфемот е ненападен, а присутен. Доминира мирис на цвеќе и вода, додуша иако има јузу и нар јас не ги осеќам па затоа мене ми е цветно воден мирис. Ми мирса на ружа и тоа најубавиот мирис на ружа што сум го мириснала, а во составот воопшто нема ружа, веројатно мешавината на лотус и магнолија и мојата кожа го прават тој роза мирис. Има во составот и водена нота која се осеќа и дава чуство на ладникавост и свежина. Целокупнит мирис би го опишала како рози после дожт. Нема некој посебен развој, ист е мириот цело време. Ништо претерано не се истакнува туку се е во хармонија. Магијата е во таа едноставност, чист и ненаметлив, мек, нежен и полетен. Во вас ја буди најнежната страна на женственоста, не би го опишала како секси пошто не е туку секси на некој лежерен начин. Не е неприметен туку доста солидно трае. Идеален е за пролет/лето, особено за лето спас е за врели денови зошто предизвикува чуство на ладникавост. Има некоја позитивна енергија. Светло розевата боја совршено го опишува. Станува збор за многу добро смучкан мирис. Како магепсана стално ме тера да го шприцнам, да го њушкам, да му се восхитувам...како да е правен по мои инструкции. Кога го носам како да дишам чист воздух. Се осеќам убаво, чисто и нежно, како да е мој природен мирис, станува едно со мојата кожа...вака треба да мириса жена. Иако во принцип од секогаш сум била против цветните парфеми, она од што цел живот бегав сега обожавам вакви парфеми, ете ептен ми се допадна, неверојатно е како овој парфем ме "купи". Ова сум јас, дел од мене, уште повеќе го сакам пошто не ме сруши на прва, туку после неколку пати. Одличен парфем за сите оние кои сакаат ненаметливи и нежни мириси, за оние кои сакаат да мирисаат на чисто. Шишето е прекрасно, дизајнот совршено одговара на мирисот, името апсолутно го опишува. Совршенство, го обожавам! Браво Версаче!
hristinnnna цената е околу 2600 за 30ml., не ми текнува баш прецизно точно колку беше, достапен е во 30, 50 и 90 ml.
мојот нов ефтин парфем купен на распродажба баш си ги сакам парфемчињата на Gres за секојдневна употреба, се обожавам себе си кога ке си најдам ефтим парфем кој мириса убаво и трае долго
Мила, еден совет искрен од мене, не си троси залудно пари за парфемите на Зара, оти се чист алкохол, воопсто не траат!!! инаку убаво мирисаат, поздрав