Овој го користам моментално и можам слободно да кажам дека е преубав (барем на мојата кожа мириса прекрасно) и е доста долготраен.
Salvatore Ferragamo Signorina (многу убаво, нежно, баш розев свет) Givenchy Dhalia Noir (елегантно, секси)
Луѓе,ај предложете ми некој парфем да не е благ значи,туку да има јаки мирисни ноти(како Еуфоријата на Калвин Клејн),пошто таа више ми здосади.
Значи не е неκоја маρκа и не е сκап мене лично ме бендиса и си го κупив а и тρаен е!Името му е на место
Ве молам препорачајте ми некој парфем до кај 1500 денари, што може да се најде во Космо, Еликсир итн... И ценава да биде за 30-50 мл, значи да не е 15-20.. Некој понежен мирис за пролет/лето. Ми треба за подарок, ама немам претстава од кај да почнам, кој има време молам да ми направи мала селекција (3-4 парфеми) па да отидам да ги мириснам. Благодарам многу!!!
На Бенетон имаш за таа цела мислам дека 50мл, мене овој ми се допаѓа многу: Баш е летен, малку сладуњав ама дефинитивно потсеќа на лето на свежина и чистота, мислам дека има ванила и затоа е малку ама многу малку сладок и цената му е 1200 денари во Космо. Многу е подобар од Шакира, Бандерас Бијонсе и останатите. Друго не ми текнува што да ти препорачам. За 1500 денари можеш да најдеш и цели сетови со парфем, млеко за тело или дезодоранс зависи како ги комбинираат.
Кажи ми уште само дали во сите продавници имаат цели колекции и ист асортиман или сепак најснабдено е она големото Космо во Зебра? Фала многу!
Јас секогаш од таму пазарам Космо Зебра и таму ги имам забележано, другиве парфимерии послабо ги посетувам ама сигурно ги има и во Еликсир (бившо Јуник) и ДМ, пак би ти препорачала во Космо поради цените, најефтини ми се во споредба со другиве.
И јас ќе ти ги препорачав од Бенетон, имаат ок долготрајност и доста голем избор на посвежи летни парфеми. Во Космо Зебра сигурно ги има и најубаво е таму да одиш затоа што има најголем избор. Исто ги имам гледано во Космо кај Градски ѕид и во Шатци во Сити мол. Споредба на цени не би знаела да направам сега, ама тука некаде се цените, можеби во Космо се за нијанса поевтини. Има и под 1000 денари, ама поскапи од 1400 не се. Како и да е оди види си, можно е и да има некоја акција или комплет.
На мака сум пред две, три години тетка ми користеше еден парфем во округлесто шишенце и беше виолетово. Баш како топче беше. Има и дезодоранс таков ама никако не ми текнува на името. Во сеќавање ми остана како совршен мирис ама ете никако не можам да се сетам на името, а ни таа. Ако ви текне некој таков парфем би ве замолила за сликичка.
Некој др. детал да не паметиш случајно? Дали имало букви и со кој дизајн? Попознат е парфемот или не ти текнува?
Проѕирно виолетово беше шишенцето, а буквите беа како тој Диско што е постиран. Капачето е 1/3 од топчето (ама глуп детал )Не ми текнува дали е некој познат или не. Еднаш ко да го видов на страната на Космо ама сега сите слики ги свртев и не го најдов
Не се секирај, ќе го најдеме. Некој од овие? Спојлер Вториот за да го видиш целосно, иди лев клик-Open image in new tab)
Овој е најсличен, само што капачето не беше такво. Може име? Извинете ве изнамачив сите, ви благодарам многу.