Ми треба малку подобар познавач на парфеми Јас барам еден парфем (еднаш и јас нешто да не можам да најдам ). Само мирисот и дизајнот на шишенцето ми се во меморија, а името не. Навидум мало шишенце со карактеристично капаче, нешто како прстен слично на Тед Лапиду парфемот, но тоа беше пластично и долу како со три круга, а шишенцето надолу прозирно, некако некоја нежна розева бисерна боја ми останала во сеќавање, а инаку беше нежен парфемот. Спојлер Секогаш го ставав во пар со Рома парфемот
Има нов парфем на Givenchy, деновиве е пустен во продазба и преубав е, само немозам да најдам слика да закачам
Еден од парфемите што не би знаела да кажам на што ме потсеќа, но еднаш ако го мириснам, уште 5 пати се враќам Слатко и зачинето.
Versace Vanitas-преубаво, нежно, слатко, ах од толку што ми убаво мириса не можам ни да го доловам Можам да го сместам со Ели Саб во секојдневието. Calvin Klein IN2U- баш летен, кул, некако измешано, малку некоја нота на машки парфем, но во женствена варијанта. Azzaro Now- малку по специфичен парфем, појак, но не во смисла тежок, туку така спецка со мирисот Енергично женствен. Fragonard Belle de Nuit- мириса свежо, така отмено и женствено, со тонови на цветно, ме потсеќа J'adore Dior, The one и на некој од Живанши.
Топло ви го препорачувам овој: преубаво мириса,долготраен е и да уште еден во мојата колекција фанатик
Mене диор парфемите ми се доста јаки, овој е онака неколку нијанси понежен, ама сепак јак Oсобено дезедорансот ми е некако појак од самиот парфем
Only Givenchy: Нешто предобро! Супер нежен парфем, свежо цветно, освежувачки, многу убаво! Wish Chopard: Како човек да не се чувствува посебно кога се прсне од него? Точно сите ноти се осеќаат поединечно, и ванилата, и карамелата, слатките пудрести тонови, и заедно измешано, навистина извонредно! Елегантно женствено
Никогаш не ми било толку мука за некој парфем коа ќе ми се потроши, као што ми е за овој, и едвај чекам да присоберам некој денар и да си го земам пак. Најискрено, депре муд ми се активира коа ќе ми замириса на него. Шмрц!!!
Девојки, ве молам за помош работата е сериозна! Се заљубив во парфемов на Naomi Campbell ама мислам дека е малце постар и не можам ама баш нигде да го најдам во Скопјево... Ве молам ако некоја од вас знае каде би можело да го има да ми каже
Victoria's Secret Love Spell дефинитивно! Има таков неодолив мирис што ти доаѓа да го изедиш... Мириса на овошја,онака нежно и свежо! Daisy by Marc Jacobs оооф ии тој е совршен....
Го мириснав денес најновиот на Burberry - My Burberry...прекрасен е. Женствен, сензуален... али некако ми е ко за постари...не стари како баби...можеби 30+ ? Тоа ме враќа некако.. па барам мислења... Или доколку знаете да ми препорачате некој убав есенски парфем, да мириса на дожд, облачно време, наводенети растенија... (штотоку го опишав Burberry-то, му го читав составот ) али ете...некој таков..
Зависник од Версаче...И двете варијанти се врв Моментално го користам подарок ми е ... Го навикнав, најпрво ми беше чуден сега и се чустувувам секси кога ке го ставам