Девојки, дали знаете каде во Скопје може да се наjде Burberry Body и колку му се движи цената низ парфимериите?
Го има баш во сите парфимерии, мислам дека во Космо е најниска цената, 30 милилитри беа околу 2700 денари. Можеби нешто се сменило во меѓувреме иако не верувам, јас го купив по таа цена пред повеќе од половина година. Без разлика, за парфемот немам доволно пофални зборови за да опишам колку е совршен, мислам дека е оној вистинскиот кој во целост ме опишува и секогаш се трудам да си го имам на залиха.
Феминки Ве молам за совет. Сакам да си купам некој парфем но не многу скап, еве до 1000 денари. Па сакам да ми дадете некој совет за марка. Инаку да нагласам дека мразам мн цветни мириси. Инаку дали некој котистела некој од Наоми Кембел, сакам да ги пробам? Одговорете ми.
Од Наоми Кембл за таа цена ќе добиеш 35мл парфем, подобро земи си Бенетон. Поголема милитража се, 100мл за 1100-1200 предобри се. Јас ти го препорачувам овој, мене ми е омилен од Бенетон и доста е траен. Имаш добри и од Авон и Орифлејм за таа цена и од 50мл и од 100мл, за Наоми не ти се исплати. Ако не се лажам околу 900 денари е тој од 30 или 35 мл, а другите поголемите се над 1500 до 2500. Нека ме поправи некој ако грешам така ми останале во памет. Видов на фан страната на Космо дека имаат 50% попуст на Џон Галијано па може ќе најдеш нешто до кај 1000 денари. Мене ми се доста јаки и слатки тие парфеми, многу се трајни ама баш на слатко од дуњи ми мириса еден што го имам.
Еден од поомилените ми е. Презадоволна сум, има свежа но впечатлива миризба. Мене ми трае многу долго, цел ден па и по туширање мирисам.
Истиот ваков само розов е најубав, а светло зелениот е поубав од овој, сепак мислам дека не се бас за зима!!! инаку одлични се! да сум на твое место за предстојниот период би избрала несто друго!
Препорачајте ми некој добар зимски женски парфем. Ми треба за роденден. Малку да е појака нота, да не е ептен јака значи.
Инспираран од култниот мантил на Барбери, а мириса на Лондон после дожд. Така му стои во описот, јас не останав рамнодушна иако Барбери ми се омилени како парфемска куќа, не верувам дека некој ќе остане рамнодушен. Сите имаат различни ноти, некои послатки, некои по нежни но сепак се трајни и впечатливи. Мирисно некој од овие верувам дека некој ќе ти остави впечаток и ќе се одлучиш. Цените на 100мл им се повеќе од 4000 денари, а 30мл околу 2500-2800.
Низ времепловот на мојот живот ги имам користено Moments - Priscilla Presley Joop - Joop Sotto Voce - Laura Biagiotti Tresor - Lancome Gloria Vanderbilt - Gloria Vanderbilt И последно Chanel N°5 - Gabrielle Chanel