^ Овој е Black Light, го има по парфимериите. Јас дома го имам, мислам дека во колекција го добив со млеко или дезодоранс, ако не се лажам.
Првиот е со некоја пудреста нежна нота со примеси на цитрус и ванила и мене ми е одличен за во лето. Вториот велече повеќе накај цветните ноти, ама исто мене ми е супер и со цена и со трајност.
Зависи каков сакаш, да биде цветно, слатко, благо или нешто свежо, полесно Пр. Donna Karan- Be Delicious (лесен, многу пријатен, свеж, малку во овошен ритам, шармантен)
^Дона Каран се над 3000, а за 30мл би платила околу 2000! До 1000ка имаш на Бенетон, неколку мислења или страни назад можеш да видиш имам подетално напишано.
Девојки ми го препорачаа парфемот на Jimmy Choo-Flash ама не сум прошетала по парфимерии да го мириснам. Ке може ли да ми кажете каков мирис е, кои ноти ги има. дали е траен? И цена ако знае некој
Мене искрено не ми се допага, не ми е впечатлив , така да нисто посебно! Сега секој има различен вкус, најдобро сама отиди намирисај се, па ќе видис каков е! инаку не е многу скап!
Благ и тежок, дефинитивно не е за во лето, повеќе е за зима според мене, сепак зависи од вкусот. А бидејќи е толку јак би требало и да е траен.
Девојки Ве молам искуство пишете дали го имате користено парфеов сакам да си го купам од Космо за летен период да го користам. Како сте задоволни, дали е за во лето или пак е тежок парфем? И дали е вистина викаат во Еликсир биле за нијанса нешто поефтини парфемите од Космо. Anyone?
Веќе не толку новиот парфем на Michael Kors - Sexy Amber ми е фаворит за сезонава. Првите ноти се доста силни (но ова е ептен краткотрајно) и може да одвратат некого, ама мене ме за интригира како се развива понатаму парфемов и му дадов шанса - нежен, топол амбер, кој се трансформира во пудреста аура со акцент на сандалово дрво. Едноставен, секојдневен парфем...ме потсеќа на Аllure помалку, ама е многу понежен и полесен за носење. Има уште два од оваа линија - Sporty citrus и Glam Jasmine (иако по дефиниција сакам јасмин, а и при тестирањето овој од прва ме воодушеви, "хемијата" некако не ни се поклопи).
https://www.google.com/search?q=Romanti ... B800%3B378 Конкретно од првиот сум зафоволна. Подарок ми е од другарките за роденден како колекција и до него има дезедоранс. Пред тоа го гледав подолго време во Тинекс ама не ми се купуваше оти не верував дека е нешто посебно. Ама од ко го пробав преубав и што е најважно траен мирис. За 190 денари навистина прекрасно нешто. Го препорачувам.
nikogas nemojte da gi triete racete edna od druga koga stavete parfem (za dezodorans neznam) bidejki mirosot nema da bide tolku svez vo tekot na denot
Chloe - Chloe edp Спојлер Клои или ќе ја обожавате и ќе сакате да се бањате со неа или тотално ќе ја мразите, едноставно нема тука средина. Мириса на чисто и свежо не сум сретнала до сега мирис што буквално го доловил мирисот на свежо испрани алишта, на омекнувач, на некој скап сапун и на кожа после туширање. Мириса на чисто ама на скап начин, мириса на убава негувана жена од глава до пети. Убав, свеж и сочен мирис, се чуствуваш дамски на некој начин помалку романтичен. Чистота, невиност и непоквареност, а од друга страна зрелост, младост, ведрина и доза на дрскост. Свеж, а постојан, многу уникатен, мази и грее. Ми го крева расположението, а и самодовербата, се осеќам отмено но не на сериозен начин туку онака шик. Префинетост, отменост , елеганција, веселост и разиграност на едно место во многу убаво смислен цветен букет. Има нешто во таа комбинација на ружа и џурџевак. Совршен мирис и за ден и за ноќ, за преку цела година. Парфем кој те прати и се прилагодува на сите услови. Има нешто ретро во него и нешто класично нешто што никогаш неиспаѓа од мода и најважно не личи на ниеден друг парфем. Свеж но не и нежен, чист но не и невин. Посебен е, необичен, пудераст, носив, модеран, фрцкаст, интригантен. Специфичен мирис е, Клои би го во препознала и во сон. Многу квалитетен марфем, многу препознатлив, фантастична аура и трајност. На кожа трае сосем пристојно ама на облека растура. Не треба да се избањето доволно е сосем малку. Клои е елегантна дама, ваша верна сопатничка во добро и лошо, питома и нежна, а сепак јака и боцкава, сензуална, одлучна и ментално зрела млада жена. Не е секси бар јас не ја доживувам така и тоа и е единствена мана. Клои е вистинска жена, а во длабочината на нашите битија сите ние сме една Клои. Она е грација, а нејзината убавина е во нејзината едноставнот. Клои за мене има посебно значење, имам чуство како да се знаеме од порано, како да сме поврзани од порано како нашата врска да е длабока и трајна иако е прилично нова. Ме потсетува на преубав спомен од моето детство, незнам колку од вас ја памтат малата индиска продавничка во трговскиот БИСЕР, тоа беше продавничка на која се восхитував беше толку многу поразлична од сите останити, за мене беше магична како еден сосем друг волшебен свет сместен во тоа гз местенце. Секогаш поминував по ходникот кај што беше продавничката и кришум се восхитував на слочнињата и другите светкави сувенири, ги впивав опјните мириси од индиските масла и миризливи стапчиња и очајно посакував да имам бар една ситница од тоа волшебство. Еден ден се испони мојата желба кога сосем неочекувано со татко ми влеговме во продавничката веројатно човекот ја забележал мојата воодушевеност и ми ги купи моите први миризливи стапчиња...бев најсреќното човече на свет и да тие стапчиња ги трошев многу скржаво само за најпосебни моменти. За жал таа продавничка од многу одамна веќе ја нема, а мене ми остана како преубав спомен. Е баш како таа продавничка ми мириса Клои. Ако треба со еден збор да го опишам овој мирис тоа би било Индија при тоа не мислам на индиските улици кои веројатно мирисаат на разни зачини туку Клои мириса на индиски дом, цел со цвеќиња, миризливи свеќи и стапчиња, а внатре во него преубава индиjска жена негувана од глава до пети си става масло на косата. Во мојата глава вака мирисаат негуваните и прекрасни индијки. И да Можеби е чудно и лудо но во Клои како да ги мирисам мајка ми и баба ми (двете покојни) како да ги осеќам, ме галат и ми викаат еј малечка тука сме се ќе биде во ред.